1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Линукс дистрибуции [препорака и совет за избор]

Дискусија во форумот 'GNU/Linux' започната од bokiscout, 1 Март 2014.

  1. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,708
    2,001
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Поприлично сум нов во светот на Linux и донекаде неискусен и недоволно добро запознаен со истиот. Првата користена дистрибуција е Ubuntu 12 и стварно немам појма зашто ја одбрав баш таа. Сум ја користел за бекап на податоци од заразен windows, чистење на заразени USB-a. Знам основни команди за работа во терминал и тоа е тоа.

    Последниве два-три месеци пробувам различни дистрибуции и се трудам да ја најадм најдобрата за мене. Ги пробав Mint, Zorin, Elementary OS и тука застанав. GUI-то е одлично, најдов алтернатива за сите програми што го користам под Windows 8 и до сега сум задоволен.

    За да не биде баш толку едноставно сакам да преминам на Arch Linux (знам дека не е user friendly) од причина што во оваа дистрибуција нема ништо. Да, тоа го сакам, празаен оперативен систем на кој ке ги ставам само оние работи кои ми се потребни и ништо повеќе.

    Би се нафатил на ваква работа ако:
    1. можам да го дотерам GUI-to да биде идентично како на Elementary OS
    2. можам да најдам соодветен софтвер
    3. е побрз од Elementary OS.
    4. имам трим за SSD-то
    5. ако 100% безбеден од автоматска дефрагментација

    Од она што ме плаши е под 2. Гледам дека одреден софтвер е наводно компатибилен само со одредени дистрибуции пример:
    Wolfram alpha mathematica.JPG

    Wolfram Alpha Mathematica 9.0 е поддржана од горенаведените дистрибуции. Ке работи ли на Arch Linux?

    Исто така бидејки форсирам перформанси (брзина) добро е да препорачате некој window manager, немора да е истиот од Elementary OS но дa може да се псотигне барем сличен дизајн. Јас би го одбрал Openobx window manager од причина што троши малце ресурси, аналогно на тоа би требало да е брз.

    Сума сумарум на горенапишаното?
    - Ke имам ли некаков бенифит од трудот кој треба да го вложам во Arch Linux или да продолжам Elementary OS?
    - Предложете друга дистрибуција која би била побрза од Elementary и може да се твикува да има сличен дизајн.
     
  2. genius

    genius
    Gaining Experience

    359
    237
    6 ноември 2007
    Не сум некој експерт за arch, но можам да ти одговорам на некои прашања.

    1) Веројатно би можел да добиеш нешто слично, ама ќе ти треба многу време за да го постигнеш тоа
    2) Ова ќе ти е и најмал проблем, не знам дали знаеш ама за arch покрај официјалниот репозитори постои и user репозитори - https://aur.archlinux.org. Каде што имаш огромен избор за софтвер. Еве го wolfram mathemtica - https://aur.archlinux.org/packages/mathematica/
    3) На почетокот сигурно ке биде побрз од elementary, посебно ако користиш само Openbox, а како ке додаваш се повеќе софтвер за да изгледа како elementary, така ке губиш на перформанси и не сум сигурно колку ке има разлика во брзина.
    За 4) и 5) не знам затоа што не користам SSD.

    Генерално arch најчесто се користи со многу малку визуелни ефекти, нормално дека може да го модифицираш, ама се губи поентата на arch со тоа (Keep It Simple, Stupid).

    Моја препорака за почеток инсталирај archbang(arch + openbox со поедноставна инсталацја) на виртуелна машина за да видиш како функционира arch и openbox и како ке ти оди модифицирањето на изгледот, ама ако ти се допаѓа elementary os не би препорачал да се префрлуваш на arch ако сакаш да го добиеш истиот изглед.

    Elementary os визуелно е правен според Mac OSX, сличен изглед out-of-the-box нема да најдеш. треба да одлучиш што ти е поважно перорманси или изглед.
     
    На bokiscout му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,708
    2,001
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Arch:
    - Голема поддршка од заедницата
    - Брзина
    - треба трпение додека да го дотераш

    Elementary:
    - Дизајн
    - Лесен за инсталација
    - поспор (но колку?)

