1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Linux како примарен оперативен систем

Дискусија во форумот 'GNU/Linux' започната од тотето, 21 Јануари 2013.

Дали би користеле линукс како примарен оперативен систем?

  1. Да

    57.1%
  2. Не во блиска иднина

    25.0%
  3. Никогаш

    17.9%
  1. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,130
    1,272
    25 ноември 2014
    Ондак простите јузери не се 90% од корисниците ко шо мислевте - туку многу помал %.
    Ај обратен муабет. Зошто на прост корисник би му било подобро линукс од виндоус?
    Не што губи со линукс, што добива?
     
    На Astraion, esquimaux, psyside и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. boro1

    boro1
    Practice makes perfect

    1,628
    1,271
    13 Август 2009
    Машко
    Добива бонус hipster points :p

    Ај вака една задача: Убедете ме дека тоа што го работам во Windows сега подобро/побрзо/поефикасно би го работел во Linux ( било коа верзија ).

    Еве за што го користам компјутерот моментално:
    - Browsing: YouTube, Facebook, IT форум, Reddit, Imgur, УГД Е-учење
    - Gaming: На Steam: Dota 2, Rust, CS:GO. Пиратски: COD (во моментот MWR и IW), FarCry, GTA V ( со модови )
    - Факултет: Читање на: pptx, ppt, pdf, doc, docx, xlsx ( значи Office 2016 и NitroPDF )
    - Цртање во AutoCAD 2008/2017 и во Google SketchUp
    - Средување слики во Photoshop
    - VMWare ( XP, Windows 7, Windows 8.1 )

    Други програми кои ги користам секојдневно:
    - Everything
    - Lightshot
    - iTunes ( за restore/backup на телефонот )
    - Internet Donwload Manager

    Работи кои претпоставувам би правеле проблем:
    - Драјверот за тастатурата ( за да работи екранчето и макро копчињата )

    Конфигурацијата ја имате под аватарот. Плус Brother HL-1210W за печатење и Epson DX4450 за скенирање.
     
    На Justice for All, mdeni, MasteR_#0 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. chemioftw

    chemioftw
    Gaining Experience

    364
    206
    26 Март 2015
    Машко
    Галичанец
  4. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    147
    264
    1 ноември 2015
    Машко
    Да. Џабе имам поголеми познавања од просечен корисник, кога во најголем дел од времето PC-то го користам како просечен корисник, за интернет, мултимедиа, канцелариски софтвер и повремено хоби програмирање.

    Ако не можат без Word тогаш се разбира Windows е подобра опција за нив, тоа е едноставно прашање на избор. Иако Libre Office Writer ги има истите можности како Word и не прави конфликт со форматите на Office.

    Просечен корисник и на Windows нема да знае драјвери да инсталира и пак ќе треба комшијата да го вика. :) Новите дистрибуции најчесто не ни бараат драјвери за уреди како веб-камери, wireless адаптери и слично, веднаш ги препознава. За одреден wireless адаптер на Windows 7 требаше драјвер да инсталирам, додека Ubuntu автоматски го препозна.

    Flash е во протокол на присилно погребување, HTML5 е иднината. Во најголем дел од случаите подобро конзервира батерија.

    За жал дојдов до овде и џабе се распишав, кога тек сега приметувам дека никогаш во живот не си пробал некоја Linux дистрибуција и збориш без аргументи. :) Сето тоа што го наброја без никаков проблем може да се направи на Ubuntu, Debian или било која друга модерна дистрибуција.

    Бесплатен, поголема безбедност и приватност. За поголема погодност без претходно споменатите поволности, тука ти е Windows. :)

    Тоа ти се Apple дечките, не мешај стеретипи. Linux дечките се параноици. :)

    Со тоа што го наброја не си просечен корисник, си користиш специјализиран софтвер, така да Windows ти е подобар избор.

