• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Линукс дистрибуции

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
2,922
4,120
SK
Прво сакав да го напишам ова на темата Зошто Linux? но pешив дека ќе биде покорисно да се отвори нова тема наместо таму да се оди во (благ) офтопик... Исто така се мислев и дали ова да биде стриктна дискусија за стабилни и лесни почетнички дистрибуции, ама пошто немаме општа тема за линукс дистрибуции помислив дека второво веројатно е поприкладно.


MX Linux (со XFCE), вклучува Libre Office со инсталацијата.
Ако сакаш едноставна инсталација лесна за користење и со најмалку апдејти и заебанции, мислам последните неколку години MX-от е најсоодветен за таква цел.
KDE Neon по мене, убав дизајн, доста лесен и clean интерфејс има. KDE десктопот е идентичен на виндоус, апдејти се прават со еден клик, исто и инсталации за повеќето програмчиња.
Jaс му се спремам на MX Linux со KDE десктоп, само уште малку истражувам што сѐ е достапно од вакви дистрибуции а освен тоа малку не ми се допаѓа тоа што KDE верзијата на MX е само месец дена стара и можеби не е баш целосно испеглана... Некои други предлози за вакви релативно минималистички дистрибуции базирани на Дебиан а со KDE десктоп?

Воедно треба да одберам и почетничка дистрибуција за средна кон постара класа хардвер за лаици и почетници на кои претежно им треба офис (Либре) и интернет/маил, со повремено прегледување на фотографии и гледање филмови/мултимедија. Се работи за пријатели и роднини кои повремено секако ме замараат за помош, а на кои вака сакам да им помогнам ( а себе си да си олеснам), па веројатно е паметно и јас самиот да ја користам истата дистрибуција. Тука засега се мислам меѓу MX Linux и евентуално Mint LMDE (со Cinnamon десктоп). Инаку десктопот треба да е што повеќе налик на олд-скул виндовс десктопите, или да може да се кастомизира со таква намера. Кај MX ми се допаѓаат MX алатките кои ги поедноставуваат некои потребни подесувања и конфигурирања, и тоа што доаѓа со преинсталиран MX Snapshots што би било корисно за бекап и правење кастомизирани дистрибуции за брзи инсталации кај други луѓе.

Дебиан би требало да биде базата на дистрибуцијата, пошто се бара стабилност со минимум можни апдејти (значи Арч и слични ролинг дистроа не влагаат во избор).


Засега тоа ми се размислувањата и сите предлози се добредојдени. :)
 
12 октомври 2016
22
25
Баш паметно за пријателите, доколку не бараат игри, со линукс ќе имаш најмалку обврски со одржување.

Само припази на хардверот, најголем проблем е често графичката ако нема добри драјвери, бегај од nvidia ич не си губи живци со нив, само интел или амд гледај, имаат добра подршка само да не се многу стари, интел интегрирана од втора генерација наваму е доволно јака за full-hd video 60fps на интернет да си гледаат, а амд дали беше од hd 7000 или од R5 наваму не сум сигурен, амд имаа катастрофални драјвери порано, ама последните 5-6 години им се добро средени и ќе немаш проблем, само мораш да провериш графичката да не е престара, на пример hd 5000 или постара.

За десктоп ептен го препорачувам XFCE, далеку покомплетен и постабилен е од се друго, освен ако нешто се сменило последните неколку месеци, а како главна разлика XFCE vs KDE од мое искуство би рекол:

XFCE има филозофија на наједноставен начин да овозможат најмногу функционалност.
KDE има филозофија да ти овозможи најмногу визуелни ефекти и подесувања.

Резултат на тие филозофии е XFCE е помал, побрз и постабилен, а KDE ќе те загуби во безброј подесувањата шо ги има и на крајот ќе го оставиш да те нервира како шо е.

Исто во XFCE имам плагини за панелот (таскбарот) што ми покажуваат моментална оптеретеност на CPU/HDD/Net, а под друг линукс десктоп или windows не сум нашол ништо приближно задоволително (т.е. има нешто ама ич не ми се допаѓаат). Ево како изгледа кај мене тоа моментално:

Peek 2020-10-01 16-14.gif
 

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,200
1,281
Linux Mint KDE, стабилен и практичен.

Linux Mint e базиран на Ubuntu, вториот е базиран на Debian. Мислам дека имаше и Linux Mint Debian едиција. Посекако што и да инсталираш, ќе е стабилно. Имам Linux Mint мал компјутер кој го користам како НАС, со атом процесор и не помнам кога го имам исклучено или ресетирано последен пат.
 

Koen

Gaining Experience
14 април 2010
241
78
Koen's setup  
OS
Ubuntu 19.10
Било која Убунту дистрибуција е одлична за почеток, барем ќе се знае дека нема да има големо замарање. Без вградена графичка е екстра, воопшто не би имало никакво замарање. КДЕ овие денови не е многу захтевна околина, но бара малце замарање додека не се направи се по вкус.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
2,922
4,120
SK
Гледам дискусии дека KDE сега е „полесен“ од XFCE.
Наводно се работи за значително поголем развоен тим и поактивен проект.

Не велам дека XFCE не е одличен десктоп, веројатно ќе ги пробам и двата (а можеби и Cinnamon).

Убунту планирам да ги заобиколам, најмногу заради телеметрија, иако форкови како Минт доаѓаат во обзир пошто јавно се декларираат дека истото е оновозможено кај нив.


 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,546
Мислења
820,290
Членови
28,210
Најнов член
iledimovski
На врв Дно