Стани премиум член, добиј куп бенефити и поддржи ја работата на IT.mk!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Linux Boot Process

Статус
Затворена за нови мислења.

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5.748
289
Објаснување на boot процесот на линукс.

Прво треба да се објасне што значи тоа boot процес, што е тоа уствари?
Кога го уклучувате вашиот компјутер, прво се прочитаат податоците што ги содрже биосот (подесувања на хард дискови итн), а потоа boot loader-от го лоадира или стартува оперативниот систем.

Објаснување на boot процесот кај оперативниот систел ГНУ/Линукс:

Откако биосот кје си го сврше своето и го најде хард дискот кој е наместен како прв бутабилен поцхнува да го чита MBR-то од хард дискот. MBR или Master Boot Record е делот од хард дискот каде што се наоѓа boot лоадерот или податоците (просто кажано програма) кои се одговорни за вклучувањето на оперативниот систем. Во нашиот случај, кај Линуксот постојат 2 попознати boot loader-и и тоа: GRUB I LILO. Овие два loader-и лоадираат 2 важни фајлови во RAM-от и тоа:

Vmlinuz – Компресирана слика од кернелот (срцето на ГНУ/Линукс), кој е одговорен за контролирање на меморијата за процесите или просто речено, кернелот претставува врската помеѓу хардверсиот и софтверскиот дел на еден компјутер.

Initrd – Ова претставува фаjл кој се лоадира пред кернелот и служи за правење на специјален RAM диск во кој се става кернелот и кој понатаму ги монтира вистинските партиции (initrd е најдобрата работа кај линуксот поради тоа што овозможува изработка на Live дистрибуции за кои не им е потребно хард диск).

Откако кернелот си ја сврсши првичната работа (монтиранје на хард дискови и подготовката на хардверскиот дел) кје го најде фајлот inittab кој ги има сите конфигурирации за стартување на процесот init кој е одговорен за сите процеси во Линуксот и нацхинот на кој се однесува Линуксот (одовде почнува да се покажува флексибилноста на Линуксот). Init може да се вклуче во еден од шесте модови или нивоа. Еве го нивното објаснување:


Ниво Локација на скриптите за ауто старт Значење
0 /etc/rc0.d/ Исклучување на сите процеси и гасење на компјутерот
1 /etc/rc1.d/ Мод за работа само со еден усер (Singleuser)
2 /etc/rc2.d/ Multiuser ама без некои network додатни процеси
3 /etc/rc3.d/ Нормален старт – CLI и комплетен Multiuser
4 /etc/rc4.d/ Нема, или секоја дистрибуција си има одредено посебно
5 /etc/rc5.d/ Комплентен multiuser ама со X server и десктоп средина (GUI)
6 /etc/rc6.d/ Рестарт

Мора да напоменам дека освен овие 7 модови некои дистрибуции можат да имаат и додатни модови (како на пример Slackware има мод ‘S’ / и служе за одржуванје – Singleuser)

Кога ќе се вклуче init тој прво ги изврсхува скриптите кои се наоѓаат во /etc/rc.S/S##script и продолжува да се уклуче во еден од горенаведените модови. Значи во /etc/rcS.d/ ќе се извршат скриптите пред влугување во Runlevel.

Што се наоѓа во овие /etc/rcX.d/?

Епа тука се наоѓаат линкови до скрипти и нивните информации (Дали да се уклучат или исклчат) како и редниот број по кој таа скрипта ќе стартува. Еве еден пример т.е. листање на фајловите во една ваква директорија:

S20ssh -< ../init.d/ssh
S210ppp -< ../init.d/ppp

Етц.. Сега да разгледаме еден од овие линкови. Еве на пример S20ssh.

Првата буква, S, ни ознацхува дека овој процес (честопати е скрипта) треба да се вклучи, ама некогаш оде може и да стои и ‘K’ која означува KILL и служи за исклучување на процес/скрипта
Втората т.е. бројката ни го кажува редот по кој програмата кје се активира
И третото е името (може да се крсте како и да било).

Овде најважното е да се напомене дека во овие /etc/rcX.d/ се наоѓаат само линкови од фајловите што се наоѓаат во /etc/init.d(Debian, Slackware) и /etc/rc.d/init.d/(Red Hat , Fedora), поради полесната нивна манипулација и сигурноста во тоа да не се наштете на оргиналниот фајл.

Откако ќе се прочита иниттаб, и ќе се извршат сите стартуп скрипта, зависно од тоа кој мод е наведено Linuxот да работи, компјутерот е спремен за работа.

Мора да напоменам дека локацијата на на скриптите може да варира од дистрибуција на друга, ама концептот на boot-ирање е прилично овој.

Поздрав, очекувам коментари.
 

DaciSS

Gaining Experience
3 јануари 2008
949
289
San Francisco
www.linkedin.com
бравос супер пост.

незнам што е работава со луѓево, коа ќе пише некој интересен, корисен пост, никој не коментира. Барем да го мотивираат малку авторот за и понатаму да продолжи да пишува корисни постови.

а ако беше некоја тема безвезе, ќе се утепаа од пишуење
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3.646
139
бравос супер пост.

незнам што е работава со луѓево, коа ќе пише некој интересен, корисен пост, никој не коментира. Барем да го мотивираат малку авторот за и понатаму да продолжи да пишува корисни постови.

а ако беше некоја тема безвезе, ќе се утепаа од пишуење

:bravo:

BTW Way to go Alex! :rakopleskanje::rakopleskanje:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн администрација

Статистика

Теми
45.636
Мислења
946.467
Членови
34.124
Огласи
1.997
Најнов член
Ati.K.
На врв Дно