LED LCD позадинско осветлување - Што всушност тоа претставува?

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од SaleSk, 1 Мај 2013.

  1. SaleSk

    SaleSk Arzt

    4,618
    4,910
    20 Април 2007
    Машко
    Сите т.н. LED телевизори се само LCD телевизори кои користат LED диоди за нивното позадинско осветлување. Ова осветлување создава светлина која му овозможува на LCD екранот да ја прикаже сликата. Сепак постојат повеќе начини на организирање и распоредување на LED светло, кое видно може да предизвика различни ефекти врз квалитетот на сликата.

    Па да ги рагледаме тие различни поставувања на позадинското осветлување и да се запознаеме со нивните придобивки и негативности.
    Збогум CCFL, здраво LED, се зборовите на неколку големи светски компании.
    Традиционалните LCD екрани употребуваа CCFL, или ладни катод флуоресцентни светилки за позадинско осветлување. Иако евтини, тие не се енергетски ефикасни како LED диодите. Со намалувањето на цената на LED диодите, се намалува и цената на производство на LED телевизорите, а со самото тоа обичните ЛЦД телевизори ке бидат во потполност истиснати. Со почетокот на 2013 година, LG и Sony гордо објавија дека престануваат во целост со користење на CCFL позадинско светло, па дури и во нивните најевтини телевизори. Vizio, Samsung, Sharp, Toshiba, Panasonic не беа толку гласни во врска со тоа, но никој не го најави било кој не-LED проект за позадинско осветлување, односно производство на телевизори за 2013 година.

    Повеќето LED екраните на пазарот денес се со EDGELED осветлување, што значи дека LED диоди се поставени во страните на панелот, односно по краевите – горе и доле, лево и десно, насочени кон центарот на панелот.
    Постојат неколку модели кои имаат LED диоди поставени на задниот дел од панелот, свртен кон вас. Овие се поретки, можеби и поевтини, но подебели, и се користат кај Low-End панели. Постојат неколку high-end панели кои користат таква поставеност на LED позадинското осветлување но на малку поинаков начин на кој ке се навратиме подоцна.

    Кај Edge-lit LED позадинското осветлување постои водич кој им помага на зраците да се рефлектираат од рабовите на панелот донекаде рамномерно низ екранот. Тие го прават тоа различно. За да ви стане појасно, еве една слика на која може да се воочи овој ефект.

    [​IMG]


    Најголемиот проблем кај позадинското осветлување е секако добро познато, односно униформноста. Доколку некој мисли дека една од придобивките на LED во односн на CCFL во поглед на униформноста е баш LED тотално не е во право. Неуниформноста и те како е приметлива кај LED позадинското осветлување, особено во темни сцени каде што имаме нијанси на црнило, кои заради таа неуниформност се прикажуваат тотално различно и несоодветно, се појавуваат бледи сенки и уште некој нуспојави.

    Секој производител има префериран метод за поставување на своето EDGE-Lit осветлување. Општо земено, помалку LED диоди поевтини ТВ. Помалку LED диоди, исто така, значи подобра енергетска ефикасност. Заради ова претходно толкување за неуниформноста на LED панелите никаде во спецификациите на производителот нема да можете да најдете детали за бројот , типот, поставеноста на LED-овите во панелите, или пак ке најдете многу оскудни информации.
    Најголемата разлика меѓу сите ”LED edge-lit-осветлување” e методата како да се изведе локално затемнување на сликата, која стана еден репер за квалитет на самите панели.

    [​IMG]


    Осветлување по дното – Bottom LED-Lit
    Овој дизајн ги има сите LED диоди по дното на панелот. Иако производителите не сакаат да се открие колку LED диоди користат, ова е веројатно тип со најмал број на LED диоди.

    Иако производителите тврдат дека овој начин има "локално намалување на светлината" што е прилично широка дефиниција на "локално ниво". Дури и ако секој LED се регулира со потенциометар самостојно (многу веројатно по електронски пат), постојат темни колони што се протегаат од врвот до дното. Нешто како ова:

    [​IMG]


    Па што значи ова? Замислете еден ноќен пејзаж со светла полна месечина. Идеално, месечината е осветлена, а остатокот на местото на настанот е темен. Со Плазна, OLEDs, и со full-array local-dimming LED LCD, осветленоста на месечината е независна од остатокот од сликата. Со осветленоста од дното на LED екраните, прикажаната слика ке изгледа овака! Тука е со фотошоп (и претерана) демонстрација на она што се добива како резултат на “Bottom LED lit”.

