• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Лажни вести и како да препознаеме

  • Ја почнал/а темата
  • #1

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,667
11,030
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Денес циркулираше лажна информација за отворање на школите па потоа следеше демант.

Ова ме поттикна да отворам посебна тема и да ги повикам сите кои имаат искуство со проблематика на лажни вести да споделат совети како луѓето да ги препознаат.

Се поактуелна е оваа тема и сигурен сум дека има предавања, семинари, литература и сл.

Значи не да се фокусираме на самите вести и да ги споделуваме овде. Туку само совети како да проверуваме дали информацијата е точна. Што е кредибилен извор на информација? Дали да се проверува од повеќе извори и сл.

И морам да напоменам дека не интересира само ИТ областа т.е. вести преку интернет/социјални мрежи/имејл пред се.
 
Pane24

Unbeatable
31 октомври 2012
4,843
4,221
Ethermine
www.facebook.com
Се препознаваат по тоа што веб сајтовите се преполни со адсенс реклами или од друг провајдер реклами.
Најјчесто односно 90% од таквите сајтови се неверодостоен извор.
 
Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,097
1,188
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
OS
Windows 10 Pro
Проверуваш од повеќе извори и тоа е тоа. Ете во конкретниот случај одиш на страната на Министерство за образование. Проверуваш неколку портали (мора да вклучиш барем еден опозициски и еден провладин, особено оние што не се бават со сензации (ако останаа такви :)) и на крај вклучуваш логика. Ако не можеш да потврдиш во моментот дека веста е лажна или вистинита, воздржи се од споделување или коментирање некој саат затоа што после неколку саати ќе се знае за каква вест се работи.
P.S. инаку сега се претерува со употребата на зборот ФЕЈК ЊУЗ. За мене ФЕЈК ЊУЗ е кога заради одредени интереси (пред се политички) некој свесно креира лажни вести. Нешто што е дознаено неофицијално не би требало да се третира како ФЕЈК ЊУЗ, затоа што медиумите тоа го прават со децении (од извори блиски до владата, некои експерти и др. неодредени термини често се употребуваат за креирање вести). Овие вести се меч со две острици за медиумите (под услов да не лажат намерно). Некогаш заради ваквите вести владата, партиите, други групации се премислуваат поради реакциите во јавноста (или пак намерно пуштаат лимитирани вести за да опиппат пулс) - значи корисно е да се споделат такви неофицијални вести и за луѓето и за другата страна. Но, тоа исто така им дава за право на тие чии планови биле осуетени да речат - МЕДИУМИТЕ ЛАЖАТ.
Како и да е - the truth is out there, but beware - it might be subjective.

Еве и конкретен пример со Трамп, човекот кој обожава да го користи терминот FAKE NEWS.
Случајот што беше пред 2-3 дена со вбризгување средства за дезинфекција. Нормално ме привлекоа насловите на светски медиуми кои во поголем број имаа наслови "Трамп сугерира/предлага вбризгување дезинфекциони средства како лек за коронавирусот". Си викам ај да прочепкам не ме чуди и да рекол такво нешто пошто знае да си треска. Најпаметно беше да го најдам пресот и од прва рака да слушнам за што се работи. Сфатив дека во разговор со некоја докторка на пресот Трамп ја праша "гледаме дека дезинфекционите средства го уништуваат вирусот многу брзо. Постои ли некаква можност да се направи нешто во врска со тоа, некако да се вбризгува такво нешто и да го исчисти телото?". Прашањево е глупаво и смешно, но дали со ова Трамп сугерира/предлага користење на дезинфекциони средства? НЕ. Точен наслов би бил "Трамп се интересира дали е можно..." но медиумите знаат дека таков наслов не би бил толку интересен за читателите. Дали е ова пример за ФЕЈК ЊУЗ?
 
