1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Linux на екстерен диск

Дискусија во форумот 'GNU/Linux' започната од fuzzjaw, 4 oктомври 2018.

  1. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    910
    1,374
    13 Јануари 2014
    Машко
    Никогаш не сум користел Linux, па ме фати мерак да пробам. Имам екстерен 850 Pro 128GB, во кутија со USB 3.0 кој би требало да е доволно брз.

    Она што би сакал е да инсталирам Linux на него, без никакви траги на лаптопов. Значи кога не е поврзан екстерниот, да нема ни GRUB ни ништо. Кога ќе го поврзам, да добијам избор меѓу Linux и Windows.

    Дали е можно, и како би го извел тоа? Предложете солуција ако има.

    ПС., ако помага, се мислам меѓу Mint и Elementary.
     
    На Banjifiko му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Roncic

    Roncic
    Гостин

    Јас пробував виндовс на ист принцип , ама не успеав да најдам начин.
     
  3. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,829
    6,402
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Можно е. Закачи го екстерниот и фурај, исто како да инсталираш локално.

    Само на крај кога ќе те праша каде да инсталира GRUB одбери го MBR/UEFI на екстерниот диск, не на /dev/sda1 кој би требало да ти е интерниот.

    После за бутирање бутираш од екстерен како од усб.
     
    The-spiki, SmartGuru и на fuzzjaw им се допаѓа ова.
  4. SmartGuru

    SmartGuru
    Gaining Experience

    317
    278
    27 Јануари 2013
    Машко
    Junior Ruby on Rails Developer
    Можеш да го извадиш внатрешниот диск пред инсталација на линукс иако тоа може да биде комплициран потфат бидејќи станува збор за лаптоп па не би те советувал, посебно ако локацијата на дискот не е лесно пристапна.
    А можеш и Live верзија да пробаш па да видиш дали е твој фах.
     
  5. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    910
    1,374
    13 Јануари 2014
    Машко
    Ова би требало да е решението кое ми треба. Ќе пробам денес утре па ќе видиме дали функционира. Фала ти.


    Не можам да го вадам внатрешниот диск бидејќи е лаптоп купен во февруари и е релативно скап, не би да ја изгубам гаранцијата. А Live верзија не ми врши работа, ќе треба да инсталирам работи на него, некако нестабилно ми е ако е Live.
     
  6. SmartGuru

    SmartGuru
    Gaining Experience

    317
    278
    27 Јануари 2013
    Машко
    Junior Ruby on Rails Developer
    Е па тогаш решението на @ARMac е најоптимално и изводливо.
     
  7. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    542
    521
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    најди нешто со KDE :rolleyes:

    убаво те посочиле како да наместиш. Со тоа што на boot order може ќе треба да интервенираш кога ќе сакаш да палиш линуксот (јес да може тоа да ти е прв на листа, пошто вон тоа нема да имаш усб уштекано)
     
  8. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    561
    215
    28 ноември 2015
    Машко
    Па ти можеш да инсталираш Линукс на надворешен диск, само ќе треба да го уштекаш дискот и да го бутираш компјутерот од дискот. Значи од BIOS или UEFI

    Кога ќе пуштиш да се инсталира, избери на твојот надворешен диск да се инсталира Линуксот.
     
    Последна промена: 4 oктомври 2018
  9. rimidalv

    rimidalv
    Intern

    8
    12
    4 Февруари 2012
    Машко
    дуал бут со њшитдос

    windows агресивно брише бутлоадери, па ако сакаш дуалбут со линукс на ист хдд најдобро ти е неговиот бутлоадер да го користиш (тој на windows)
    EasyBCD

    у принцип две опции имаш
    1. windows BCD со ентри на екстерен хдд кон груб на тој екстерен хдд
    2. да бутираш на ПОСТ директива кон груб на екстерниот хдд

    упс, некропостам
     
  10. The-spiki

    The-spiki
    Gaining Experience

    62
    63
    26 Април 2008
    Машко
    System Administrator
    Не си виновен само за некропост, туку утна најглавното од ОП.
    Абе брат, за никаде си :)

    > Значи кога не е поврзан екстерниот, да нема ни GRUB ни ништо. Кога ќе го поврзам, да добијам избор меѓу Linux и Windows.

    Дечко погоре му предложи најдобро решение. Можеби појасно е вака
    Лаптоп во БИОС го мести boot preference / boot order на: USB, internal disk
    А по инсталација на Linux, grub (или lilo) инсталира на тој external disc.
    На тој диск што е во лаптоп ништо не праи, не треба да мести Windows bootloader

    Кога нема приклучен надворешен диск веднаш му се стартува Windows.
    Кога е приклучен надворешниот диск, тогаш доаѓа до grub и има избор за Linux или Windows.

    (А можело да се намести и да не го прашува, туку во случај кога е приклучен надворешен диск да старта веднаш Linux без прашање / избор, но ОП се изјасни за тоа)
     
    Последна промена: 26 Февруари 2019
    На ARMac му/ѝ се допаѓа ова.
  11. rimidalv

    rimidalv
    Intern

    8
    12
    4 Февруари 2012
    Машко
    3 саат сабајле, премногу linux и на крај некропост плус утка :blush:
    :D
    чисто онака уз муабет, на некои машини кога ќе наместиш приоритет на одреден усб диск, му се губи приоритетот при негово исклучување, зависи колку шит биос имаш

    ту мач е да стискаш F8, F9, F11, F12, Delete или Escape за да одбереш бут ентри :)
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...