    [​IMG]

    [​IMG]


    Осветлување на врвот и на дното – Top & BottomКако што може да се погоди, овој дизајн има LED диоди на врвот и на дното по рабовите на панелот. Локалното намалување на светлината тука е малку подобро, како на пример:

    [​IMG]


    Како што можете да видите, постојат уште некои области осветлени а не треба да бидат, но сепак е многу подобро во однос на претходниот случај. Идејата со локалното намалување на светлината е да се опфатат што помали и попрецизни површини што е можно поидеално (по-пиксели). За жал тоа не е возможно со сегашната технологија. Ова речиси не се случува, но фигуративно се претставува за да се воочи ефектот.

    [​IMG]


    ЛЕД поставени од лево и десно
    Алтернатива на врвот и на дното, LED диоди на двете страни. Локалното намалување на светлината е слична со она кај системот на поставување на ЛЕД на врвот и на дното.


    [​IMG]


    Т.н. "цветови" со кои се соочува првите ЛЕД екрани со локално-намалување на светлината се значително намалени. Кај подобрите телевизори, постојат неколку артефакти како на овие слики. Кај овој случај поентата е соседните диоди да ја имаат светлината од својот претходник, односно да не бидат премногу осветлени. Од друга страна пак доаѓа до ефект на преосветленост на објектот, конкретно месечината, а нејзината позадина заради тој ефект изгледа потемна. Кај плазмата и ОЛЕД-от, овој ефект е спротивен, односно нормален.

    [​IMG]


    EDGE-Lit од сите страни
    Ова е всушност и најскапиот панел. Локалното намалување на светлината може да постигне многу повеќе резултати за разлика од претходните типови, но се уште е ограничено на одредени зони. Ако се користи месечината повторно како пример , резултатот ке биде многу сличен како кај панел осветлен на врвот и на дното. Но со видео кое има повеќе извори на светлина отколку само месечината, зоните може да се претстават сликовито овака:

    [​IMG]


    Ова е воедно и најдоброто EDGE Lit LED позадинско осветлување. Со оглед на тоа дека за намалување на чинење на панелот се оди со подобрување на рефлексијата на светлина во самиот панел, а се намалува во однос на поставување на ЛЕД диоди, овој метод полека се редуцира и оваквите панели се поретко и поретко ке се среќаваат во телевизорите.

    Позадинско осветлување без локално намалување на светлината (Директно осветлени панели)

    [​IMG]


    Речиси сите "позадинско осветлени" LED екрани го користат овој метод. LED диоди се наредени на задниот дел на панелот, свртени кон нас, но не постои начин за поединечно локално намалување на светлината на диодите. Тие работат како униформно осветлување на панелот, речиси исто како и кај повеќето CCFL екрани. SHARP ултра-масивните ЛЕД екрани го користат овој метод на позадинско осветлување. Униформноста е генерално подобра од EDGE Lit осветлените панели, и тоа не заради локалното намалување на светлината, туку заради тоа што со овој метод диодите зрачат постојана светлина, а контрастот е оставен за контрола директно преку самиот LCD панел, кој е познато дека е далеку помал во однос и во поглед на плазма телевизорите.

    Позадинско осветлување со локално затемнувањеОва е таканаречен Ultimate LED LCD, кој може да му конкурира и да парира по перформанси за прв пат на плазма панелот. Овие панели имаат класично позадинско осветлување како претходните, со тоа што како екстра додаток имаат можност да вршат затемнување на локалното позадинско светло во потемните зони, а со самото тоа и да го зголемат контрастот. Да се намалат нус ефектите како кај претходно опишаните лед осветлувања. Со помош на овие панели, за прв пат може да се каже дека сликата навистина добива друга димензија кога станува збор за ЛЦД и се приближува по квалитет на приказот на плазма панелот...

    [​IMG]


    Сепак, тие во основа не постојат. Серијата ELITE на Шарп изгледа неверојатно, но излезе во 2011 година и не е надградена со ниеден нов модел. LG со својот модел LG LM9600 не беше нешто воодушевен од исходот, а новите модели допрва ке се појавуваат и ке видиме што ке ни понудат во 2013 година. Единствената друга понуда беше на SONY со моделот HX950, кој беше одличен, и се уште е актуелн, и кој според аналитичарот Дејвид Katzmaier може да се каже дека бил последниот и единствениот квалитетен модел од Сони.