Последна промена:

fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,541
2,537
Проверуваш од повеќе извори и тоа е тоа. Ете во конкретниот случај одиш на страната на Министерство за образование. Проверуваш неколку портали (мора да вклучиш барем еден опозициски и еден провладин, особено оние што не се бават со сензации (ако останаа такви :)) и на крај вклучуваш логика. Ако не можеш да потврдиш во моментот дека веста е лажна или вистинита, воздржи се од споделување или коментирање некој саат затоа што после неколку саати ќе се знае за каква вест се работи.
P.S. инаку сега се претерува со употребата на зборот ФЕЈК ЊУЗ. За мене ФЕЈК ЊУЗ е кога заради одредени интереси (пред се политички) некој свесно креира лажни вести. Нешто што е дознаено неофицијално не би требало да се третира како ФЕЈК ЊУЗ, затоа што медиумите тоа го прават со децении (од извори блиски до владата, некои експерти и др. неодредени термини често се употребуваат за креирање вести). Овие вести се меч со две острици за медиумите (под услов да не лажат намерно). Некогаш заради ваквите вести владата, партиите, други групации се премислуваат поради реакциите во јавноста (или пак намерно пуштаат лимитирани вести за да опиппат пулс) - значи корисно е да се споделат такви неофицијални вести и за луѓето и за другата страна. Но, тоа исто така им дава за право на тие чии планови биле осуетени да речат - МЕДИУМИТЕ ЛАЖАТ.
Како и да е - the truth is out there, but beware - it might be subjective.
+1 за проверувањево од повеќе извори, ама има и такви кои не се баш заинтересирани за политика и немаат појма кои портали се опозициски, кои провладини, а кои неутрални (ако воопшто останале такви).

Инаку fake news генерално би требало да се користи за вести кои се пласирани намерно, каде медиумот знае дека се лажни ама има нешто да добие, ама скроз се вади од контекст последно. Вести со шпекулации, неофицијални информации и лични мислења на авторите не се fake news, иако авторот/порталот кој објавува би требало да потенцира дека се работи за таков тип на вест.

На сето ова би додал дека било кој портал кој објавил лажна вест во некој момент, кај мене оди во една од две категории:

1. Не превзеле ништо откако се разбрало дека е лажна вест, и од тој момент натаму буквално секој текст, дури и оној кој е ископиран до точка од друг портал, го земам со доза на резерва и проверувам и други извори.

2. Објавувањето на лажна вест било избрзано копирање од друг портал, по што истата е тргната и порталот на ваков или онаков начин се извинил, што би рекле honest mistake во време во кое 90% од порталите (чест на исклучоци) не наоѓаат вести самостојно, туку ги копираат од другите портали.
 
Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,097
1,188
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
OS
Windows 10 Pro
+1 за проверувањево од повеќе извори, ама има и такви кои не се баш заинтересирани за политика и немаат појма кои портали се опозициски, кои провладини, а кои неутрални (ако воопшто останале такви).

Инаку fake news генерално би требало да се користи за вести кои се пласирани намерно, каде медиумот знае дека се лажни ама има нешто да добие, ама скроз се вади од контекст последно. Вести со шпекулации, неофицијални информации и лични мислења на авторите не се fake news, иако авторот/порталот кој објавува би требало да потенцира дека се работи за таков тип на вест.

На сето ова би додал дека било кој портал кој објавил лажна вест во некој момент, кај мене оди во една од две категории:

1. Не превзеле ништо откако се разбрало дека е лажна вест, и од тој момент натаму буквално секој текст, дури и оној кој е ископиран до точка од друг портал, го земам со доза на резерва и проверувам и други извори.

2. Објавувањето на лажна вест било избрзано копирање од друг портал, по што истата е тргната и порталот на ваков или онаков начин се извинил, што би рекле honest mistake во време во кое 90% од порталите (чест на исклучоци) не наоѓаат вести самостојно, туку ги копираат од другите портали.
Во идеален свет да, ама во овој свет во кој што живееме нема шанси за такво нешто. Полесен пристап до информации преку интернет требаше да не доведе поблиску до вистината, ама не оддалечи. Не се надевај веќе на извинувања и каење. Сите се дел од машинеријата.
 
fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,541
2,537
Во идеален свет да, ама во овој свет во кој што живееме нема шанси за такво нешто. Полесен пристап до информации преку интернет требаше да не доведе поблиску до вистината, ама не оддалечи. Не се надевај веќе на извинувања и каење. Сите се дел од машинеријата.
До негде си во право, ама сепак има и портали на кои не им е приоритет да објават најголема количина на вести што е можно, туку гледаат и да не шират дезинформации. Ретки се, ама ги има.

