1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Logitech G 502 ili Razer Deathadder?

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Bilbiloski, 12 Април 2015.

  1. Bilbiloski

    Bilbiloski
    Intern

    23
    3
    12 Април 2015
    Машко
    Здраво дечки, нов сум на форумот, маката ме натера да го најдам :) Инаку долго време барам Logitech G502 и имаше во Нико Компјутери но како за баксуз кога јас отидов веќе биле сите распродадени. Тоа беше во декември, па тие таму ми рекоа дека во почеток на февруари ке им стигнела нова роба, но до ден денес нема ни Н од новата роба. Нејсе, си реков ке отидам до Благоевград (таму ме носеше патот) таму да си купам од technomarket но и таму го немаа ( го имале во Софија) ехеее си викам ништо батали, и покрај големата желба за 502-ката сепак се мислам дали да земам Deathadder (обичниот не chroma) и покрај тоа што сега е тешко да се најде, или па да си почекам да излезат новите модели за 2 3 месеци. Дадете совет слободно! :)
     
  2. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,214
    3,572
    26 oктомври 2012
    Машко
    Има некој проблем со увозот на лоџитек. Веќе извесен период не се увезува речиси ништо од лоџитек.. што е работава со нив... незнам..
    Што и да земеш од следново нема да згрешиш :) Ова се мауси со супериорен оптички сензор, од 2014 година.
    Oд нив кај нас може да најдеш Razer Deathadder,Razer Abyssus, Cm Spawn, Cm Alcor и Steelseries Rival.
    Анхоч знам ми имаат кажано дека се што имаат пишано кај нив на вебсајтот може да се порача доколку се остави околу 30% капар, и за околу 2 недели стига. Па можеш да пробаш и така. :)
    - Microsoft WMO 1.1
    - Microsoft IMO 1.1
    - Microsoft IME 3.0
    - Zowie FK
    - Zowie AM
    - Zowie FK1
    - Zowie EC1 CL
    - Zowie EC1 eVo
    - Zowie EC2 CL
    - Zowie EC2 eVo
    - Razer Deathadder 3G
    - Razer Deathadder 3.5G
    - Razer Deathadder 2013
    - Razer Abyssus
    - Logitech G400
    - Logitech G400s
    - Logitech G502
    - Steelseries Kana V2
    - Steelseries Rival
    - Mionix Avoir 7000
    - Cooler Master Storm Spawn
    - Cooler master Storm Alcor
    - Roccat Savu
    - Roccat Kone Pure Optical
    - Roccat Kone Pure Military
    - Mad Catz R.A.T. 3
    - Corsair M45
     
    На Bilbiloski му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bilbiloski

    Bilbiloski
    Intern

    23
    3
    12 Април 2015
    Машко
    Искрено, скептичен сум со анхош бидејќи кога го барав Logitech Г502, отидов прво кај нив, па од ГТЦ ме препратија во дирекција што е на Водњанска пошо таму се правела порачка. Јас фино лепо од тука директива отидов таму, и и кажав на вработената што сакам, таа ми рече дека доколку маусот го имале на залиха од кај што ги набавувале нема да биде проблем(ама некако така не ми делуваше, повеќе беше на муабетот не се замараат со по еден глушец или два, пошо се голема компанија) и така и испадна, поминаа 2 3 дена, и пишав не ми врати на маил пошо ми рече дека ќе ми кажела за ден два, па и пишав пак за недела и нешто и ми вика дека го немале. Јас неможам да сфатам како го зедоа Г602-ката кога е многу побезвезе маус, овај си е баш по универзален и по префинет за поголем број на клиентела ама ете нивни избор. Ако е за 30% капар, уште утре одам и им носам пари само да ми го нарачаат, еве некој нека ме побие и нека рече да на мене ми нарачаа. Радо ке ми го направи кејфот и ке си одам кај нив по втор пат. :) Фала ти мноогу !!!!! Делувам скептично, али тоа сум го искусил за жал :(
     
  4. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,214
    3,572
    26 oктомври 2012
    Машко
    Зошто си се мачел да одиш до таму ?
    Јас фино лепо им пишав емаил, другиот ден добив одговор дека можам да нарачам од тоа што го има на веб страната, и дека за 10 дена ќе ми пристигне нарачката, и дека морам 30% капар да оставам, и воедно ме известиja дека на истиот продукт имало 20% поскапување. Мене не ми одговараше баш поскапувањето и се откажав, али да сакав, 100% ќе испаднеше како што треба :)
    Чим ти кажале дека тој модел неможе да го нарачаат.... значи ништо од бизнисот.
    Сеуште имаш други солидни гејмерски мауси. Е сега не се подобри од тој што го сакаш со функционалности, али си се сосема океј :)
    За парите мислам дека Cooler Master Alcor е топ избор. Одлична цена ( 1900денари), и одлични перфоманси.Би го одбрал него пред Deathadder, аnyday, anytime. Двојно е поефтин, а имаат сензор со горе доле ист квалитет, без tracking & аcceleration ( нешто од исклучителна важност во Fps Multiplayer игри ). Да го имаше на лагер пред 10тина месеци, ќе го купев и јас.
    Уствари Deathadder не ни го има, освен ако го нарачаш преку Анхоч :D
     
    На Bilbiloski му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bilbiloski

    Bilbiloski
    Intern

    23
    3
    12 Април 2015
    Машко
    Во право си потполно, али и се мислам да би зел и преку нет, баш сакав да разгледам по форумов за такво искуство. :) :) Океј е ќе го купиш, ќе го користиш и се нај нај и е убаво розево, се додека нешто се расипе, мислам на маусиве ако е под гаранција а се расипе ќе биде проблем да го вратиш или пратиш од таму кај што си го зел. :)
     
  6. gokica

    gokica
    Модератор

    8,396
    10,203
    13 Јуни 2009
    Се извинувам за офтопик. Јас сум љубител на оптички зашто со ласер ракава не ми е навикната и прескокнувам фрејмови.