    Двете најголеми компании за ТВ во САД се Samsung и Vizio, кои нудат одредени модели со позадинско осветлување кои наводно нудат одредени предности. Но аналитичарот David Katzmaier дава изјава во која се вели: Секако, црните нијанси се потемни, но сепак сенките се повторно онакви на кои не би можел да се радувам, и заклучи дека со локалното намалување на осветлувањето не се добива ништо за да се подобри квалитетот на сликата.
    крајна линијаEDGE Lit позадински осветлени LED панели изгледаат кул и се енергетски ефикасни, но имаат многу различен потенцијал во квалитетот на сликата. Иако позадинско осветлување со локално намалување на светлината е теоретски едно од најдобрите, некои Edge Lit модели (како на пример HX850) направија одлична работа со нивните не толку најдобри панели и ЛЕД поставеност во панелот за да изгледаат одлично.

    Како што споменав на почетокот, нема едноставен начин да се каже само со гледање во листот со спецификации каков вид на осветлување има конкретниот модел на панел. Се уште не постои начин да се каже до каде ке оди овој развој на панели со овакво распределување на позадинското осветлување. Во најлош случај се ова може да се користи за добар маркетинг и продажба, а во најлош за да се подобри квалитетот на сликата J.
    Како и да е, мораме да кажеме дека BackLight Local Dimming панелите ке се користат во скапите ЛЦД панели со цел да се достигне квалитетот на плазма панелите.
    Се надевам дека текстов секому ке биде од корист. Сликите и текстот се превземени од:
    http://reviews.cnet.com/8301-33199_7-57572740-221/led-lcd-backlights-explained/
     
    На BEST, tomi, tigar и уште 27 други им се допаѓа ова.
  2. Steff_Maja

    Steff_Maja Practice makes perfect

    4,020
    1,653
    30 Мај 2010
    Некој се шета и ужива, а некој седи домче и придонесува за ИТ.
    Браво за колегата SaleSK.
     
    На SaleSk и dejan_str им се допаѓа ова.
  3. SaleSk

    SaleSk Arzt

    4,618
    4,910
    20 Април 2007
    Машко
    Па 1-ви Мај, ден на трудот, да направиме нешто корисно. Верувам дека многу членови ги интересира како тоа ЛЕД-от работи, и кој се неговите најголеми маани :)
     
    На psyside, bate mile, Ceco и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. omegaRED

    omegaRED Unstoppable

    2,233
    2,431
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Супер докторе, информативно и корисно!
     
    На SaleSk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. xenon

    xenon Guru

    3,940
    9,486
    15 Јануари 2011
    Машко
    Се откажав од edge-led варијантите. Имам 42" LE5500 - IPS панел, еден од подобрите во времето кога го купив (2010). Супер е се кај телевизорот - но кога се гледа содржина со многу темни делови (ноќни сцени, филмови со црни ленти горе/доле заради форматот на сликата и сл) edge-led local dimming технологијата е жива смеа, баш како на сликата на примерот на сале. А без local dimming контрастот е лош, црните се виолетови/темно сиви.

    За филмомани единствено квалитетна плазма, јас земав Panasonic ST50. Црната боја е црна (не како кај Олед но на задоволително ниво - репер за црно ми е супер амолед+ на самсунг). Униформноста на боите, нивото на нијанси и тонови...сеуште е многу подобро од ЛЦД.

    За се друго, PC содржини, секојдневна работа итн итн -> добар IPS lcd e подобар од плазма, помалку троши/грее и може да се користи како ПЦ монитор.
     
  6. SaleSk

    SaleSk Arzt

    4,618
    4,910
    20 Април 2007
    Машко
    За секојдневно гледање ТВ, филмови и се друго освен работа да го користиш ТВ-то како монитор е плазма...
    Јас земав ЛГ, 50 инча. За цената немаше подобра варијанта...А не сакав да експериментирам со ЛЦД па да ми биде криво :) Вака на испробана варијанта си отидов...
    Панасоник изјавија дека престануваат официјално со производство на плазми...
    Влегоа у коалиција со СОНИ, (тоа ич ама ич не ми се допаѓа) изгледа ке пробаат да му направат конкуренција на Самсунг (да не се преварат само) со некој пандан на ОЛЕД-от :)
    Ке видиме што ке се збива :) Ке биде интересно...
    И ЛГ најавува некој бесен панел...
     
