1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Лингвистика

Дискусија во форумот 'Off-topic теми' започната од Daniel86, 21 Февруари 2020.

  1. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,752
    7,175
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    ^Мене ми касни две недели.. :D
     
    На HardCorec, Rikimaru, Luca Toni и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. Rikimaru

    Rikimaru
    On your way to fame

    709
    652
    26 Март 2016
    Даскал
    Не се навредувај, ова не е ништо лично, меѓутоа како лингвист најголем тригер ми е погрешното пишување и изговарање баш на овој специфичен збор од сите јазични грешки што ги гледам. Причината која што го мразам сВати е тоа што луѓето намерно така го пишуваат водени од чувство на надменост.

    Всушност, лексичките единици на секој јазик се неминовно поврзани, посебно во случаи на зборообразување од други постари лексеми. Во овој случај, сфати етимолошки е поврзан со постариот фати. Не велиме Вати, така? Само за овој збор гледам да коригирам поради мотивот на правење на јазичната грешка. Инаку немам никаков проблем со намерни грешки од типот на дијалектизми, па ни со ненамерни грешки при пишување на тастатура (typos). Меѓутоа ова е грешка со залудна намера.

    Поздрав, имај убав ден. Барем еднаш да го прочиташ ова пред да го избришат од администрација и да ме укорат дека ова не е форум за лингвисти. Меѓутоа, од една страна инсистираат на пишување на кирилица, што значи имаат чувство за зачувување на јазикот.


    yN6ySJnWBf.png
     
    Последна промена: 22 Февруари 2020
    На CBB_6, borcep, FLEGMA и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. Avid

    Avid
    Guru

    4,262
    6,357
    21 Јануари 2009
    Ова поретко. Не ги преценувај.
     
    На Маша и Rikimaru им се допаѓа ова.
  4. Deksa

    Deksa
    Gaining Experience

    434
    290
    9 Февруари 2012
    Машко
    Nema zosto ova da se brise, bas e poucno I bi se nadovrzal so "prodavam graficki KOJ se cisteni sekoj mesec" namesto KOI :)

    Sent from my SM-G965F using Tapatalk
     
    На xhktw и Rikimaru им се допаѓа ова.
  5. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,174
    1,190
    2 Август 2009
    Се чувствувам како да го слушам наставникот што отсекогаш го сакав, а не го заслужував. :D
     
    На Deksa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 123456

    123456
    On your way to fame

    1,032
    565
    12 Април 2013
    Машко
    Леле пување леле леле,,, јас имам можеби 100 нарачки и сум Дајмонд член, кој знае какви ефтиноча од нарачки си правел хехехе.
     
  7. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,532
    12,776
    2 Август 2012
    Машко
    @Rikimaru
    Земи напиши им писмо на "Скопска пивара" дека името на фирмата им е со граматичка грешка.
    Ништо нема да постигнеш ама нека им тежи на совеста :)

    Истото, како што гледаш, важи и за "пекара", "млекара", "книжара"...

    Колку сме писмени најдобро се гледа на "Пазар 3", "Реклама 5", по Фњмини, Кајгани, Мотики..

    Овдека состојбата со граматиката не е толку очајна. Напротив.

    over and out
    :)
     
    На borcep и Rikimaru им се допаѓа ова.
  8. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,234
    1,283
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    и шо сеа? треба да се врнам во прво одделение?
    слушнал ли си ти за дијалекти?
    како сакаш свати ме, сфати ме, фати ме, исто му доџе.
    сеа може некој ќе каже и нова реченица почнува се со голема буква, па шо.
    мое право е ја како ќе се изражавам, а твое право е ако знаеш да одговореш во врска со темата.
    ти зачувај си го јазикот, јадеш грчка салата, шведска маса, идеш у полски ве-це, пиеш руска воДка, грчко узо, турко кафе, ЖИВЕЛА МАКЕДОНИЈА!
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rikimaru

    Rikimaru
    On your way to fame

    709
    652
    26 Март 2016
    Даскал
    Ти напишав немам проблем со дијалектизми и намерни грешки каде корисникот е свесен за нивната погрешна употреба. Ги користам дијалектизмите и го поддржувам нивното користење. СВати не е дијалектизам туку единствено ортографска грешка (писмена грешка), бидејќи никој не го изговара и не може да го изговори во нормален изговор тој збор со В поради нешто наречено едначење по звучност.

