• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Лични податоци на неколку илјади студенти се шират по и-мејл

  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,270
1,909
www.iwmnetwork.com
Лични податоци на студенти кои се запишани на Машинскиот, но и на други факултети се споделени на имејл испратен до стотина студенти на МФ, јави Радио МОФ. Најголем дел од податоците се на студенти од Машинскиот факултет. Според адресата ([email protected]) податоците се споделени од главниот и-мејл на факултетот, но останува нејасно дали е направен превид, дали поштата е хакирана или се работи за маскирање на испраќачот, или па за комплетно лажна датабаза.

Станува збор за чувствителни податоци, па освен бројот на индекс, дел од споделените податоци во и-мејлот се:

  • корисничко име;
  • датум на раѓање;
  • пол;
  • адреса на живеење;
  • град;
  • телефонски број;
  • електронска пошта;
  • и лозинка за факултетската електронска пошта;

Повеќе инфо @ https://www.it.mk/lichni-podatotsi-na-nekolku-iljadi-studenti-se-shirat-po-mejl/
 

Luidgi

On your way to fame
24 февруари 2008
807
840
Ми ја препратија колеги и мене базата. За среќа ме нема во листата. Страшна работа.
Неколку мина ми потврдија дека лозинките се точни и потекнуваат од iKnow. Зошто некој ги има лозинките во plaintext треба да објаснат надлежните од МФС. Исто така потврдена е точноста на телефонските броеви и адресите.

Очигледно е дека е некој dump од некоја си база.

Не е ни чудо со оглед на тоа како им се "заштитени" серверите.
 

ThundeR

Gaining Experience
7 октомври 2009
240
54
Скопје
базата го содржи следново за 4740 луѓе

id usr pass name surname birthdate sex mail type address city phone mob uni fax fax_sub status fax_year fax_end info infoBSC last_login login_count cv
 

iface

Gaining Experience
9 септември 2011
104
104
Ај ве молам пратете ми линк од базата по пп да видам дали и јас сум еден од "среќните"
 

bons

Gaining Experience
9 април 2007
242
70
За жал податоците се точни, поднесувам повреда на личните податоци до дирекцијата за заштита на л.податоци бидејки ова преставува грубо кршење на законот. Не предлагам да се шири дополнително базата сепак мислам дека тоа не е етички.
 

ThundeR

Gaining Experience
7 октомври 2009
240
54
Скопје
мислам да не ја шириме повеќе од што треба, најголемиот дел се студенти од МФС
базата како што пишав е околу 5K реда, со тие колони што се горе.
 

SiPy`

Unbeatable
23 јуни 2015
2,691
4,634
У строК центар!
Членот bons реагираше:

“За жал податоците се точни, поднесувам повреда на личните податоци до Dирекцијата за заштита на [лични] податоци бидејки ова преставува грубо кршење на законот. Не предлагам да се шири дополнително базата сепак мислам дека тоа не е етички.”

Само тоа корегирај, инаку супер информација. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: D
  • Ја почнал/а темата
  • #14

D

Администратор
31 март 2007
3,270
1,909
www.iwmnetwork.com
Членот bons реагираше:

“За жал податоците се точни, поднесувам повреда на личните податоци до Dирекцијата за заштита на [лични] податоци бидејки ова преставува грубо кршење на законот. Не предлагам да се шири дополнително базата сепак мислам дека тоа не е етички.”

Само тоа корегирај, инаку супер информација. :)
Fixed.
 

StOrMK

Gaining Experience
25 јули 2015
784
394
Скопје
StOrMK's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 - 4440
Motherboard
Gigabyte H81M-S
Storage
TOSHIBA DT01ACA100 1TB
RAM
Kingston HyperX Fury 8GB
Case
Ментална :D
Mouse
Motospeed V70
Keyboard
Motospeed CK 104
Audio
Realtek HD Audio
Monitor
Benq DL2215-B 1920x1080 Full HD
OS
Windows 10 PRO 64bit
Да не има нешто и од Економски? Да не има ставено некоја прелазна во систем? :D
 

lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3,424
3,147
Кое црно поднесување до дирекција на заштита на податоци, ондека со години се прислушкувани разговори и се мониторирани телекомуникации за лично збогатување, елиминирање на непријатели и останување на власт па не одговарал никој сега тука као сме револтирани за ваква глупост.

Ја читам изјавата на деканот на машински доставиле барање до агенција за заштита, они ќе помагале нешто во истрагата. Па уште одма исклучиле сервери за да заштитат дополнително, како ги исклучиле ги мавнале од струја? Што да заштитите бе, дебили едни.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #17

D

Администратор
31 март 2007
3,270
1,909
www.iwmnetwork.com
Кое црно поднесување до дирекција на заштита на податоци, ондека со години се прислушкувани разговори и се мониторирани телекомуникации за лично збогатување, елиминирање на непријатели и останување на власт па не одговарал никој сега тука као сме револтирани за ваква глупост.
 

bokiscout

Unstoppable
17 март 2011
1,720
2,017
Скопје
bokiscout's setup  
Processor & Cooler
Intel Core I5 2500 // CM Hyper T4 // BeQuiet SILENT WINGS 3 120mm PWM x 1
Motherboard
Gigabyte P67 A UD3 B3
Storage
Samsung 840 EVO 120 GB // Kingston A400 480GB // WD 5000AZRX 500 GB // Toshiba L200 1 TB
PSU
EVGA B3 750W
RAM
Kingston HyperX Blu 2 GB x 2 // Kingston HyperX Blu 4 GB x 2
Video card
Assus Strix RX 570
Case
Sharkoon AM5 Silent // BeQuiet SILENT WINGS 3 120mm PWM x 3
Mouse
Logitech M590 // SteelSeries QCK mini
Keyboard
Logitech K380
Audio
Realtek ALC889 // Aiwa NSX BL-24
Monitor
BenQ GW 2470 ML 24"
OS
Windows 10 // kUbunutu 18.04
Оставете ја колоната со индекс а другите бришете ги. Вака модифицираната база закачете ја некаде за кој сака нека се провери без да има множност за злоупотреба.