    Една од основните причини поради која го сметам Arch за добра алтернатива освен брзината е токму големата поддршка од заедницата. Има купишта туторијали, објаснувања твикови, фируми... на кои можеш да се потпреш. Што не е случај со Elementary, барем не во моментов.

    Што се однесува до GUI, специјалнте ефекти (при минимизирање, при максимизирање, сенки... ) не ми се фетиш и секогаш ги гасам (и на windows, и на Elementary). Се што сакам е само малце боја на елементитe (window manager, dock, menubar) затоа и било која тема ке ми заврши работа.
     
  4. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,672
    331
    8 Мај 2007

    Elementary може ја нема застапеност на Arch, ама практично се што важи за убунту важи и за него, што значи има развиена заедница. Јас го користев уште од бета фазата на Luna и бев премногу задоволен. Единствено имав проблем со кулерот на лап топот на линукс а имам проблем со прегревање, па додека не земам нов лап топ морав да се вратам на windows.
     
    На bokiscout му/ѝ се допаѓа ова.
  5. edin.ademovic

    edin.ademovic
    Gaining Experience

    497
    280
    16 Февруари 2014
    Машко
    Студент
    Најбоља е Убунту за мене :) Ма да овие задњиве некако ми го кочат многу PC-то. Ма да PC-to е dualCore 1GHz :D
     
  6. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,907
    2,461
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Elementary os Luna e ubuntu 12.04 нашминкано да личи на mac os.
    Ако сакаш нешто побрзо а функционално пробај гo lubuntu, доаѓа со openbox window manager и го има софтверот што го бараш.
    Друга лесна верзија е xubuntu.
     
  7. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,672
    331
    8 Мај 2007

    Не е точно. Luna за разлика од предходната верзија Jupiter внесе многу измени. Имаат свој window manager и composer, имаат свој Gui тулкит врз основа на Gnome и имаат еден куп други разлики. Сличноста остана само во архитектурата.

    Исто така не е изработен за да личи на mac. Имаат еден куп свои идеи внесено во дизајнот. Тоа што дизајнот на Мек ги инспирира ради минималноста не значи дека е копија.

    Очекувам наредната верзија Isis да биде уште подобра, но кој знае кога ќе дојде.
     
  8. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,708
    2,001
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Негде прочитав дека ке биде годинава при крајот на Април.

    Токму тоа е поентата, за разлика од другте линукси ова е оut of the box со убав дизајн, мада не е проблем на билојка дистрибуција да сменам скин.

    Што се однесува до дистрибуцијата воопшто не ми е битна која е, само да е брза и да ми работат програмите (wolfram alpha mathematica е само рандом пример за (не)компатибилна програма). Во секој случај ке ги пробам и овие две па да видам колку и дали се побрзи од Ubunti, mint, Arch и Elementary.

    До сега мора да кажам дека Arch Bang ми е некако помазен од Ubuntu, mint и Elementary али имајки во предвид дека нема никакви програми на него а инсталирањето на истите е pain in the ass... кузнае дали ке се испалти трудот на крај зашто разликата во брзина и респонзивност не е ептен голема.
     
  9. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,672
    331
    8 Мај 2007
    Чисто сумјам ... Elementary имаат политика : It's ready when it's ready.
    Не си поставуваат рокови. До сега немаат пуштено ни алфа верзија што значи некаде 2015 веројатно ..

    Luna беше во алфа + бета верзија скоро цела година.
     
  10. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,708
    2,001
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel

    Извор: wikipedia

    Еве го и документот кај што Daniel Fore го објавува тоа.

    И, да како што реков нешто сум пточитал ама не сум дочитал. Ubuntu ке има ralise во април а ова отом потом.
     
  11. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,672
    331
    8 Мај 2007

    Овде мојш да пратиш до кај се... мене ми изгледат дека немат да извает стабилна верзија во 2014 ...https://launchpad.net/elementaryos/+milestone/isis-beta1

    Ама доброто е шо и бетите кај нив се обично прилично стабилни.
     