    Едначење по звучност — Википедија

    Знаејќи дека не постои таков изговор на тој збор, тоа значи дека е грешка со намера да не е грешка. Затоа напишав дека луѓето често ја прават таа грешка сакајќи да покажат дека се писмени. Да си ги користиш дијалектизмите инаку секој ден бидејќи се јазично богатство.
     
  10. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,234
    1,283
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    од кога едначење по зфучност било проблем на форумоф ?
     
  11. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,532
    12,776
    2 Август 2012
    Машко
    Ајде, ајде..
    Нека не ти се рони бисерот :)

    Во Словенија пратениците кои не запазуваат минимум граматика добиваат титлување или превод.
     
    На ivan88 и Маша им се допаѓа ова.
  12. Rikimaru

    Rikimaru
    On your way to fame

    709
    652
    26 Март 2016
    Даскал
    [​IMG]
     
  13. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    504
    279
    18 oктомври 2019
    Машко
    Кога веќе зборуваме за темата, иако како што претходно кажа ова не е форум за лингвистика, сепак...

    Тригер - Чкрапало или Чкрапец

    Инаку и јас сум за правилно пишување и изговор, секој според своите можности и знаења. Меѓутоа во целата оваа еуфорија се греши очигледно. Намерно или ненамерно останува ексклузивно право на авторот....
     
    Последна промена: 22 Февруари 2020
  14. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,644
    1,897
    25 Март 2013
    Машко
    Момци бе, ова стана се освен тема за Алиекспрес.
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rikimaru

    Rikimaru
    On your way to fame

    709
    652
    26 Март 2016
    Даскал
    Намерна употреба на интернационализам бидејќи англискиот е далеку далеку побогат јазик каде зборовите се групираат во многу густи и нијансирани семантички облаци. Во тие семантички нишки врзани поради степен на сличност, зборовите се врзуваат еден до друг зависно нивната семантичка сличност.

    Кога ќе го спротиставиш цел тој семантички облак со еден збор од словенско потекло во нашиот јазик, немаш избор освен да искористиш интернационализам бидејќи значењето што сакаш да го пренесеш не се поклопува 100 проценти со значењето на тој единствен збор од словенско потекло.
     
  16. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    504
    279
    18 oктомври 2019
    Машко
    Напротив, во Македонскиот јазик има апсолутно соодветен збор со кој би ја интерпретирал својата мисла. Наспроти англиското значење на зборот trigger. Зборовите чкрапало или кутнувач точно го изразуваат значењето на зборот (чкрапало на пушка), кој не е адекватен на твојата мисла во реченицата. Мислам дека повеќе би одговарало придвижувач.
    Како што можеш да забележиш, имаме конкретни зборови со кои можеш точно да ја интерпретираш својата мисла. Наспроти зборот trigger во англискиот јазик кој може да има повеќе значења. Не го фаворизирај англискиот јазик.

    Во секој случај се изФади.
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rikimaru

    Rikimaru
    On your way to fame

    709
    652
    26 Март 2016
    Даскал
    **долг текст, не читај ако не ти се чита**

    Јазикот можеме да го проучуваме надвор од контекст, меѓутоа оживува, се развива и се афирмира (намерно искористен интернационализам) преку употребата. Контекстот (најди ми словенски збор којшто 100 проценти го пренесува значењето) е лепилото. Исто така, гледајќи од дескриптивниот пристап на проучување на јазикот, корисниците се движечката сила во неговиот развој. Најди ми барем еден пишан случај во целиот корпус (легитимна употреба бидејќи е научен термин) на нашиот јазик каде зборот чкрапало или кутнувач бил искористен да се пренесе значењето на „тригер“ во мојот текст.

    Исто така, причината за постоењето на јазичниот апарат е олеснување на меѓучовечката комуникација. Моето „тригер“ ќе биде разбрано од сите бидејќи сме изложени и потопени во англиската култура. „Чкрапало“ го кочи текот на таа реченица бидејќи неговата употреба е синтетичка/наметната во овој случај. „Придвижувач“ исто така се користи надвор од својата комфорт зона. Ист е случајот со хрватите пуристи што формираат нови вештачки зборови само да ги напикаат интернационалните концепти во словенска кожа. Јас сум ЗА користење на словенски зборови само ако имаш достоен збор којшто го пренесува целото (не близу) значење на странскиот збор.