    За на крај, не терам со сила никој да менува оперативен систем, како што кажав прашање е на избор и навика. Просечен корисник кој нема потреба од специјализиран софтвер и го користи компјутерот за веќе споменатите основни потреби многу подобар избор за него би бил GNU Linux.

    Пак ќе спомнам различниот кориснички интерфејс и навиката е најголемата причина зошто поголем број луѓе не го користат, иако секоја година повеќе корисници се префрлаат на алтернативи и полека и сигурно Microsoft го губи дел од пазарот.

    Земи некој кој немал никаков контакт со компјутери во живот и инсталирај му Ubuntu ќе се навикне на него и нема да сака да слушне за друг избор.

    Поздрав.
     
    dimsa, Koen, boriseto и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,130
    1,272
    25 ноември 2014
    хахахах уживај никогаш во живот неам ништо пробано како ме фати во лага цц :S На празно зборам ова се

    По вас простиот корисник може да заврши работа и со таблет и помалце главоболки.
     
  6. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,841
    24,976
    4 Септември 2008
    Затварај тема.
     
    На Oktar и boro1 им се допаѓа ова.
  7. kebe

    kebe
    Gaining Experience

    212
    172
    29 Март 2012
    Инсталирам Виндоус 10 на просечен корисник. По два дена ми вика вирус има компјутеров.
     
    На JensenInterceptor и Oktar им се допаѓа ова.
  8. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,236
    513
    3 Април 2008
    ништо од ова што си го спомнал не е полесно на Windows
    еј треба да станам стручњак за пиратирање, а да не закачам rootkit - good luck.

    потпуно истите проблеми со windows, source: стално морам на татко ми да му помагам со истиве работи. за камерата и принтерот немало драјвер за windows 10 има само за 8мица, или мораш да симнеш 300 мб драјвери за принерот не update-ирани од пред 3 години со којзнае колку security проблеми. токени-мокени кои работат во IE7 КАКО Е ТОА ПОДОБРО???

    Понекогаш се мачам со некои глупости на Linux и си викам „никад нема да дојде The Year of Linux Desktop“ … и онда треба да ги бришам по стоти пут глупите вируси и срања од на татко ми windows 10 лаптопот, нормално додека ги поминам 2 или 3те control paneli-и ако треба било што да подесам, wifi-то никад не проработе како што треба, а нови драјвери НЕМА (wifi-то боље работи под ubuntu). Windows е полош.
     
  9. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,130
    1,272
    25 ноември 2014
    ок
     
  10. Justice for All

    Justice for All
    Gaining Experience

    212
    125
    10 Септември 2010
    Машко
    Би било корисно на пример да инсталираш Линукс на комп. во канцеларија. Зашто таму ти вршат контрола и мораш да имаш легален софтвер. Да речеме имаш 3 компјутери по 120 усд колку што мислам дека кошта вин10 испаѓа 360 усд. Ако можеш да ги заштедиш овие пари со тоа што ќе користиш линукс би било супер.

    Ама нажалост тешко некако. Ајде што е проблем офис пакетот (либре офис не е исто што и микорсофт офис, ги нема сите можности нажалост), токените се проблем. Електронско банкарство не можеш да користиш, да потпишуваш со кибс не можеш... Тоа те кине.

    Друга работа е што ми се чини дека има помалку проблеми во виндоус отколку во линукс, и тие проблеми што ќе испаднат ми се чини дека ми се полесни за решавање. Тоа што сме навикнати не е ситна работа. Додека да дојдам на исто ниво на знаење на линукс ќе треба да инвестирам и време и напор. Јас не сум компјутерџија нити па сакам да станам. Тоа што мене ми треба е ос-от да ми се тргне од патот за да можам да си ја завршам работата.

    Имаше една изрека: Linux is only free if your time has no value.