  12. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,907
    2,461
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Нешто со што си играв деновиве па како идеја:
    Можеш да го инсталираш debian и тоа само основното јадро 222 MB преку netinstall (инаку многу стабилен оперативен кој екстензивно се тестира пред да се пушти во употреба).
    Потоа преку терминал го додадов openbox како gui и само програмите кои ми се потребни.
    Debian има repositories колку душа ти сака и можеш да го обликуваш по твоја желба.
    Крајниот резултат што го добив беше стабилен, мал, брз систем, без ниту една вишок програма.
     
    На bokiscout му/ѝ се допаѓа ова.
  13. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,907
    2,461
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    На bokiscout му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,708
    2,001
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Одлично инфо, ке го пробам Debian.

    Да резимирам од она што го искусив до сега:

    - Elementary најубав дизајн, пробан и на SSD побрзо бутира од Wndows но при работа како да има некој лаг, можда е до виртуелката (VM Ware). Не е за тие што преферираат перформанси.

    - Arch, бутира ептен брзо 3-4 секунди побрзо од Windows, програмите летаат особено на SSD, лаг никаков и не е толку тежок за сетап и работа. Арно ама после regular update знае да се багне некој осфтвер па треба ситна интервенција. Ако сакате стабилен систем и секогаш спремен за работа имате две решенија, не апдејтирајте или не користетe Аrch. Апдејтирајте кога сте расположени за решавање на багови.

    - Другите ги ставам во исто купче пошто ниту се брзи како Arch ниту лични како Elementary.

    И генелрано да додадам дека наоѓањето софтвер воопшто не е проблем за моја среќа :D се се наоѓа, се си работи.
     
    На goranzoran му/ѝ се допаѓа ова.
  15. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,907
    2,461
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Ќе добиеш нешто поразлични резултати ако ги ставиш на реална машина, посебно на лаптоп. Повеќето го прегреваат дискот, некои немаат wifi support, други даваат слаб звук, трети кочат кога се користи флеш, четврти иако многу лесни на ресурси сепак ја цицаат батеријата побрзо од windows. Треба доста тестирање и оптимизација на реална машина за да се состави идеален линукс баш за тој компјутер.
     
  16. dachosd

    dachosd
    Intern

    10
    2
    11 Декември 2014
    Машко
    Според мое лично искуство во годините наназад за десктоп најдобар ОС е Ubuntu, додека за сервер платформа изборот ми е CentOS. Последниве верзии на Ubuntu се навистина баратели на повеќе хардверски ресурси, поготово на RAM. Но и за тоа има решение, бидејќи не мора да се користи Unity за GUI има навистина широк избор за GUI-a кои не се толку захтевни на хардверски ресурси.
     
    На borcep и Oktar им се допаѓа ова.
  17. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,708
    2,001
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Па не би рекол дека е многу захтевен, Ubuntu 14.04 so Unity 7 троши околу 300 - 350 MB RAM, a осакатен со минимална инсталација троши околу 220 - 250 MB RAM што во нитуеден случај не е голема количина.

    Кој и зошто е најдобар е релативна работа. Генерално гледано Ubuntu е добар за почетници затоа што има многу How To туторијали ама па и нивниот форум им е полн со нубови и глупави и некорисни одговори. Неколку пати одам таму и сум разочаран од тоа што го добив за одговор.

    Debian > Ubuntu. На нивни форум кога ке псотавиш прашање многу брзо добиваш убав темелен одговор, чак и те насочуваат да го решаваш проблемот на поинаков начин од она кон кое првично си целел. Гплем плус во однос на Ubuntu.

    Arch е добар, ама за кусо време се "скрши" и тоа по моја вина, направив update на слепо без да видам што е ново. Пошто нејкам да ми се деси повторно сменив дистрибуција. Затоа пак форумот им е полн со едуцирани момци. Огромна поддршка за било кој пролем. Патем AUR е убедливо најмоќниот начин за инсталација на пакети бидејки нема потреба да гуглаш за истите (пример: да барш PPA за Debian/Ubuntu). Ако го нема пакетот во официјални репозитори мора да го има во AUR.