    Од A4tech Bloody V7M сум воодушевен. Разлика од X7 ден и ноќ.

    Сум со ниет да купам уште еден и баш ја загледав темава. Дали има некој кој го користел Bloody (со метални подлошки) и некој друг маус од овие извиканиве па да ми каже разлика. Инаку како што читам по нет (американците генерално немаат A4tech па затоа и нема многу да се прочита) bloody е рамо до рамо со поизвиканите.
     
    На Bilbiloski и Koen им се допаѓа ова.
  7. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,214
    3,572
    26 oктомври 2012
    Машко
    Така си е, кај нас ќе ти искочат колку толку во пресрет, бидејќи не поправаат мауси, туку ти го заменуваат со нов. :) Јас имав горе доле едноставен проблем со кабелот пред една година, и го однесов на сервис, ми кажаа ќе ми најдат нов, али немаше веќе на лагер таков и после месец дена ми ги вратија парите и си купив друг маус од друга продавница и тоа е тоа :)
    Иначе ако ептен си вљубен во г502, може и би вредел ризикот. Искрено маусот е ептен убав, и ептен ми падна и мене во очи. Ама тапа сме ние тука, имаме мал избор, а и од тоа што го носат не обновуваат лагер... Јас кога го купив Logitech g400s пред едно 10 месеци, во Анхоч имаше само два на лагер со се мојот. Од тогаш, па до денес, маусот го нема лагер...
     
    На Bilbiloski му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bilbiloski

    Bilbiloski
    Intern

    23
    3
    12 Април 2015
    Машко
    Тоа е брат, да бараме спас од странство овде е многу тапа. Па сега колку му е пишано на маусот да трае толку , :D
     
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,708
    2,001
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Споредбава на blody во однос на кој X7 е направена?
     
  10. gokica

    gokica
    Модератор

    8,396
    10,203
    13 Јуни 2009
    738K.

    Истото можам да го кажам споредено со F4.

    Bloody е од повеќе аспекти значајно подобрување. Сите по дома го забележаа тоа веднаш. Немам време за игри но во Plants vs Zombies GW сум поуспешен гејмер. :) Зголемена е прецизноста иако и претходнициве се одлични и ми овозможија да бидам со најмногу погодоци во многу рунди.

    Сакав да направам анализа и споредна ама со оглед на тоа дека на форумов има многу поскапи играчки од страна на периферија мислев дека нема да биде интересно.
     
    На bokiscout му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,845
    3,930
    5 Јули 2013
    +1 за CM Alcor. На официјалната цена најчесто има и попуст.
     
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Can4sta

    Can4sta
    Баниран/a

    312
    337
    19 Јануари 2008
    Јас го имам A4tech Bloody V7 и досега покажува добри резултати.

    Единствено што ме нервира кога прват ја инсталирав нивната апликација Bloody5 беше тоа опцијата која бараше да платам 14$, за UltraCore3 или така нешто се викаше тоа опцијата.

    Инаку има и кракнати верзии, али не ми се ризикува.

    Досега е пробан на CS:GO, Battlefied 3, 4 и Crysis 3, и само пофални работи можам да кажам.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,070
    3,402
    7 ноември 2014
    Машко
    http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1572721

    Без замарање, ѕирни го и ако ти фаќа око, зимај. Логитеч немаат проблем со издржливост, така да би требало да ти заврши работа!
     
    На Војвода и Bilbiloski им се допаѓа ова.
  14. Bilbiloski

    Bilbiloski
    Intern

    23
    3
    12 Април 2015
    Машко
    blagodaram bratce!! golemo plus od mene imas!!!! :) :) :)
     
    Последна промена: 13 Април 2015
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bilbiloski

    Bilbiloski
    Intern

    23
    3
    12 Април 2015
    Машко
    што би ми препорачале да оди нарачкава преку карго? или некоја друга фирма? од која сте вие задоволни, пошо на карго читав дека се доплаќа 100 денари за пола саат да имаш време да ја провериш робата, само никаде не сретнав дека можеш да ја вратиш, валда се подразбира на тоа (иако со правниве работи нема трте мрте) :) да би ми го пратил по карго за колку време ќе стигне? некој спомна дека за 1 ден стигале :)
     
  16. damil

    damil
    On your way to fame

    635
    543
    2 Јануари 2015
    Машко
    На Banjifiko и Bilbiloski им се допаѓа ова.
  17. sostius

    sostius
    On your way to fame

    181
    527
    16 Јануари 2017
    Машко
    Фотограф
    +1 за G502
     
    На AleksandarCaki му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...