- Ја почнал/а темата
- #1
Sampion
Баниран/a
Популарноста на рамните екрани веќе не е потребно да се нагласува. Тие веќе на големо се украсен дел на излозите на продавниците, се користат за претставување на производи во шопинг центрите, ги красат ѕидовите на дневните соби.
Едноставно мора да ги сакате поради нивните перформанси и елегантност. Цените паѓаат, технологијата напредува, а голема е веројатноста дека оваа врста ќе владее уште многу години. Но, не е сè совршено во светот на рамните телевизори.
Еве неколку експертски совети за предностите и недостатоците на LCD и плазма телевизорите.
Предности на модерниот ТВ
Големина: Дебелината и тежината се некои од најважните предности, во споредба со класичните телевизори. Нивната тежина е толку мала, што можете да ги носите сами, без притоа да користите помош од друго лице.
Избор: Спектарот на големини на рамните телевизори е особено голем – од големина на дланка па се до огромните од 100 инча во дијагонала (254 сантиметри).
Изглед: Кога ќе споредиме плазма и LCD телевизор, веќе на прв поглед можеме да забележиме дека плазма технологијата има подобра слика, подобро ги прикажува црните бои, има подобар контраст и има подобро време на прикажување (delay), додека најголема предност на LCD сетовите, во споредба со плазмата е нивната компатибилност со компјутерите. Можноста истовремено да прима два различна сигнала им дава опција на корисниците на уредот да го користат и како телевизор, но и како монитор за компјутер.
Но, и останатите сегменти на LCD телевизорите постепено ја стигнуваат плазмата, а дополнителна предност е малата потрошувачка на енергија, трајноста, како и недостиг на таканаречен „burn in“ ефект.
Квалитет на слика: Плазма телевизорите имаат апсолутно најдобар квалитет на слика, после катодните телевизори. Содржината со висока резолуција изгледа совршено доколку е прикажана на плазма телевизор. LCD телевизорите не заостануваат многу зад плазмата во прикажаниот квалитет, но овие имаат проблем со прикажување на содржини со ниска резолуција.
Век на траење: Плазма и LCD телевизорите траат од 30.000 до 60.000 работни часа. Тоа во пракса значи дека треба да очекувате вашиот телевизор да работи најмалку 15 години, во некои случаи и повеќе.
Мана на „новиот прозорец на светот“
Цена: Просечната цена на плазма или LCD телевизорите е над 30 илјади денари, додека за моделите кои прикажуваат полна резолуција (full HD) цената расте и до неколку стотина илјади денари.
Добар или не? Ова првенствено се однесува на LCD телевизорите. Плазма телевизорите претежно го почитуваат начелото тоа што ќе го платиш, тоа и ќе го добиеш. LCD телевизорите најчесто прикажуваат слика од приклучено ДВД или друг извор со висока резолуција и таа задача е одлично завршена. Приказот на аналогниот сигнал во повеќето случаи е лош и на тоа треба да се обрне посебно внимание.
Кабли: Овој недостаток произлегува од предноста – поради нивната мала длабочина, LCD и плазма сетовите се за монтирање на ѕид, Повеќето корисници немаат спроведено кабли во ѕидовите, како последица на тоа имаат кабли кои висат од телевизорот. Како решение може да послужат каналите кои ги маскираат каблите или просто, телевизорот ставете го на комода. Доколку планирате да градите куќа или да го адаптирате станот, имајте го тоа в предвид и планирајте вградување на канали во ѕидот.
Ефект на двојна слика (burn in): Ова се однесува само на плазма телевизорите. Сликите кои долго време остануваат на екранот предизвикуваат ефект на „втиснување“ на тој мотив. Преклопување на тој мотив со постојниот сигнал создава ефект на двојна слика. Сепак, овој ефект не треба да ве плаши, бидејќи тој ефект се јавува после долго време на користење.
Големина на екраните: Сите ние се обидуваме да извлечеме некој сантиметар повеќе од новиот телевизор, но преголемите телевизори можат да имаат спротивен ефект – преголемата слика е зрнеста и тоа дополнително ги заморува очите.
Izvor:www.idividi.com.mk