    Во канц. ти треба нешто што е пали вози. Без губење време за заебанции. Не може да не поддржува Микрософт Офис веќе 20 години. И да не можам да платам со електронски сертификат. Тоа се сериозни проблеми и не знам како планираат луѓево што ги прават линукс дистрибуциите да имаат поглема прифатеност на линукс без да се решат овие проблеми.
     
  11. boriseto

    boriseto
    Gaining Experience

    229
    202
    7 Јули 2013
    Машко
    Значи од „дискусијата“ досега заклучивме:
    1. не сум просечен корисник, па и чуде е шо неам лично проблеми на линуксот. Жалам за тоа.
    2. сите имате проблеми со електронско банкарство каде што самите компании го имаат ова означено: Screenshot from 2016-11-10 14-20-21.png , значи подршката треба да ви дојде од нив
    3. нема многу од официјалниот софтвер на мајкрософт, и иако има алтернативи, ја сфаќам потребата да се користи нешто такво, ама како шо пишав за фотошоп, нативно офис 2007 и 2010 (за тие имам лиценца) функционираат без никакви проблеми. Си отвараат фајлови од фајл менаџерот директно, ако го подесиш така


    Татко ми користи хромкаст и хром од оперативниот (хромот си пушта песнички, чита вести, гледа фудбал). Тука таму користи strem.io да пушти филм директно од лаптоп на тв (уште една апликација шо не би знаел тој и на виндоус да ја инсталира, не па на линукс, шо е буквално само естрахирање од зип). Зашо на него би му требал виндоус оперативен?

    едитирано од модератор.
     
    Изменето од модератор: 10 ноември 2016
    Krkac, krema и на dimsa им се допаѓа ова.
  12. Justice for All

    Justice for All
    Gaining Experience

    212
    125
    10 Септември 2010
    Машко
    Не го плукам, го критикувам со аргументи. Објаснувам зашто не можам да го користам иако би сакал да го користам зашто би ми заштедил пари на пример.
     
    Изменето од модератор: 10 ноември 2016
  13. boriseto

    boriseto
    Gaining Experience

    229
    202
    7 Јули 2013
    Машко
    Јасно ми е и извинете така шо се најдовте у таа категорија (стварно помислив дека имате нешто добивка од читање на претходните мислења).

    Како и да е, поголемиот број корисници шо не се power корисници се имаат префрлено на Chromebook ради тоа шо не им треба ништо друго освен хром. Отвара документи, отвара јутуП, отвара фејсбук. Шо друго да им треба?
     
  14. krema

    krema
    Professor

    8,843
    8,589
    24 Јуни 2009
    Машко
    Јас користам Linux околу 15 години и на крај памет не ми доаѓа да мигрирам на Њиндоњс:D
    Не се замарам со антивирусни програми, со криптолокери и остали бакрачи:)
    Уживанција во боја:)
     
    На goranzoran му/ѝ се допаѓа ова.
  15. boriseto

    boriseto
    Gaining Experience

    229
    202
    7 Јули 2013
    Машко
    Со тоа 15-те години, сега си на Arch или уште си тераш "mainstream distro" филм?
    (да задоволам апетитите на погорните хипстерски филмови ;) )
     
  16. Luki Junior

    Luki Junior
    Gaining Experience

    150
    261
    28 Декември 2015
    Машко
    Државните институции треба да ги поддржуваат сите системи кога станува прашање за сертификати и дигитални потписи.
     
    На Krkac и dimsa им се допаѓа ова.
  17. krema

    krema
    Professor

    8,843
    8,589
    24 Јуни 2009
    Машко
    Пробував различни варијанти, почнав прво со Knoppix, Lindows, Ubuntu, Mint и уште неколку, се задржав на Ubuntu кој што ми е нај јузерфрендли :)
    Arch е за понапредни корисници во кои што не спаѓам јас мада имам желба да го пробам и него:)
     
    На Oktar и boriseto им се допаѓа ова.
  18. Koen

    Koen
    Gaining Experience

    238
    81
    14 Април 2010
    Машко
    Не го лажи, ти сигурно Gentoo користиш но се срамиш да му кажеш :D
     
