• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Лични податоци на неколку илјади студенти се шират по и-мејл

  • Ја почнал/а темата
  • #151

D

Администратор
31 март 2007
3,307
2,028
www.iwmnetwork.com
Јас да сум како вас нема да го тргам се додека не дојде писменото барање. Кога ќе дојде писменото барање ќе се консултирате со адвокати и ќе поднесето приговор, се додека до крај нема развршница не тргајте ништо оти вака испаѓа дека само со еден телефонски повик сте ја свиткале кичмата.
Дојде писменото барање, се консултиравме со адвокати.

Знаеш дека право и правда се две различни работи?


Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
3,000
509
www.ibiz.mk
Сервисот е супер, може ве контактирале оти ги информирале сите кои биле на таа листа.
Одговорив на мејлот али не добив одговор оти лозинките не биле криптирани
Untitled.jpg
 
  • Ја почнал/а темата
  • #154

D

Администратор
31 март 2007
3,307
2,028
www.iwmnetwork.com
И што кажаа адвокатите ако не е тајна?
Правото е на нивна страна
И што кажаа адвокатите ако не е тајна?
Дека правно се државна институција и дека законите се на нивна страна, по што заедно ја уочивме разликата помеѓу право и правда. :)

Контрирање значи управни судови, управни постапки и сл, а кога веќе надлежните од ДЗЛП не сакаат да разговараат со нас и само писмено не известуваат нема логика да си трошиме време и ресурси.

Инаку сега објавивме на FB мислење:

...правото е на нивна страна ако го игнорираш фактот дека базата е веќе протечена во јавноста и се разменува помеѓу стотици студенти и дека IT.mk тука се обиде само да помогне, јавно истакнувајќи дека имаме пристап само до и-мејлови и притоа преземајќи ја одговорноста да не ги злоупотребуваме податоците.

Откако забележавме еден куп барања од студенти за дали се во базата или не, и забележавме дека студентите си ја препраќаат се решивме да го направиме овој сервис но базиран само на и-мејлот како податок за проверка. На нашиот сајт стои и правно кој е одговорен за сајтот и разбирајќи ја нашата позиција, доверба стекната низ годините и одговорност се решивме да овозможиме ваква проверка и да им олесниме на затекнатите.

Во ред е барањето на ДЗЛП доколку и самите направија таков сервис, по чие јавно истакнување ќе побараа од нас да го отстраниме сегашниот сервис.

Вака се крие транспарентноста на кои податоци се протечени, чии лични податоци се злоупотребени и единствениот начин за проверка е да се контактира некој кој ја има базата и или да ја препрати или истиот да ја провери, со што се нарушува во секој случај приватноста.Т
 
Последна промена:

Luidgi

On your way to fame
24 февруари 2008
810
836
Како награда од Машински Факултет за студентите им учукаа 2000 денари од предмет за полагање во казнена сесија, досега беше 1000 ден. Врв. :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #157

D

Администратор
31 март 2007
3,307
2,028
www.iwmnetwork.com

pipelin

Practice makes perfect
8 мај 2010
1,499
1,127
pipelin's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 3210M @ 2.50GHz
Motherboard
FUJITSU FJNBB1C (CPU Socket - U3E1)
Storage
Samsung SSD 860 QVO 1TB
RAM
16GB DDR3 SODIMM
Video card
Intel HD Graphics 4000
OS
Windows 10
Овие крлежи го кочат цел систем на развивање во државава, толку се упикани внатре што и да се обидеш нешто да промениш ќе бидеш критикуван или казнет, не зборам само за ДЗЛП, општо повеќето институции кај нас.
 

ThundeR

Gaining Experience
7 октомври 2009
240
54
Скопје
ова е тој коментар

Во однос на случајот со неодамнешното споделување на лични податоци на студенти од Машинскиот и други факултети, Трајковски информираше дека вонредниот инспекциски надзор на овој факултет при УКИМ е во завршна фаза. – Додека траеше надзорот се она што е алатка на законот во дел на санирање на настанатите штети веќе е преземено по наши насоки од страна на Машинскиот факултет. Останува да ги известиме сите засегнати студенти со нашите наоди за да може да си бараат одредени права во граѓанските постапки пред судовите во Република Македонија, рече Трајковски.
 

kebe

Gaining Experience
29 март 2012
217
178
Денеска да ти било нивен празник. :D

ДЗЛП денеска организираше настан на кој се одбележа 28 јануари – Денот за заштита на личните податоци

Трајковски: Личните податоци се високо ризична група во светски рамки
(Не) Ми се допаѓа дволичноста што ја практикувате. Написите на порталот изгледаат како да се борите за некаква дигитална слобода и зачувување на приватност.

Од друга страна на форумот имате милион рестрикции заради кои секој ден некој член се жали ама вие се правите на удрени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avid
  • Ја почнал/а темата
  • #162

D

Администратор
31 март 2007
3,307
2,028
www.iwmnetwork.com
@bibil на пример какви рестрикции? Ова изгледа дека ке тераш оф топик ама ке прашам па по одговорот ќе ги префрлиме постовите во нова или подтоечка тема...

