Лиценца за антивирус

Дискусија во форумот 'Компјутерска безбедност' започната од BlueBaron, 19 ноември 2017.

  1. BlueBaron

    BlueBaron Intern

    67
    32
    19 Јануари 2016
    Машко
    Студент
    Па вака, корисам Kaspersky Free некое време. Доста солиден е, ама не е доволен за мене. Премногу торенти симнувам, и реков да направам упгрејд. Гледам во АМЦ има Касперски, ама 2500мкд е... Имаат и BitDefender Internet Security 2017 за 600мкд, но бидејќи го неам користено никогаш и незнам, не му верувам. Сакав да знам дали може да се најде некаде лиценца за ЕСЕТ или Касперски за околу.. 10евра или помалце. Ако не, ќе го земам овој од АМЦ 600мкд Битдефендерот,
     
    На vladealfagv му/ѝ се допаѓа ова.
  2. NecrotoX

    NecrotoX Unstoppable

    2,397
    2,119
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    На BlueBaron му/ѝ се допаѓа ова.
  3. STEFF

    STEFF Unstoppable

    2,075
    2,679
    4 Јули 2013
    Имаш на Ebay лиценци за Kaspersky Internet Security po 6-7 евра се продаваат, имам земено пар пати и се имаат покажано доста добро. Го купуваш само клучот, а инсталационата ја спушташ од официјален сајт.
     
    Jovan2389, Daniel86 и на BlueBaron им се допаѓа ова.
  4. Astro

    Astro Unbeatable

    4,586
    5,673
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Дали си сигурен дека добиваш нешто повеќе со платената верзија?
    Тоест да рефразирам, дали со платената верзија добиваш нешто повеќе а што ти треба?
     
  5. SiPy`

    SiPy` Unstoppable

    1,307
    2,122
    23 Јуни 2015
    Машко
    Се осеќаш посигурен. Исто како кога ќе купиш иПхоне Х, аФтоматски подобро те слушаат и ти подобро слушаш, пораките побрзо се праќаат и слично.
     
    На BEST и Psycore им се допаѓа ова.
  6. Astro

    Astro Unbeatable

    4,586
    5,673
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Хехе, пласебо ефект а?
    Иначе како долгогодишен корисник на Avast на пример, знам дека разликата меѓу Avast Free И Avast Internet Security е само во firewall и во online shopping додатоците. Антивирусниот engine е истиот.

    Така да не гледам потреба од платена верзија кога online shopping се прави од познати и реномирани интернет продавници, ризикот од измама е 0. А за firewall; системскиот сосем добро си врши работа.
     
    На BEST и NecrotoX им се допаѓа ова.
  7. NecrotoX

    NecrotoX Unstoppable

    2,397
    2,119
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Јас лично преминав на Windows Defender затоа што со години ниеден антивирус ништо ми нема најдено, блокирано итн., а кога блокирал 2-3 пати било false positive.
    Ама OP кажа дека симнувал многу сумњиви работи па веројатно сака да биде осигуран.
     
  8. BlueBaron

    BlueBaron Intern

    67
    32
    19 Јануари 2016
    Машко
    Студент
    Да знам дека за секојдневна употреба скоро сите бесплатни антивируси се добри, без разлика кој производител (Освен МкКафе или Нортон, срање се). Во последно време, и Виндос Дефендер има доста солидни резултати (AV-Comparatives - Independent Tests of Anti-Virus Software - Real World Protection Test Overview). Ама како што потенцирав, често симнувам сумњиви работи, па идам по тоа 'better safe than sorry'.

    До сега Kaspersky Free се има покажано доста добро, на секое скенирање од Malwarebytes се е чисто освен некој PUPs понекад. Ама пак како што ми дадовте линкови, ако може да се земе KIS 2018 за 6-8 евра, зошто да не?

    PS: Кога се мислам, и Sandboxie или некоја виртуелна машина би ми завршило работа.. :annoyed:
     
    На BEST му/ѝ се допаѓа ова.
  9. olikomerc

    olikomerc Unstoppable

    4,121
    2,801
    11 Декември 2008
    Машко
    Купи си лиценца од ибеј за Касперски.
     
