1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Linux како примарен оперативен систем

Дискусија во форумот 'GNU/Linux' започната од тотето, 21 Јануари 2013.

Дали би користеле линукс како примарен оперативен систем?

  1. Да

    57.1%
  2. Не во блиска иднина

    25.0%
  3. Никогаш

    17.9%
  1. тотето

    тотето
    Спамер

    701
    661
    4 oктомври 2011
    Машко
    Од пред некое време си ја барам дистрибуцијата која најпојке ке ми одговара. Сега за сега, најзадоволен сум со Linux Mint. Ubuntu многу фален, но некако ми е потполно обратен од windows. Пример таксбарот е лево, копчињата за гасеге/минимизирање се лево од прозорецот...

    Од користењето сега за сега можам да речам, кога не планирам да играм игри, се пуштам на linux, некако ми е побрз, а и малце побрзо стартува. Но има и свои недостатоци, како пример, барав како да зголемам/намалам брзината на скролање, единствено решение кое најдов беше да креирам едитирам некој фајл од системот, а потоа преку терминал да извршам неколку линии. Јас се сајдов, иако не ми се допадна начинот, но што е со оние кои кога ќе го видат терминалот свеста му се зема. А да не правиме муабет за снимање на нови програми. Оние кои ги има во software manager се снимат една по една, па ако заглави на некоја апликација, не можиш да ја прекиниш инсталацијата (не барем од графичкиот интерфејс) па за да премини на другата.

    Не знам оти, но дали е толку тешко да се изработи еден стандард налик на онај на windows, ако сакаш да снимиш апликација ја слегваш, двоен клик, next next next next finish. Како можи windows од самиот почеток да ја има ова можност за снимање, а linux кој веќе 10 години е меѓу широката јавност не можи уште. Добро приметив дека можи .run и .deb да се снимат со „двоен клик“ но пред да ги пуштиш треба да му кажиш со која апликација да ги пушти, иначе ќе ти ја пушти како архивирана датотека.

    Зарем заедницата до толку не сака обичниот смртник да користи linux, до толку ли сакаат да остани nerd os. Додека барав решенија за моите проблеми, дојдов до избришан коментар со образложение: дај му риба ќе јади еден ден, научи го да лови риба ќе јади цел живот.

    Сега реков ај да пробам Steam на линукс и да видам како ќе оди. Снимив стимот, па раков ајде да снимам драјвер за графичката па после да поиграм. Снимам драјверот и на крај ми јавува проблем, барам за проблемот на интернет, најдов неколкумина што го имаат. Но никој не им кажува решение, ако си го најдат самите, кажват дека го поправиле но не го споделуваат решението. Ајде и ова го средив и ајде да ја пробам TF2. Mint ми е инсталиран на 10GB простор, па немаше место да ја снимам играта... ајде барај начин како да смениш локацијата (се разбира, нема начин со графички интерфејс).

    Ова е мојата приказна, како се мачам со работи, кој на windows се завршват со неколку кликови. Сега за сега, барем јас линуксот го оставам на страна.
     
    На 386ka и gokica им се допаѓа ова.
  2. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,183
    23,790
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Се е навика....Ја имам еден компјутер у сервисче што има само убунту, и немам проблем со привикнување од 7-та и убунтуто.
     
    На gokica и SaleSk им се допаѓа ова.
  3. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,582
    5,101
    20 Април 2007
    Машко
    Ја обавезно имам како секундарен Убунту. Приметив дека малку побрзо ми ја троши батеријата него 7-цата, односно поприлично, да речеме со 7-ца работам еден час повеќе...На пример со 7-ца околу 3 часа и 15 минути, а со убунту околу 2...Можеби заради некој оптимизации. Како и да е, повремено по потреба го користам...
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gokica

    gokica
    Модератор

    8,326
    10,015
    13 Јуни 2009
    Нит сум имал нит ќе имам убунту кај мене на компјутер.

    Не ми е јасно што ќе ми е осакатен ОС освен ако за него не е поврзано нешто специјално кое не го може виндовс. Како ентузијаст сакам да можам да ги видам сите чари кои може да ми ги долови мојот набилдан со моќ компјутер.

    Евентуално ако имам фирма, ќе им инсталирам убунту само на вработените кои сакам сами да си дадат оставка без да ги бркам јас. :D А и ќе зачпарам на нови лиценци така привремено.
     
    На boro1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. B^nDIT

    B^nDIT
    Gaining Experience

    1,124
    311
    6 Февруари 2010
    Машко
    Оф-топик:
    Да беше ова некој странски форум... Ова ќе беше ultrafail.

    Ама за жал тука ќе дрндаат секој си има свое мислење (и Хитлер имал)...

    Он-топик: Да.
     
