Прво сакав да го напишам ова на темата Зошто Linux? но pешив дека ќе биде покорисно да се отвори нова тема наместо таму да се оди во (благ) офтопик... Исто така се мислев и дали ова да биде стриктна дискусија за стабилни и лесни почетнички дистрибуции, ама пошто немаме општа тема за линукс дистрибуции помислив дека второво веројатно е поприкладно.
Воедно треба да одберам и почетничка дистрибуција за средна кон постара класа хардвер за лаици и почетници на кои претежно им треба офис (Либре) и интернет/маил, со повремено прегледување на фотографии и гледање филмови/мултимедија. Се работи за пријатели и роднини кои повремено секако ме замараат за помош, а на кои вака сакам да им помогнам ( а себе си да си олеснам), па веројатно е паметно и јас самиот да ја користам истата дистрибуција. Тука засега се мислам меѓу MX Linux и евентуално Mint LMDE (со Cinnamon десктоп). Инаку десктопот треба да е што повеќе налик на олд-скул виндовс десктопите, или да може да се кастомизира со таква намера. Кај MX ми се допаѓаат MX алатките кои ги поедноставуваат некои потребни подесувања и конфигурирања, и тоа што доаѓа со преинсталиран MX Snapshots што би било корисно за бекап и правење кастомизирани дистрибуции за брзи инсталации кај други луѓе.
Дебиан би требало да биде базата на дистрибуцијата, пошто се бара стабилност со минимум можни апдејти (значи Арч и слични ролинг дистроа не влагаат во избор).
Засега тоа ми се размислувањата и сите предлози се добредојдени.
MX Linux (со XFCE), вклучува Libre Office со инсталацијата.
Ако сакаш едноставна инсталација лесна за користење и со најмалку апдејти и заебанции, мислам последните неколку години MX-от е најсоодветен за таква цел.
Jaс му се спремам на MX Linux со KDE десктоп, само уште малку истражувам што сѐ е достапно од вакви дистрибуции а освен тоа малку не ми се допаѓа тоа што KDE верзијата на MX е само месец дена стара и можеби не е баш целосно испеглана... Некои други предлози за вакви релативно минималистички дистрибуции базирани на Дебиан а со KDE десктоп?KDE Neon по мене, убав дизајн, доста лесен и clean интерфејс има. KDE десктопот е идентичен на виндоус, апдејти се прават со еден клик, исто и инсталации за повеќето програмчиња.