Едит:
Дирекција за заштите на лични податоци мора да биде известена и да се реагира.

Макар и да не превземе ништо добро е да се има црно на бело дека е поднесено барање по кое они не постапиле.

Утре ова може да се искористи како доказ за нивната ажурност/неажурност.

Доколку нема пријава нема да има основа врз што да се темелат утрешните евентуални обвиненија врз работата на истата институција.

Едит 2:
Некој што има познавање од право да сподели совет за тоа што и како треба да превзее секој студент.
 

krale

Practice makes perfect
6 февруари 2009
2,300
1,361
Од кога тоа само Машински Факултет има 5000 студенти? Некој што ги пишува вестиве, чита што пишал пред да кликне пост? Па и ова копи-пејст вести, ако некој ја утнал не значи сите треба после тоа да ја утињаат.

Во досегашната ИСТОРИЈА „досега на овој Факултет дипломирале 5704 студенти“.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #22

D

Администратор
31 март 2007
3,270
1,909
www.iwmnetwork.com
Од кога тоа само Машински Факултет има 5000 студенти? Некој што ги пишува вестиве, чита што пишал пред да кликне пост? Па и ова копи-пејст вести, ако некој ја утнал не значи сите треба после тоа да ја утињаат.

Во досегашната ИСТОРИЈА „досега на овој Факултет дипломирале 5704 студенти“.
https://www.it.mk/lichni-podatotsi-na-nekolku-iljadi-studenti-se-shirat-po-mejl/

Лични податоци на студенти кои се запишани на Машинскиот, но и на други факултети се споделени на имејл испратен до стотина студенти на МФ, јави Радио МОФ. Најголем дел од податоците се на студенти од Машинскиот факултет.

---------

Ваљда збориш за друго.
 

lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3,424
3,147
Едит 2:
Некој што има познавање од право да сподели совет за тоа што и како треба да превзее секој студент.
Студентите само треба да се секираат како побрзо да го завршат факултетот и да здувнат од државава, друго ништо не треба да ги интересира.

Него дали еве ти поднесуваш приговори и забелешки до агенцијата за заштита на лични податоци кога некоја теткица при регистрација на возило ти ја копира личната карта, некој чичко при подигање на пакет од пошта ти го запишува матичниот број или пак кога се вработуваш и бабата од сметководство ти ја копира кредитната картичка оти на нејзе ја пишувала трансакциската за да ти префрлат плата?

Бидете реални каде живеете и на ова гледајте го како на нова епизода од Seinfeld.
 

krale

Practice makes perfect
6 февруари 2009
2,300
1,361
https://www.it.mk/lichni-podatotsi-na-nekolku-iljadi-studenti-se-shirat-po-mejl/

Лични податоци на студенти кои се запишани на Машинскиот, но и на други факултети се споделени на имејл испратен до стотина студенти на МФ, јави Радио МОФ. Најголем дел од податоците се на студенти од Машинскиот факултет.

---------

Ваљда збориш за друго.
Па и во ова што го цитираш има очигледни неточности, ама еве подрастичен пример ова http://www.radiomof.mk/dekanot-na-m...-serverite-dzlp-kje-go-raschistuva-sluchajot/

Ако е вистина дека тука се податоците од Машински и од ДРУГИ факултети, што МОРА да е случај бидејќи МФ нема повеќе од 1-1500 студенти преку сила, тогаш се поставува прашањето ЗОШТО МАШИНСКИ ГИ ГАСИ СЕРВЕРИТЕ? Од каде во серверите на МФ сите податоци од студенти од ДРУГИ факултети?

Значи хакот не е од МФ, него ваљда од УКИМ или уште поверојатно, од некој заеднички ИТ сектор кој ги одржува сите факултети.
 

ThundeR

Gaining Experience
7 октомври 2009
240
54
Скопје
Студентите само треба да се секираат како побрзо да го завршат факултетот и да здувнат од државава, друго ништо не треба да ги интересира.

Него дали еве ти поднесуваш приговори и забелешки до агенцијата за заштита на лични податоци кога некоја теткица при регистрација на возило ти ја копира личната карта, некој чичко при подигање на пакет од пошта ти го запишува матичниот број или пак кога се вработуваш и бабата од сметководство ти ја копира кредитната картичка оти на нејзе ја пишувала трансакциската за да ти префрлат плата?

Бидете реални каде живеете и на ова гледајте го како на нова епизода од Seinfeld.
јас завршив пред 4години и ме има тука. Полн ми е редот со цело инфо
дата на раѓање, маил, адреса, град, име презиме, мобилен број и user & pass (уште нз од што)
Уште последните 3 бројки од матичниот фалат...
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,525
Мислења
822,600
Членови
28,051
Најнов член
Marko Janevski
На врв Дно