Ограничувањето на три теми? Тоа више го објаснивме. Други примери?


Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 

kebe

Gaining Experience
29 март 2012
217
178
@bibil на пример какви рестрикции? Ова изгледа дека ке тераш оф топик ама ке прашам па по одговорот ќе ги префрлиме постовите во нова или подтоечка тема...

Ограничувањето на три теми? Тоа више го објаснивме. Други примери?


Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
Мислењето е он топик.

Ете погоре те цитирав каде се потсмеваш на ДЗЛП затоа што не си ја вршат работата. Се потсмеваш зашто тие во јавност објавуваат „ние се грижиме за приватноста“, а реално скоро ништо не превземаат, само онака фигурираат.

И да ти кажам право во ред е тоа, и јас немам доверба во државни институции.

Ама целиов проблем е што и ти самиот го правиш истото што го прави и ДЗЛП. И самиот на порталот се претставуваш како да се грижиш за ете слободи и приватности, а сепак ги прекршуваш тие ставови за кои јавно се залагаш.

Ќе те цитирам во другата тема за ограничувањето од 3 теми.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #164

D

Администратор
31 март 2007
3,307
2,028
www.iwmnetwork.com
Мислењето е он топик.
Топик на темата е протокот на лични податоци во случајот со Машински факултет. Не твоето лично мислење за администрацијата.

Ама целиов проблем е што и ти самиот го правиш истото што го прави и ДЗЛП. И самиот на порталот се претставуваш како да се грижиш за ете слободи и приватности, а сепак ги прекршуваш тие ставови за кои јавно се залагаш.
Мешаш баби и жаби, но очигледно си на цврст личен став и не сакаш да отвориш очи и реално да погледнеш на ситуацијата. Тоа што нерегистрирани корисници можат да читаат само 3 теми во 24 часа без регистрација нема никакви врски со слободи и како што велиш приватности.

IT.mk е комерцијален проект кој има и општествена одговорност, сите сакаат стабилност на сервери, добра содржина, администрација, а за сето тоа треба ресурси. Ако ние утре решиме да имаме и премиум содржина која се наплаќа тоа не значи дека прекршуваме слободи и пак те цитирам - приватности, едноставно нудиме нешто за кое што мислиме дека има вредност и го монетизираме.

Проектов за да функционира мора да има некоја одржливост, правилото за три теми ограничување за нерегистрирани во 24 часа е дел од тој план за оддржливост и профитабилност на IT.mk.

Мене ми е јасно дека ти можеби сакаш сајт без никакви грешки и ограничувања, без реклами, со најдобра и навремена содржина, куп рецензии и сето тоа бесплатно. Но биди реален и размисли за оддржливоста на истото.

Ептен оф-топик идеш со темава, и за да не коплицираме ќе те замолам ако сакаш да идеме на широко со твојот став, отвори нова тема не објавувај на истава. Оваа тема е само за случајот со машински факултет и ингеренциите и постапките на ДЗЛП во врска со случајот.
 

noc32

Intern
21 март 2016
10
4
Дали ќе може некој да ми прати линк од базата по ПП да проверам дали ме има и мене?
 

hipo

Practice makes perfect
27 јануари 2011
1,719
1,544
sistrum.mk
Момче дали знаеш да читаш?
Прочитај погоре во темава што пишува.

Прво милење и одма бара забранети информации...да не си вработен во ДЗЛП па бараш жртва да ти прати база?
 

AleksandarCaki

Practice makes perfect
19 јуни 2015
602
1,310
Скопје
AleksandarCaki's setup  
Processor & Cooler
I7 8700k 5.0ghz 1.37v(manual mode) *Delided, CM Nepton 240m (4x Corsair ML120Pro RGB)
Motherboard
Asus z370-e Strix
Storage
Samsung 960 Evo 250gb, Samsung 850 pro 256gb, Samsung 850 pro 512gb, WD Black FZEX 1tb, WD Blue EZEX 1tb
PSU
Cooler Master V850 - Fully Modular 850W 80 PLUS Gold
RAM
HyperX Fury RGB DDR4 32GB 3200MHZ CL16
Video card
MSI Duke 1080ti OC, 2025core, 12000 mem + Kraken X41 + Kraken G12 bracket + 1x Corsair ML140 Pro LED RGB
Case
Corsair Air 540 (3x Corsair ML 120 Pro LED RGB)
Mouse
Logitech g502 Proteus Spectrum, Logitech g700s
Keyboard
Coolermaster Masterkeys PRO L RGB, cherry mx red
Audio
Creative Sound BlasterX Katana
Monitor
LG 34GK950G 34" 120hz G-Sync 3440x1440
OS
Windows 10
^ Internet Explorer :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,517
Мислења
858,447
Членови
29,932
Најнов член
Sladzana.Angjelkovska
На врв Дно