    На bate mile му/ѝ се допаѓа ова.
  7. xenon

    xenon Guru

    3,940
    9,486
    15 Јануари 2011
    Машко
    Производство на плазма е скапо и непрофитабилно/неконкурентно во однос на ЛЦД. Затоа и се откажаа. Кој се разбира ќе си купи сега и ќе чека ОЛЕД. На AVforums и сличните ретко кој препорачува ЛЦД за гледање филмови.

    Доволно е само ова да се знае:
    - Плазма телевизорите (панелите) се направени од ќелии исполнети со јонизиран гас. Под дејство на ел. енергија се менува бојата на секоја ќелија. Бројот на бои е неограничен.

    - Кај ЛЦД, секој пиксел се состои од 3 субпиксли: Црвен / Зелен и Плав. Со нивни комбинации се создаваат нијансите...затоа имаме претежно 6 битни панели, поретко 8, мн. ретко и многу скапи 10 битни панели. Боите кои може со ЛЦД да се репродуцираат е ограничен. ЛЦД технологијата зависи од позадинско осветлување, затоа контрастот е ѓубре. Кај ОЛЕД ова е решено, нема позадинско осветлување (освен некои нови Сони Олед модели со четврт бел пиксел кој е всушност обична диода) и затоа со гасење на одредени пиксли се постигнува одличен контраст.

    Нормално gOJDO кога ќе дојде ќе искоментира и ќе ме оспори како скапите ЛЦД-а се подобри од плазма затоа што он се скраси со 55че LCD :).
     
    На bate mile и SaleSk им се допаѓа ова.
  8. prichina

    prichina Cuda 5.5

    7,744
    4,947
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    gOJDO кога купуваше телевизор, сам кажа дека зема како репер конвертирани full hd снимки, па гледал како му "каснела" t.e. ТРЕПЕРЕЛА сликата на плазмата...а, всушност тоа што го гледал како треперење е jitter кој се јавува со лоша конверзија на истите.. :D Во принцип, тој jitter лесно се приметува на добар телевизор кои баш обратно нема каснење на сликата, доколку има одредено каснење, lag и слично, снимката ќе изгледа мазна...
     
  9. SaleSk

    SaleSk Arzt

    4,618
    4,910
    20 Април 2007
    Машко
    Кога он го купуваше ТВ-то бевме заедно...Гледавме два телевизори ставени еден до друг...Едниот ЛЦД-то, другиот плазмата. Двата Панасоник...гледавме тоа што имаше да се понуди од дуќанот во моментот...Телевизорите беа поставени во сетингот да дадат приближна слика...Приближен квалитет на светло, бои, контраст...
    Единствена работа која него во тој момент му се допадна беше тоа што не се појавуваше кај ЛЦД-то нешто налик гоустинг, кој кај плазмата се подзаприметуваше. Мене лично сликата, односно ликовите, лицата, бојата на кожата итн повеќе ми се допаѓаат на плазмата. И покрај се јас да се прашував ке ја одберев плазмата...Ем беше за некој си 25к поефтина од ЛЦД-то.
    Е сега, секој има свој критериуми по кој ке си ги даде парите...
    Искрено ЛЦД-то е одлично, но веќе кога давам толку многу пари за ЛЦД, во ниеден момент немаше да го изоставам Самсунг со неговата серија 8 односно дел од серијата 7.
    Дали некој има видено слика на некоја од овие серии?
    Сликата е можам да кажам перверзна и ке инсистирав доколку давав толку многу пари, да ми ги стават сајд бај сајд за да се одлучам...
    Уствари за толку пари и ламбада ке ги терав да ми играат...

    Бај д веј, презадоволен сум со плазмзта и со нејзината слика...ЛЦД ке го прескочам колку ке можам се додека не се појави ОЛЕДОТ со нормална цена...После ке се дадам во потера... :)
     
    На bate mile му/ѝ се допаѓа ова.
  10. xenon

    xenon Guru

    3,940
    9,486
    15 Јануари 2011
    Машко
    Не е крива плазмата кога има неуки продавачи. Има кај сите нови телевизори опција за вештачко генерирање фрејмови, односно меѓу 2 реални фрејма се создава трет како еден тип интерполација од двата. Ова со некој тип материјал е ок, со друг не е. За најдобра презентација треба да се исклучи - посебно кај материјал наменет за дисплеј во продажни салони, кој е посебно одбран и среден и не му треба екстра цкцкање интерно во телевизорот.
     