Инаку, да додадам на оригиналното прашање на @gokica еве и еден текст од The Verge. Не дека некој ќе се замара олку, ама има корисни информации.

How to fight lies, tricks, and chaos online
 
Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
1,782
2,420
Битола
Добро што ја отвори оваа тема. На факултет имав предмет „медиумска писменост“ и специфичните вештините за препознавање на лажните вести спаѓаат под тие вештини на медиумска писменост. Накратко, медиумска писменост е способноста на индивидуа да собере дата за иста работа/вест од најразлични медиуми, да ги спореди изворите и со примена на критичкото размислување да ја извлече вистината и највредното од сите тие информации. На младите ужас им се овие вештини и лековерни се, затоа и во основно започнуваат да внесуваат нешто слично (не верувам да биде ефективно). Кога бараш одредена информација, ќе извлечиш факти од повеќе извори, ќе ги избришиш пристрасностите и ќе се фокусираш на кој, што, кога и како (суви факти). Ќе гледаш изворите да не се врзани со некоја корпорација/партија кои имаат интерест веста да се прикаже во одредено светло и тоа е тоа накратко.

Инаку @fuzzjaw откако излезе она видео за како да склопите компјутер од VERGE, verge го изгуби целиот кредибилитет во моите очи. Тоа видео беше мајтап на целиот интернет и се што кажа дружето беше погрешно, а има луѓе ете што го следат Verge и можеби му поверуваа на видеото и ќе ги направат истите грешки. А Verge да ми вади текст за како да препознаеме лаги онлајн откако не изваде ни јавно извинување после дебаклот со видеото е чиста иронија.

Еве еден supercut од реакциите на tech celebrities за видеото:
View: https://www.youtube.com/watch?v=M-2Scfj4FZk
 
Видеото беше катастрофа дефинитивно, не ни дискутирам тука. Од друга страна, компетентноста да склопиш компјутер е далеку од компетентноста да пренесеш вест, не?

EDIT: Го линкнав текстот од The Verge конкретно затоа што некои од работите се common sense ама се напишани на начин што ги објаснува убаво за некој кој го интересира. Да не ме сфатиш(те) дека ги бранам од било која причина.
 
Не велам дека информациите што ги нуди линкот што го сподели се невалидни. Verge се голема компанија и не еден човек носи одлуки за што да излегува во етер, па се случува да вадат квалитетен контент и катастрофален контент како видеото за склопување компјутер. Текстот сигурно ќе му се најде некого, само личен мој избор ете да не го читам дека е од Verge xD (никаква друга причина) па ги напаѓам поради претходно искуство. А ко ќе гледаш од еден аспект склопувањето компјутер е туторијал т.е. информативно видео, а 90 проценти од информациите во тоа видео им беа неточни -- исто како што и веста треба да пренесува информации за дадена личност/настан итн.
 
FiC DoGG

On your way to fame
17 април 2007
910
883
www.behance.net
FiC DoGG's setup  
Processor & Cooler
i7 2600k Noctua NH D14
Motherboard
Asus Sabertooth P67
Storage
840 pro 128GB + 500GB HDD + 1000GB HDD
PSU
CM Real Power 550W
RAM
2x4GB DDR3 1333
Video card
Gigabyte GTX 760 2GB
Case
CM Centurion 5
Mouse
A4tech X7
Monitor
2x Dell U2412m
OS
Windows 8.1 Pro
Проверување повеќе извори станува се поирелевантно поради кампањска подготвеност, поготово за било што поврзано со политика. Една иста лажна вест, договорено ја праќаат на повеќе симпатизерски оутлети и тоа им дава изглед на валидност.

Прво нешто е блокирање на секаков портал на фб, кликбејт наслови и потесвесно може да ти направат погрешна слика.
Следно, наоѓање на портал што сервира вести што те интересираат, и стрикнто бараш во секој текст извор на веста од каде, ако не е назначен извор што ти сам можеш да го провериш, тогаш е во најдобар случај шпекулација, во најлош намерна лага, но и во двата случаи треба да се отфрлат.