  19. sini6a

    sini6a
    Intern

    485
    30
    11 Мај 2009
    Arch Linux користам скоро две години. Откако се ќе подесиш на него нема мана едноставно си правиш yaourt -Syu и се ти е up to date дури и сите кратенки и шорткати си ги правам по свој ќејф и до сега го користам на еден лаптоп и два десктоп PCија и незаменлив е морам да речам. Со i3 тежи минимално и во stand-by без ниедна апликација отворено не фаќа ниту 100mb рам што е многу прикладно за постари машини или пак за почетник на линукс што сака да научи повеќе. Многу е подеслив и откако ќе се подеси нема крај на ситни тјунирања што се прават што го прави уште повеќе интересен за употреба. Го препорачувам на сите кои сакаат да пробаат и да искусат повеќе од Linux. Се најдобро и со лесно. Поздрав
     

    Прикачени датотеки:

    Sm0k3y25, Oktar и на krema им се допаѓа ова.
  20. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,195
    2,895
    24 Септември 2012
    Ако седнеш сам да си направиш оперативен систем од 0 најдобро ќе ти биде. Се ќе си подесиш како што си сакаш и ќе си го компајлираш по свое. Најбаво така ако сакаш вистинска фул-фул кастомизација.
     
  21. sini6a

    sini6a
    Intern

    485
    30
    11 Мај 2009
    Хаха да само што ќе ти требаат години и години работа или пак машина за клонирање и доста големо познавање во програмските јазици
     
  22. Sm0k3y25

    Sm0k3y25
    Баниран/a

    393
    278
    7 ноември 2012
    Машко
    Немам искуство со линукс, така да доколку имаш време, можеш ли да направиш еден туторијал, за постарите машини (core 2 duo) што како да се подеси за да нема проблеми (или аплоадирај image од она што ти го користиш со све твикови :) ) Фала. :D
     
    На alekcackko му/ѝ се допаѓа ова.
  23. sini6a

    sini6a
    Intern

    485
    30
    11 Мај 2009
    Нема проблем другар само да се ослободам малку пред нова година иначе истиот сетап ти е и за постарите машини се ти е исто

    Испратено од X80h(FB5M) преку IT.mk форум апликација
     
    На krema и Krkac им се допаѓа ова.
  24. deanT

    deanT
    Intern

    2
    1
    30 Март 2016
    Машко
    Да споделам некое искуство и мислење дали линукс го бидува за примарен. Прва и основна работа шо ја научив и морам од старт да ја спомнам, сакаш адобе или некој друг софтвер за графика 2д 3д 5д 16д, техничко цртање, дизајн, видео едитовање композитирање шо да е, немаш работа тука. Арно ама падна муабет за просечен корисник. Факт е дека линукс не е оперативен со кој шо можиш да бидиш тенџере и да бидиш среќен. Овие две работи се косат една со друга. Зошто ? Линукс не е компатибилен со секаков хардвер, а посебно не со првичните подесувања. Тоа значи дека можи првата дистрибуција шо ке ја пробаш да биди таман, се да функционира безпрекорно со можност да по една недела нешто замини курбан, а можи и 20 различни да пробаш и никош да не биди се таман. Иста дистрибуција на различен хардвер различно се понаша. Дали е тука проблемот во линукс батките или некој друг, не е битно, битно проблеми има и то е факт. Но дали се е мед и млеко на виндоус, далеку од то. Имаше време виндоус ко беше оперативен пали вози ... или немаше. Ај да го земиме 7-та, се живо и диво работеше и работи со него, брз е, не е грд на естетски план, плус виндоус е, се имаш. То не значи дека можиш да му го дајш на некој шо нема користено виндоус или пак е ептен ептен ептен тенџере и нема да има проблеми. Прво, софтверскио пакет шо одлучиле да го става шиткрософт од мајка бил и ке биди мизерен. Добар плејер за музика и филмој, торент клиент, нативно маунтовање на исо кога имаше, со 8-та првпат, работа со рар, сега ми текнува на овие а има и други. И како шо иди нова верзија некој работи се средуваат полека, како ова со алаткиве вклучени од мајка, а некој се заебува. Пример 10-та, досега за око најдобар оперативен, конечно од дизајн страна напраеја нешто салам. Арно ама пак после свежа инсталација треба да потрошиш уште некој сат да го дотераш она баш ти ко шо сакаш, не само за софтверо шо ти го користиш, туку и да пробаш да ги попрајш срањата шо шиткрософт одлучи да ги проба со новиов виндоус. Едно таква глупост е то да не те прашува оперативнио дали сакаш или нејчиш апдејти, претпоставува дека сакаш, секогаш, и не ти дава опција ова да го смениш. Друга работа, ко че му текни на виндоус си сметнува игри од продавницата нивна без да те праша и ти троши сообраќај и простор. Ги бришиш, по една недела пак се тука, сериозно ? Тогаш ти треба да станиш експерт за виндоус
     