    Интересен факт: Нашиот толковен речник вклучува само 100.000 зборови од словенско потекло. Само кога ќе додадеш и интернационализми, таа бројка се зголемува на 250.000. Значи, лексиконот на мак. јазик вклучува бројка поголема од оригиналната бидејќи тие зборови пренесуваат значења и концепти коишто не се доловуваат во ограничениот словенски свет (јазикот е најдиректно поврзан со околината на корисникот - 0 зборови за снег во Африка -- луѓето близу Килиманџаро го нарекуваат сребро, а 15 зборови за различни видови снег од домородците околу Арктикот --).

    Англискиот јазик од друга страна вклучува НАД 1 000 000 МИЛИОН лексеми коишто влечат потекло од скоро секое ќоше во светот поради историскиот идентитет на Англија како најголем колонизатор (не користам освојувач бидејќи освојување не е исто со колонизирање). Ама англиската јазична политика им ја отвора вратата на сите јазици без дискриминација. Таа политика ми се допаѓа. Понатаму, бидејќи нивниот јазичен фонд толку пораснал и се уште расте, нивните лингвисти гледаат да ги групираат сите синоними од различно потекло на една иста семантичка нишка што му дава голем избор на корисникот на збор прикладен за даден контекст.

    Пр.

    1. weep (англо-саксонско потекло) - да испушташ солзи поради огромна тага којашто вклучува емоционална инвестиција кон нешто блиско до личноста.

    2. cry (француско потекло) - процес на плачење без разлика на причината.

    3. sob (холандско потекло) - messy плачење со губење на здив, дива енергија, итн. итн.

    4. bawl (англо-саксонско потекло) - слично на weep меѓутоа со елемент на гнев.

    Кај нас weep, cry, sob и bawl се преведуваат со плаче (ако бараме 1 на 1 превод) бидејќи таа ни е ограниченоста. Weep, sob и bawl исто така ќе треба да се преведуваат описно со пример „лее солзи“ или со зборот липа. Тука се гледа сиромаштијата на нашиот словенски корпус во јазикот кога тие семантички нијанси не може да се пренесат со еден збор од словенско потекло. А случајот со „чкрапало“ се случува бидејќи немаме баш таков еден на еден превод, а постојат луѓе кои инсистираат да се создадат нови зборови или да се наметне ново значење на веќе постоечки зборови, ама тој процес на развој а присилен.

    интерпретира
    апсолутно
    aдекватен
    конкретни
    фаворизирај

    Ова се сите интернационализми коишто ти прикладно (адекватно) ги користиш во твојот дискурс. Не ми штети нивната употреба бидејќи текот на мислата тече природно и јасно. Глобализмот е едно од лицата на постмодерната реалност во којашто живееме. Се е измешано и е крпеница од различни култури. Зошто на пример не се обиде да најдеш зборови од словенско потекло или описно да ги опишиш овие концепти? Бидејќи нема директен, комплетен превод во секој случај. Затоа.
     
    Последна промена: 22 Февруари 2020
    На farkizz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    504
    279
    18 oктомври 2019
    Машко
    Од волку плачење и пролевање солзи, можеше едноставно да напишеш дека едноставно не ти се допаѓа изразот придвижувач. Ќе ти дадев поадекватен збор - поттикнувач. Именка - машки род. Во англиски јазик "initiator".

    Да не ја оптеретуваме понатаму темава со нешто што не е соодветно.
     
  19. Rikimaru

    Rikimaru
    On your way to fame

    709
    652
    26 Март 2016
    Даскал
    Поентата ми беше, потешко е да доловиш пролетен пејзаж со само две бои, отколку кога би имал цела палета бои. Кој и да било словенски збор да искористиш, не го пренесува целосното значење во тој даден контекст туку само делумно.
     
    Последна промена: 22 Февруари 2020
  20. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,752
    7,175
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    А да си отворите посебна тема за лингвистика? И јас имам доста примедби ама не им е тука место.
    @Fatal1ty_
     
    На Rikimaru и 123456 им се допаѓа ова.
  21. Rikimaru

    Rikimaru
    On your way to fame

    709
    652
    26 Март 2016
    Даскал
    hahaha... вака надвор од контекст и од точната тема, ова звучи како да зборуваш за менструација.
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,752
    7,175
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Тоа и ми беше поентата само некако се изгуби контекстот после бичкијата на симо :D
     
  23. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,234
    1,283
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    E9494E7C-6EB0-420D-908A-47CBC0E7B13B.jpeg
    :D
     
    На Маша му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,542
    25,649
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    На Pulse му/ѝ се допаѓа ова.
  25. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,188
    4,635
    4 ноември 2013
    Машко
    Ц.ц.ц.ц...
    Пак да не користиш ку*тон.

    Како е планот, ке го родиш или???
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...