  11. Sector22

    Sector22 Баниран/a

    102
    38
    8 Април 2013
    I like to be unemployed.
    OLED e tehnologija test verzija po pobaruvanje od nekolku evropski zemji (Holandija, Anglija i nekoi drugi), zatoa sto sakaa proba OLED na laptopi i noutbuci, i ako se pokazat za pobaruvani i dobri ke prodolzat na drugi razlicni modeli. Vo megjuvreme paralelno so toa po izvestuvanjeto od Japan deka moze ke se namali cenata na novite BIO-MINI-LED prozirni paneli i tehnologijata poveke da se usovrsi za da nema problemi za seriski proizvodstva na mini displei kako za naocari so proziren screen na ednata strana i uste popreciznata tehlogija kako proektorite-'projectors' na penkalo , telefon, naocari/ocila, casovnici i drugi mali sekojdnevni predmeti sto se prenoslivi. Tie LED paneli se sostaveni od tolku minijaturni LED-diodi sto so mikroskop samo moze da se vidat, i idat do rezolucija 5Kx5K pikseli (diodi so x4 boi) na eden kvadraten milimetar. Vo momentov samo ako e nekoj brz vo reagiranje moze da dobie za samo 20$-30$ dvogled digitalen so x50 zum so vgraden proektor i vgradeno snimanje. Ili penkalo ili casovnik so moznost za snimanje (tajno) i proektiranje na snimkata na zid za nekoi 80$ reprezantativna cena - promocija i test na pazarot. Na ebay gi ima povremeno, i treba da se prati zasto gi kupuvaat kolicini 1000+ za nekolku casa, a moze edna osoba samo edno da poraca, a pak gi kupuvaat za 2-3 casa. Golemite paneli kako za na zid ili masa so folija na dopir (kako na telefonite) i sto mozat prenosni vo rolna i torba gi ima veke za nekoi firmi i posebna poracka za nekoi, i mozat da se vidat vo nekoi od ponovite filmovi. Eden takov panel go drzev vo raka (rolna - prvo mislev deka e folija za stampanje ili kopiranje na kopir), ima pogolemi i pokrupni diodi - ne tolku mikroskopski i iako bi se pomislilo deka bi bile poeftini od mini-ekranite za proektori kako za casovnicite i mobilnite telefoni, poskapi se, i toa pomrsno. No, na prozvoditelite na filmovi ne im e skapo da imaat takvi monitori i televizori i paneli na sekoj zid vo sobite pa i vo kujnite kako podsetnici i organizatori (so nekolku cipovi plus) na svetlata, toplinata na podovte, mikro-peckite, vodata nivo i toplina vo bazenite, duri vo najnovata vila na eden arhitekt zidovite vo odredeno vreme se podeseni da se pomeraat po svetlinata. So eden zbor receno ubavo izgledaat postaveni na prozirna masa vo kujnata i prozorite. Preporaka, brzi prsti na ebay.
     
  12. psyside

    psyside Модератор

    23,252
    22,540
    4 Септември 2008
    Фантастично напишано браво, еве еден интересн линк, од гигантите кога се работи за монитори.
     
  13. prichina

    prichina Cuda 5.5

    7,744
    4,947
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Јас ги имам видено да, перверзни се. Но, во Соравија одма неколку телевизори подоле беше изложен и Т50e (така имам запишано? Panasonic плазма..) и тука причата заврши за мене. (не знаев ни дека е панасоник ниту тој модел, само оддалеку го видов и толку, потрагата заврши) :)
    Тоа е овој највероватно, не знам сеа кој е моделот... http://www.technomarket.com.mk/products/09122070/panasonic-tx-p42ut50e
    Да, овој е.
     
  14. Govinda

    Govinda Баниран/a

    84
    33
    6 Јуни 2014
    Машко
    Па да ги рагледаме тие различни поставувања на позадинското осветлување и да се запознаеме со нивните придобивки и негативности.
    Збогум CCFL, здраво LED, се зборовите на неколку големи светски компании.

    Браво за Сале за убавото објаснување. Туку пошто поминале година и месец дена, не е лошо уше еден ваков пост да видеме каква разлика има у тоа шо го нудат сега :) и препорака за филмаџии како мене, мада коа ке зеам ТВ планирам и андроид донгл са сурфање, за да не ми буче веќе кутијата на комплутеро :)
     
  15. Corba

    Corba Intern

    138
    49
    11 Јануари 2015
    Машко
    каде има да се купи лед диоди или ленти со диоди за позадинско осветлување?
     

Сподели