    Последна промена: 28 Јануари 2017
  25. deanT

    deanT
    Intern

    2
    1
    30 Март 2016
    Машко
    Од мајка подесувањата на виндоус се да споделуваш се живо и диво од лични информации со нив. Добро, одиш ги средуваш, по една недела се апдејтовал и пак е се по старо. Како бе ? Буквално подесувањава ги враќа на дефолт и ти вика не е битно ти шо сакаш, ние вака сакаме и вака че прајме. Ама да, виндоус е брз, стварно 10-та е струја. Е сеа цепи на рам малку одвишок. Некој глупости како кортана, тој антивирусо нивни дефендер и слични такви неможиш да ги исклучиш. Дури и тој дефендерот до таму оди шо го гасиш то реал-тајм заштита арно ама по 15мин автоматски се вклучува само ... ? Да платам пари, вистински пари и ова да ми се случува? Виндоус е далеку од идеален оперативен, всушност не знам дали постои таков. Мекинтош не го спомнувам, тие се на друга планета. Сите оние што викаат дека линукс бара многу мозгање за основни работи, после сите глупости шо ги напишав погоре не можи никој да ми речи дека виндоус е јузер-френдли. Не значи дека ако не отвориш команд-промпт не губиш време со средување на сите овие проблеми. Ако немаш пари да си купиш виндоус треба да бараш чаре да го тргниш тој вотермарк долу десно и тие срањата шо излегува да те потсета дека не си активиран. Океј, бараме активатор, го активираме ништо посебно, се е средено. По 2 недели пак гледаш вотермарк долу десно ... Од сето ова можам да заклучам дека нема нешто шо функционира 100% таман, далеку сме од то, се е фалш. На виндоус со пари без пари не чини, на линукс без пари не чини. Пола век помина ко почна ова со компјутериве а трошиме време на работи ко вотермаркс на виндоус и оти на линукс сликата не чинела. Ова тие без пари, другите со пари прават рикавери после заебан апдејт. Нема јузер-френдли ништо, се бара читање, барање заобиколки, крпење и слично. Дали преку терминал на линукс или со маусо на виндоус, исто е, потполно исто. Од друга страна, оти па да не биди така, добиваме нешто бесплатно така, мора се на готово да биди ? Тука во филозофски води навлегуваме ... ехх.
    Заклучок:
    Нема варијанта кај шо се е во ред. Разликата е ако сакаш адобе и слично немаш избор. Ако не сакаш адобе имаш избор меѓу две работи шо се исти, и двете се батал. Седнуваш и учиш како се работи на едната или другата. Виндоус не е совршен и никој од раѓање не знај да го дотера, исто и линукс.
    Се најдобро
     
    На alekcackko му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...