Најсвеж пример се нашиве квази портали со квази вести собрани од фејсбук објави, последно со отворање на школите. Како дошле до таа информација којзнае, но толку брзо се прошири што мораа специјален демант да објават од владата дека не е вистина.
И ова е еден од најлесните работи за проверување, видиш на портал некој, идеш на министерство за образование, мвр, итн и таму нема ништо, но реално колку луѓе ќе го направат ова. Поверојатно е дека ќе видат бомбастичен наслов, УЧИЛИШТАТА СЕ ОТВОРААТ и ќе си ги пополнат дупките самите.

Едноставно самата енормна количина на булшит прави и да сакаш, да немаш доволно саати во денот за да провериш се.

И веќе кога сме на оваа тема, весниците и телевизиите се регулирани и се легално обврзани барем на некој стандард според кој можат да бидат тужени за клевета. Интернет порталите намерно не ги регулираат, за да можат да шибаат какви вести им одговараат на наративот што си го тераат. Единствен начин е целосно игнорирање.
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
2,926
4,130
SK
Проверуваш од повеќе извори и тоа е тоа. Ете во конкретниот случај одиш на страната на Министерство за образование...
Дап, здрав разум и проверување.

Се друго води кон тоа некој друг да ти кажува што е лага а што е вистина а ти треба да му веруваш... Со други зборови, Министерство за Вистина.
 
2. Објавувањето на лажна вест било избрзано копирање од друг портал, по што истата е тргната и порталот на ваков или онаков начин се извинил, што би рекле honest mistake во време во кое 90% од порталите (чест на исклучоци) не наоѓаат вести самостојно, туку ги копираат од другите портали.
Само ако е наведено со цитат од каде цитираат. Но ако ја пренеле веста без наведен цитат од извор, тогаш целосно треба да одговараат. Секој медиум мора да биде одговорен за содржините кои ги објавува, проверување на факти мора да се практикува (иако во реалност баш и не се практикува).
 
Elenaaa

Gaining Experience
13 август 2013
35
51
Да дополнам и јас нешто:
Во однос на лажните вести, важна е способноста за критичко мислење која за жал многу од луѓето ја немаат и затоа „паѓаат“ на сензационалистички наслови.

Уште една важна работа која не беше споменета е авторот на веста - многу често, ако портал или медиум од некакв вид нема уреден импресум, тоа е red flag. Поголема е веројатноста веста да е лажна ако нема наведено автор кој ја напишал или извор на кој се повикува. Ако има автор, има кој да ја преземе одговорноста ако нештото е лажно, нели?

Onion news исто знаат да бидат проблематични. Ви текнува на веста дека Кинез имал с*кс со лилјак и така се створил корона вирусот? Порталот кој го објави беше портал за такви „кромид“ вести. Дури и во описот му пишуваше "Where facts don't matter." Ама сепак, многу од луѓето кои го видоа, поверуваа.

Факт е дека како народ сме во голем дел медиумски неписмени и може не е лоша идеја на младите да им се држат од време на време некои вакви обуки во училиштата.
 
Trtka

Gaining Experience
11 април 2018
138
129
Мислам дека секоја вест треба да има автор ( по закон ). Исто како секоја телевизија што си става монтажер во потпис , име и презиме на презентер и такви слични работи. Така да вести без потпис аутоматски ги прескокнувам, Исто така студии без потпис ги избегнувам ( група на енглески научници не е потпис да се разбереме ). Исто така прополитички партали под итно се ставаат на игноре.
Сметам дека во скора иднина ќе гледаме приватни компании кои ќе се справуваат со овие фејк нјуз ( тужби и слични ствари ).
И боттом лајн, поголема гнида од политичар може да биде само новинар.
 
FiC DoGG

On your way to fame
17 април 2007
910
883
www.behance.net
FiC DoGG's setup  
Processor & Cooler
i7 2600k Noctua NH D14
Motherboard
Asus Sabertooth P67
Storage
840 pro 128GB + 500GB HDD + 1000GB HDD
PSU
CM Real Power 550W
RAM
2x4GB DDR3 1333
Video card
Gigabyte GTX 760 2GB
Case
CM Centurion 5
Mouse
A4tech X7
Monitor
2x Dell U2412m
OS
Windows 8.1 Pro

TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,175
1,956
Лажни вести имало од секогаш и секогаш ќе има. Како прво, тоа е најдобар начин нашиве портали да заработат нешто, а како второ овие вести победуваат и избори. . Разбирам Среќа.мк и Саше Политико да постираат глупости. Лошото е што и сериозни портали се занимаваат со вакви статии заради одредени почитички интереси.

