• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Linux Книга...

  • Ја почнал/а темата
  • #1

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
Кога ќе завршам со сите обврски и проекти, планирам да започнам со пишување книга за Linux. Би сакал да ме поддржите. Инаку книгата ќе биде во две верзии (англиски и македонски јазик). Ќе започнам прво на македонски јазик. Книгата ќе биде наменета за Почетници во Линукс и ќе има многу корисни работи, за кои овде често се поставуваат прашања.
Пр.
Како се инсталира Линукс
Како се Мести Македонска Поддршка во Линукс
...
Би сакал и некој предлози за име да ми дајте.
 
goodboy

Intern
12 јануари 2008
849
21
Моја препорака е да направиш само на македонски јазик бидејки на англиски има колку сакаш .
Во секој случај те подржувам и сакам да биде изработена таа книга во побрзо време :)

:bravo:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
Ќе биде изработена, кога ќе завршам со сите други обврски и проекти. Од нова година можеби би почнал...
Само кажете ми некој предлог за име...
Фала однапред,
 
Maki

Intern
29 февруари 2008
135
3
А колку и какво ти е искуството со користење на Gnu/Linux ?
Да напишеш книга е едно, а да напишеш издржана книга е друго :)
Ај со среќа, и малце по длабоко навлези, бидејќи книга што се фокусира на GUI брзо ќе застари, нешто по генерално ќе биде подобро
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
А колку и какво ти е искуството со користење на Gnu/Linux ?
Да напишеш книга е едно, а да напишеш издржана книга е друго :)
Ај со среќа, и малце по длабоко навлези, бидејќи книга што се фокусира на GUI брзо ќе застари, нешто по генерално ќе биде подобро
По генерално ќе биде, само... Да завршам со двата проекти на кој веќе работам, и ќе се обидам да почнам со овај.
 
pudge

Intern
28 ноември 2007
128
1
patekata pomegu zelbata i znaenjeto ti e premnogu dolga, otprilika negde okolu 2 milijardi svetlosni godini.

ti preporacuvam prvin da ja namalis za da mozes da si ja ostvaris zelbata :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
Сакам официјално да ве известам дека започнав со книгата. Значи сега правам план за Глави и Под-глави и што ќе се опишува во неа. Секој кој што сака да помогне е добредојден. Еве можете да видете како напредувам со почетоците на оваа книга, а воедно и да ми помогните:
http://www.webook.com/project/Start-with-Linuxing
Значи се одлучив прво да излезе Англиска Верзија, па подоцна ќе има и Македонска.
Па повелете, помогнете ми и давајте идеи.
Ми треба и некој кој што ќе ми помогне во изработка на корици.
Благодарам. :)
 
Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Насловот е обемен и се разбира лошо дефиниран. Најди област за која ќе пишуваш... Ако е за почетници за почетници е ... сигурно нема некој почетник да сака да чита за кернел параметри и системски повикувања или штотизнам системско.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
Насловот е обемен и се разбира лошо дефиниран. Најди област за која ќе пишуваш... Ако е за почетници за почетници е ... сигурно нема некој почетник да сака да чита за кернел параметри и системски повикувања или штотизнам системско.
Под главата "The LINUX Kernel", објаснувам само за почетоците на Линукс јадрото, кој го создал како го создал и кога го создал и слично. Ништо повеќе. :p
 
maci

On your way to fame
2 април 2008
2,972
686
Моја препорака е да направиш само на македонски јазик бидејки на англиски има колку сакаш .
Во секој случај те подржувам и сакам да биде изработена таа книга во побрзо време :)

:bravo:

ubavo kaza,daj na makedonski prvo
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
ubavo kaza,daj na makedonski prvo
Неможам на Македонски прво, бидејќи сакам прво да биде достапна за целиот свет, а знаете, Англискиот е универзален јазик. Па така да, ќе има Македонска верзија за тоа. :p
 
Elektrikz

Intern
21 септември 2008
473
12
Велес - Скопје
Баце да не ти кршам филм,али ако сакаш книгава некој да ти ја прочита воопшто - напиши ја на македонски. Книга на македонски за линукс нема,така да може доста да успее на пазарот,додека интернационално - има еден тон книги што верувам дека се пишувани од луѓе што се далеку по стручни од тебе на ова поле....
 
Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Да не ти кршам филм, али нели мислеш дека треба да си доволно стручен и испраксиран за да почнеш т.е. да се обидеш да напишеш вакво нешто? Најдобрите Линукс книги се напишани од луѓе кои имаат повеќегодишно (неколку децении) искуство со Линукс и се среќавале со секакви проблеми. Знај дека реинсталација на ГРУБ како што има овде по форумот проблеми не се *проблеми* има многу потешки фрки.

+ Треба да си имаш разработено твој став кон работите а не да учеш и да пишуваш книга успат.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #15

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
Баце да не ти кршам филм,али ако сакаш книгава некој да ти ја прочита воопшто - напиши ја на македонски. Книга на македонски за линукс нема,така да може доста да успее на пазарот,додека интернационално - има еден тон книги што верувам дека се пишувани од луѓе што се далеку по стручни од тебе на ова поле....
Ама книгата ќе биде за основите, односно книгата ќе биде само за почетници. Друго, група на автори сме (и од други земји има). Сигурно дека нема на Македонски да ја пишеме. А освен тоа, кога ја ставив книгата за пишување на WEbook, се пријавија учесници кои би сакале да пишуваат, да корегираат и слично.
Добро сега, сето тоа што го пишуваат е на чекање и треба да го одобрам јас. Сега ми треба некој кој што може да ми изработи кориците.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,078
27,210
kalco.ru
Се сложувам со алекс не е да се напише книга за нешто...тоа нешто за што пишуваш треба да го знаеш како оче наш...секоја дупка сек пропоуст да му го знаеш...и башка секогаш се пишува првин на мајчин јазик да се популаризира во државата а после во светот ти обратно ќе ја пишуваш за светот а македноците кој ги Е**
 
zlatkogv

Intern
5 декември 2007
206
6
Веќе ако сте повеке автори истовремено, како што кажуваш и ако сте решени да ја пишувате на англиски, ја ти препорачувам паралелно да си ја правиш ти македонската верзија, и доколку е книгата добра, сигурно ке се пробие тука во Македонија
 
  • Ја почнал/а темата
  • #18

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
Веќе ако сте повеке автори истовремено, како што кажуваш и ако сте решени да ја пишувате на англиски, ја ти препорачувам паралелно да си ја правиш ти македонската верзија, и доколку е книгата добра, сигурно ке се пробие тука во Македонија
Па и така ми е нешто планирано... :p
 
Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Може да ги знаеме кои автори се досега активирани во проектот ?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #20

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
Може да ги знаеме кои автори се досега активирани во проектот ?
Мислам авторите не се којзнае колку познати, но како што гледам, имаат доста книги напишано:
*TracyStrauss
и
*RKRickerd
и Јас и некои други од школо што ќе ми помагаат.

*Така им се Pen-Names.
 
BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Па направете книга за транзиција од Windows на некоја Линукс дистрибуција. I pokriete osnovnite raboti za pochetnici kako na primer:

Избор на дистрибуција(како зошто), инсталација, поврзување на интернет, поставување извори/ инсталација на апликации, windows - слични/исти апликации за Линукс, гледање филмови(кодекси), линукс игри(native) - WINE итн, мрежа/делење интеренt, системски back up и така натака.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #22

Стварно добра идеја....
Ќе видам некоја глава и за ова ќе ставам. И ќе објаснам зошто Линукс е подобар од Прозорци. ;)
 
Ibrakadabra

Intern
11 октомври 2007
342
7
www.rcizvor.mk
Јас знам дека има за Убунту книга на 400 страни, издадена од проф. Симе Арсеновски, професор на ФОН.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,553
Мислења
823,199
Членови
28,061
Најнов член
Viktorofski
На врв Дно