    На BlueBaron му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Astro

    Astro Unbeatable

    4,586
    5,673
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Немој да мислиш дека си безбеден иако имаш антивирус, ќе се заебеш со сигурност на крај. Антивирусот не ти е никаква гаранција, само ги намалува шансите да се заразиш, не ги елиминира.
     
    На kirev и hipo им се допаѓа ова.
  11. BlueBaron

    BlueBaron Intern

    67
    32
    19 Јануари 2016
    Машко
    Студент
    Кога веќе зборуваме за постарите, и по-дотраените вируси, повеќето бесплатни антивируси лесно ги детектираат и ги бришат. Работата е Zero Day нападите. А познатите премиум антивируси доста добро се справуваат со повеќето такви вируси. (Ама како што кажа секогаш има ризик). А за разлика од постарите Виндовси, 10ката е доста посигурен така да и тоа е голем фактор.

    Би можел да поминам и со Kaspersky Free, како што напоменав, супер работи до сега. Ама ако веќе можам да најдам KIS толку евтино, зошто да не купам? Јас често гледав по слични форуми како овој, повеќето користат или KIS, ESET, F-Secure. И се мислев, премиум се, по продавници ептен скапи (KIS 2k ден во АМЦ), и се прашував дали ги купуваат од кај нашите продавници, од некој е-продавници или некој торент? :D Незнаев дека на Ebay можат да се најдат за 5-10 евра.
     
  12. NecrotoX

    NecrotoX Unstoppable

    2,397
    2,119
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Купи си, и јас поради истово си купував еден период Битдефендер лиценци, не дека ми требаше, али онака, практично џабе му доаѓа :)
     
  13. Vampo

    Vampo Gaining Experience

    318
    212
    24 oктомври 2010
    Машко
    Во КабТел имаш една лиценца за 1200 ден, а три лиценци 2100 или така нешто. Моеш да се договориш со некого по 700 денари искача..
     
  14. BEST

    BEST Gaining Experience

    228
    135
    10 Јуни 2011
    Машко
    Ниеден антивирус нема да те заштити комплетно...
    Друга работа, ниеден антивирус неможе да се рамни со Avast.. (како примерот со Michelin гумите, они се #1, #2 е празно, па #3 е континентал... епа потпуно исто ке му дојде и со Аваст;))

    Доколку сакаш да си скрос заштитен, напрај си изолирана виртуелка и на нејзе симињај...
    П.С. Аваст е ептен добар одкога го купија АVG (не дека пред тоа не чинеше...)

    Јас со години симнувам сомнителни ствари, аваст не ме изневерил до сега (освен од УСБ стикови, во такви случаеви Боот Скен средува работа ама трае малку...)
     
  15. vladealfagv

    vladealfagv Gaining Experience

    97
    85
    31 Јануари 2016
    Машко
    Apple Certified Mac Technician at iSTYLE Macedonia
    Steam:
    vladealfagv
    А да си купуш некој од втора рака или од нет, како што можам да видам имаш на eBay доста избор.


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
  16. BlueBaron

    BlueBaron Intern

    67
    32
    19 Јануари 2016
    Машко
    Студент
    Како прво фала ви дечки на линковите што ги споделивте, ќе ги имам на памет доколку се решам да купам. Иначе го најдов ова, и сакав да го споделам и со вас:

    Ако сакате AVG Internet Security за 1 година бесплатно, влезете овде Antivirus Software Download | AVG Worldwide , и симнете AVG Antivirus Free. После откако ќе го инсталирате, идете кај лиценцата и внесете ја оваа : IBY9X-ESYXT-W4BZQ-QI4WX-A9LI7-INRS3

    И ќе ви се симне после AVG IS, ќе ви се активира, рестарт компјутерот и ќе го имате 1 година бесплатно.

    Солидно работи за сега, еве и скиншот од таск манагер: Screenshot
     
  17. borcep

    borcep On your way to fame

    629
    969
    12 Септември 2013
    Машко

Сподели