    Manjaro > Arch. Исти пакети, пристап до AUR, имаат сопствени GUI алатки за инсталација на драјвери и менување кернел... ептен user friendly. Пакетите ги држат 2 недели и ако треба нешто да се промени они менуваат место тебе, ти како кран корисник добиваш пачуван пакет и не се секираш дека нешто ке се скрши. Форумот им е така-така, има спремни момци ама некогаш треба и да почекаш ден-два за да добиеш одговор, ако тој не е соодветен можеби ке чекаш и недела дена за нов ама ке го добиеш кога тогаш.


    Од досегашново патешествие, секој втор месец нова работна околина и дистрибуција додека да ги пробам сите на крај останав со Ubuntu на десктоп само поради тоа што Unity не е портнат на друга дистрибуција а токму на Unity имаме целосна имплементација на Global Menu а HUD ми е омилен и must have feature и само поради овие 2 работи не мрдам на друга околина и дистрибуција.

    За лап-топ и стари машини преферирам Manjaro со Awesome WM. Троши малце ресурси, ~ 100 MB RAM, незначително ама сепак помалце ја троши батеријата со убаво сетиран TLP или LapTop Mode Tools, имам tileing и stack и лесно (со шорткат) менувам помеѓу двата layout-и, бидејки целата конфигурација за Aeesome WM е во програмски јазик LUA можностие за диктирање workflow се огромни... Overall it is really Awesome освен ако не ти фалат global menu и HUD.


    Пошто во горните псотови многу го форсирав Elementary, мора да кажам дека сум разочаран. На почеток ми беше супер ми бепе личен, се додека не ги пробав другите околини и не ги видов нивните features, згора не се многу е out of date.

    KDE ме бендиса поради можноста да ставам различни програми во ист прозорец како табови. Cinamon има најдобар snap, автоматски ти ја стеснува активната програма ако snap-уваш нова за да не ти ја покрие. XFCE, LXDE, и LXQT се во исти кош малце ресурси ама се осакатени на fetures а за малку ресурси користам АwesomeWM, притоа panatheon не ми понуди ништо уникатно.


    Во глобала секоја дистрибуција и работна околина е добра, треба само да ги пробаш сите за да дознаеш која ти е најдобра.
     
    DarkEnchanter, genius, kirev и на уште 1 им се допаѓа ова.
  18. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,322
    9,657
    23 oктомври 2012
    Машко
    И мене ми се деси истото со Arch... се изнамачив додека го инсталирам и сетирам, после беше милина за користење и вистина, community-то е феноменално, ако имаш некој проблем и некој претходно го пријавил, знаеш дека одговорот е точен и ке ти го реши и тебе проблемот, за разлика од Убунту каде преку 30% од решенијата врска немаат. А на AUR, нема што нема... и така еден ден кликнав апдејт... и веќе не се подигна... и ми беше мака да се заебавам со него, и прејдов на Убунту.
     
  19. Zimrie

    Zimrie
    Gaining Experience

    473
    110
    11 Април 2008
    Машко
  20. krema

    krema
    Professor

    9,077
    8,811
    24 Јуни 2009
    Машко
    Linux Mint - Mate кај мене работи одлично !
     
    На Zimrie му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Zimrie

    Zimrie
    Gaining Experience

    473
    110
    11 Април 2008
    Машко
    исто, моменталну сум на Mint - Mate, а Mate не менувам. Класика
     
  22. krema

    krema
    Professor

    9,077
    8,811
    24 Јуни 2009
    Машко
    Кога веке зборуваме за Mint, мислам дека Mate е подобар од Cinnamon :D
     
  23. emet_

    emet_
    Гостин

    пишувам во малку застарена тема бидејќи нема некоја посебна потреба да отворам нова, а во меѓувреме се излезени понови верзии, конкретно станува збор за Linux Mint 17.2.