    На dogee и Aleks им се допаѓа ова.
  6. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,479
    2,477
    14 Мај 2008
    Машко
    Кај се игрите? Не фала.
     
    На prichina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kuzman0v

    kuzman0v
    Gaining Experience

    598
    74
    14 Декември 2008
    Машко
    Долго време користен Ubuntu како прва и единствена опција. Поради работи кои не можев да ги завршувам на него (читај, немање софтвер кој би го заменил тој што го работиме на факс) инсталирав и 7ца (сега веќе 8ца) за да ги завршувам тие обврски.

    Исто го користам Виндоусот и за видео едитирање, бидејќи за ГНУ/Линукс нема некој доволно моќен о софтициран софтвер кој би ми ја завршил таа работа. А на места каде што нема можност за напојување, а ми треба лаптопот подолго време, се пуштам на Виндоус само поради батеријата.

    @тотето Линукс Минт на мене ми е една од најкатастрофалните дистрибуции. И мене на почетокот кога искочи Unity ми беше малку чудно и ми требаше време да се навикнам. Инаку, може да инсталираш GNOME, KDE, Cinnamon (тоа користи Linux Mint) и да му кажеш чао на Unity. Исто, може да инсталираш и Ubuntu Tweak за полесно уредување на некои од поставувањата.
     
    На prichina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,582
    5,101
    20 Април 2007
    Машко
    Kомпјутерот не се користи само за играње...Има и некој други функции, како на пример калкулатор, машина за куцање, пеинт и слично...
     
  9. kuzman0v

    kuzman0v
    Gaining Experience

    598
    74
    14 Декември 2008
    Машко
    Steam :)
     
  10. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,183
    23,790
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Дефинитивно треба да се има линукс дистрибуција во некој систем
     
    На omegaRED и goranzoran им се допаѓа ова.
  11. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,865
    2,431
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Јас имам dual boot windows 7 and Ubuntu 12.10 + wmvare mac os mountain lion. Ми се наоѓаат сите во одредени ситуации.
    Damned if i do Bored if i don`t :D
     
  12. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,281
    2,557
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Во последно време повеќе сум на Убунту отколку на седмица... Ама за работа морам на Windows.
     
  13. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,332
    5,218
    24 Март 2009
    Машко
    И јас исто, со таа разлика што Mac OS не ми се наоѓа за ништо, го ставив онака од љубопитност :D

    Инаку со линукс немам посериозни потешкотии. Имам убунту со инсталиран gnome уи (останатите се тапа), да не се игрите и некои програми целосно би се префрлил на линукс.
    Инаку што се искомплицирани некои операции како едноставно некст некст инсталирање на програми, искомплицирани се.
     
    На goranzoran му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,578
    1,330
    27 Јануари 2011
    Машко
    Те е тешко само треба да се прочита малку и пракса.
    Повекето се деца овде пошто се гледа само на игри никој не гледа професионална корист од LInux. Прво лиценци за Windows, Office, Anti_Virus итн да не зборам за серверски лиценци Има мали фирми кои не можат да си дозволат да палтата илјадници евра за тие глупости. А инспекција само чека да одере некој што користи пиратски софтвер.
    Од друга страна замисли фирма со 5-7 вработени и сите знаат да инсталираат со двоен клик и за месец дена компјутерот работи спото, блокира итн. кога ке погледнес има милион тоолбарови, не знам програмче за оваа програмче за она, милион глупости и ете ти работа, чистење форматирање подесување итн. А со LInux нема такви работи, ке се побунат вработените, ке се навикнат за ден два, мора да работат плата да земат ако не чорба.

    Не викам дека LInux е подобар во се, си има свои предности кои треба да се искористат.
     
    На RagingDemon и goranzoran им се допаѓа ова.
  15. gokica

    gokica
    Модератор

    8,326
    10,015
    13 Јуни 2009
    Единствена предност на линуксот е што е беспари. Најдете друга предност па може и ќе ме убедите.

    Немам намера да бидам лицемер и да кажам нешто кое не го мислам.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  16. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,826
    5,003
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    По грешка стиснав да. :D
     
  17. Luidgi

    Luidgi
    On your way to fame

    865
    891
    24 Февруари 2008
    Не би користел Linux како примарен оперативен систем на десктоп или лаптоп сеедно, освен на сервер.
    Воошто не ми се допаѓа интерфејсот, сеуште има проблеми со драјвери, нема замена за добри програми како Photoshop, Premiere, Vegas. Да, постои Wine за да уклучите Windows апликација на Linux, но програмата никогаш нема да функционира како што треба, и да ги користи сите достапни ресурси на системот, и секако не би сакале да ви се изгаси на сред работа.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,183
    23,790
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    @Luidgi која верзија последна си ја користел?
     