Обично блоговите на самите институции се доста ажурни кога се постираат информации од овој тип. Така да за почеток, најдобро е да се провери дали има некакво соопштение на страната на владата, ресорното министерство, агенција или што и да е. Тоа е најрелевантниот извор. Во последно време, државните институции често користат и социјални мрежи и постираат инфографици и соопштенија.

Според моето лично искуство, единствен локален портал кој ги потврдува фактите пред да објави статија е A1on.mk. Да и они влечат некоја страна, ама се доста побјективни од останатите медиуми. Проблемот со овие е што, обично секогаш каснат со саати и последни објавуваат новости и имаат премногу печатни грешки.
 
alkibijad01

Gaining Experience
8 октомври 2016
203
168
Да резимирам, ако ми дозволите. Без импресум на видно место и без име и презиме на авторот на текстот воопшто не треба да се погледнува страницата.

Sent from my Redmi
 
Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,097
1,188
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
OS
Windows 10 Pro
Да резимирам, ако ми дозволите. Без импресум на видно место и без име и презиме на авторот на текстот воопшто не треба да се погледнува страницата.

Sent from my Redmi
Точно. А после кога ќе ми текне тие со име и презиме па колку лажат и манипулираат...:)
 
fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,541
2,537
Да резимирам, ако ми дозволите. Без импресум на видно место и без име и презиме на авторот на текстот воопшто не треба да се погледнува страницата.
Настрана муабетот од @Ragnar , колку од тие имиња и презимиња мислиш дека се вистински, посебно кај порталите кои форсираат лажни вести? :)
 
FiC DoGG

On your way to fame
17 април 2007
910
883
www.behance.net
FiC DoGG's setup  
Processor & Cooler
i7 2600k Noctua NH D14
Motherboard
Asus Sabertooth P67
Storage
840 pro 128GB + 500GB HDD + 1000GB HDD
PSU
CM Real Power 550W
RAM
2x4GB DDR3 1333
Video card
Gigabyte GTX 760 2GB
Case
CM Centurion 5
Mouse
A4tech X7
Monitor
2x Dell U2412m
OS
Windows 8.1 Pro
Настрана муабетот од @Ragnar , колку од тие имиња и презимиња мислиш дека се вистински, посебно кај порталите кои форсираат лажни вести? :)
Се додека се стави легална одговорност и спрема самиот портал, може колку сака фејк имиња да има под артикли, на крај сопственикот ќе го крка. А вака, чорба...
 
Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,097
1,188
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
OS
Windows 10 Pro
Ова со ширење на веста за отварање на школите беше апла фејк. Иако не ми е јасно зошто имаше потреба од такво нешто? Демек револт да се создаде кон МОН? Зошто кога за некој саат ќе демантираат? Иако на крај можеби ќе ти остане пак сомнеж - а бе да не се договарале они нешто па ради реакциите се премислија? Или уште поконспиративно - да не ја пуштија они таа вест за да видат реакции? Во многу случаи речиси невозможно е обичен човек, макар и да ги користи сите ресурси, да утврди која е вистината. Нашата политичка (еве нека е човек и неутрален партиски, сепак има некаков став за општествените случувања) ориентација на крај има голема улога во тоа што ќе прифатиме како вистинито, а што не.
Пропаганда, ПР - сето тоа го работат тимови, обучени за тоа.
Имаше еден интересен пример професорот Цуцуловски пред некоја година. Вика, во време на предизборен молк, луѓе стануваат сабајле и во сандачињата инаошаат пропаганден материјал за поддршка на партијата X. Луѓето што се за партијата X викаат ова мора да е направено од партијата Y за да се наштети на угледот на партијата X. Тие што се за партијата Y викаат ете знаевме дека овие од X се такви. Неутралните (ако постојат) мислат дека и двете опции се во игра :)
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,571
Мислења
820,809
Членови
28,233
Најнов член
dejanoskia
На врв Дно