    ме интересира за ваши мислења на Xfce и KDE.
    која верзија повеќе ви се допаѓа или ви помага при работа особено за развој на Laravel или Symfony?
     
  24. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,708
    2,001
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    KDE 4.X > all, 5kata seushte ima neimplementirani feature-i i tuk-tamu po nekoj bug i crash.
    -Mint KDE e ustvari rebrendiran kubuntu, a kubuntu e super.

    Ne rabotam Larvel nitu Symfony ama ke ti kaam zbor dva za KDE t.e deka ima specificni features i toa :
    - Povekje programi da vgnezdish vo eden prozorec, skoja programa si dobiva sopstven tab vo soodvetniot prozorec (go nemash na XFCE)
    - Alt tab na programi od site desktopi i/ili alt-tab na programi samo od momentalniot desktop, i/ili alt-tab samo na instanci od istata programa. Site varijatni dostapni istovremeno (go nemash na xfce, ili imash samo edna od niv vo daden moment ne mi tkenuva bash)
    - Lesno se postavuvaat custom parametri za kako da se odnesuva dadena programa od tipot na: na koj desktop da se startuva, so kolkava golemina, dali da se staruva minimizarana, dali da ja ima li nema vo alt-tab, dali da ja ima ili nema vo task-bar, dali da dobiva foskus pri otvaranje ili da se startuva vo pzoadina... Kupishta.
    - Dolphin e super, odzipufash arhivi samo so drag and drop, znachi nemash potreba od desen klik i biranje od menito.
    - Kmail e super integriran so korganizer i kalendarot. Mozesh da preprakjash sodrzini povegju niv.
    - kalendraot na saatot priakzuva eventi od korganizer, priakzuva vreme od povekje vremenski zoni itn...
    - Snap na polovini i chetvrtini od ekranot
    - Skripti za tiling i kup drugi stvari (povekje na kdelook.com)

    Generalno feture-i koi gi nema vo XFCE ili se polovichno implementirani.

    Inaku KDE minimalna instalacija so izgaseni efekti, servisi, daemon-i, indeksiranje i ostanati opcionalni stvari moze da se spusti do 300 MB ram i <1% CPU usage (i5 2500 za referenca). Sose se vkluceno ke korsiti okolu 1 GB i < 2% CPU. Generalno odlichno menadzira resursi. Ali specijalnite efekti mu davaat chustvo kako da e spor, mozesh da gi zabrzash ili da gi izgasish vo celost.

    Sto se odnesuva do XFCE obavezno stavaj PPA za poslednata verzija, ima podobren vsync ama seushte se primetuva tearing od vreme na vreme, ima snap osven na polovina ekran dodana e i moznost za chetvrtina od ekranot. Na drugo nemozam da se setam.

    Inaku ako koristish KDE obavezno koristi i programi so QT interfejs, izgledaat mnogu poubavo odkolku GTK aplkacii. Primer Thunderbuird zameni ja so kmail. Transmission so kTorent, meld so kompare...

    Jas bi odbral KDE ili Unity pred bilo shto drugo dokolku imash dovolno mokjen hardware, vo sprotivno standalone window manager kako openbox, fuxbox, awesome... XFCE mi e ni vamu ni tamu nekade vo sredina, vajda dobro za tie sto se knap so resursi a nejkat da konfiguriraat kupishta sitnci tuku sakaat pali-vozi.

    Najubvao da si gi probash dvete po mesec dena i ke znaesh shto ti lezi povekje. Osobeno za KDE ti treba tora povkje vreme da go koristis budejki ima ton stvari so koi mozes da manipulirash, treba da gi probash site i da ti razmislish kako da gi iskoristish za da si napravish efikasno workflow.
     
    Oktar, emet_ и на DarkEnchanter им се допаѓа ова.
  25. emet_

    emet_
    Гостин

    @bokiscout blagodaram za iscrpniot odgovor.

    vo meguvreme trgnav da smenam od xfce vo kde ama zaglaviv so grub... mi se izmesaa tabelite za butiranje.:(
    sea krajot nema da go najdam.:boring:
     

Сподели

Вчитување...