  19. Luidgi

    Luidgi
    On your way to fame

    865
    891
    24 Февруари 2008
    Ubuntu 12.10, пред некој месец, и мора да признаам дека доста напреднале, и доста брзо се инсталираше, ми се допаѓа тоа што сега инсталацијата оди преку LiveCD, но сепак не бев нешто импресиониран кога се инсталираше и кога го пробав.
     
  20. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,183
    23,790
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Па некако не ми е логично она што го кажуваш дека нема убав интерфејс. Мене ми е преубав....али ствар укуса нели ;)
     
  21. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,826
    5,003
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Интерфејсот на убунту е кул. Прочитав дека некои верзии на after effects фунцкионираат, ама не под ubuntu, Mint дистрибуција, а има за некои workaround за да се инсталираат.
     
  22. zlatko.

    zlatko.
    Intern

    81
    30
    24 Јуни 2008
    Дефинитивно Линух, било која дистрибуција, 7/8 год. сум на Linux, а во 2008 комплетно го напуштив Windows како секундарен OS, и досега не сум имал некаков посериозен проблем што не се решил. Сум користел различни дистрибуции и сега сум на Ubuntu 10.0.43, сум ги пробал и поновите верзии, мене не ми се допаѓа новиот интерфејс на тие, па си останав на нешто кое работи добро и мене ми ги задоволува потребите.
    Можеби кога ќе имам повеќе време би ставил понова верзија без оние новитети, Unity /// .........
    На Linux постојат моќни софтвери за многу потреби, некои се и по 100 пати постабилни од останатите ОS. , да не ги набројувам и можностите за HTPC каде што Linux е единствениот стабилен систем што ти ги дава сите опции, со далечинско во раце и управување со скоро се, од сателитска, кабловска, гледање за филмови, пуштањење на стримови, паузирање и премотување на каналите, ЕПГ со програмирање и снимање , сурфање, проверка на е-маил, и.т.н. линух е на врвот за мултимедиа било во стабилност било во квалитет , само треба да се подеси како што треба.
    Мани...па секој OS ги има али со Линух ги има во помал број, и кога ќе ги решиш забораваш на тој збор.
    Не велам дека Линух е подобар во се, и дека може да замени се, али сепак има многу поголеми предности во некои области и тие треба да се искористат, а исто така во последно време се развива и распостранува во сите правци, а тоа е уште една предност да се има инсталирано и некоја дистрибуција на Линух во секој PC. И на крај тоа е OS со отворен код , а тоа сепак нешто значи .
     
    На Bistan му/ѝ се допаѓа ова.
  23. JunkieMKD

    JunkieMKD
    On your way to fame

    2,182
    548
    3 Декември 2008
    Машко
    Пред некоја година го имав инсталирано Linux Mint како примарен ОС и ко го користев до пред некое време,одкако го продадов тој ПЦ и зедов друг кој имаше веќе инсталирано 7мица и го остадов така.Но не би ми било проблем да се вратам повторно на Минт,со оглед на тоа за што го користам компјутерот и нема да ми смета да го имам тој како примарен ОС.
     
  24. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,138
    10,448
    23 Јануари 2008
    Манга
    Во целост се согласувам со gokica. Да беа моите компјутери наменети за сервери тогаш дефинитивно ќе имав како примарен и единствен оперативен линукс.

    Зошто допрва би изучувал нов оперативен систем, софтвери за него, би се малтретирал со компајлирање кернели и драјвери, би се лишил од игри и еден куп софтвер и ред други работи?

    Fail е што влегуваш во дискусија без да дадваш свое гледиште за кое ќе може да дискутираме.
    Уште поголем fail е тоа што не даде ниту еден аргумент и објаснување во врска со делот од мислењето на гокица со кој не се согласуваш.
    И кој е тој странски форум каде коментарот на гокица ќе беше ultrafail?

    Токму така секој има право на мислење, па имаш и ти, ама сеуште не си го искористил.


    Вокабуларот со зборот дрндаш е простачки и несодветни во комуникација со некој кој не го познаваш и кој по сите општествени мерила треба да ти е афторитет и пример. Има толку многу да учиш од луѓе како него.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,017
    1,637
    30 Мај 2010
    Нема да користам, а ниту планирам (барем засега) да го сменам Windows-от.
    Да барам специјални драјвери, начини на инсталација (кои веќе ги спомнавте), замени за одредени програми кои веќе одамна ги работам и сл. мене многу ме нервира.
    На било каков проблем да наидам веднаш треба да се советувам со Google бидејќи воопшто не знам ништо за него.
    Имам користено само во школото Ubuntu 7.04 и изгледот не ми беше нешто фантастичен.
     

Сподели

Вчитување...