• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Latitude 5501 и компатибилност на делови

  • Ја почнал/а темата
  • #1

NanoCell

Gaining Experience
10 октомври 2011
355
408
Здраво,

Моментално барам лаптоп кој ќе го користам на работа и изборот ми се сведува генерално на Dell Latitude/Precision или Lenovo Тhinkpad сериите. Dell компјутерите имаат цени кои повеќе ми одговараат, а имам и претходно позитивно искуство со повеќе компјутери од споменатите серии.
Лаптопот се користи за изработка на системи за автоматско управување, работа со бази, гео датабази, Office документи со поголема содржина и слично. Посебна графичка карта не е неопходна.

Од моменталната понуда, лаптопот кој ги задоволува моите потреби, а воедно влегува и во предвидениот ценовен ранг е Dell Latitude 5501 со следниве спецификации:
i7-9850H
512 GB class 40 NVME SSD
32GB DDR4 Ram
итн итн.

Поради потребата за поголем диск, одам на опција SSD + HDD, но добив информација дека не е компатибилен овој SSD со 2.5" HDD. После малку читање и информирање, заклучив дека class 40 дискот најверојатно не е компатибилен со HDD-то поради димензиите и со class 35 диск најверојатно би се решил проблемот.

1. Дали мојата претпоставка е точна и дали освен димензиите има некој друг потенцијален проблем (на пр. разлика во power consumption на двата диска, која би довела до нестабилно работење или нешто слично).

Исто така во малку над ценовниот ранг е Dell Precision 3541, кој има опција за надградба на i9-9880 процесор и кај кој се компатибилни двата диска (512 SSD class 40 + 1 TB HDD 7200 RPM).

2. Дали јас како краен корисник ќе имам бенефит од подобриот процесор и ќе почуствувам значителна разлика ?
3. Кое е вашето искуство со двете серии на лаптопи ?
 

Banjifiko

Unbeatable
28 октомври 2008
3,182
4,374
Skopje
Banjifiko's setup  
Processor & Cooler
i7-4790/TT Contac 29
Motherboard
Gigabyte GA-Z97M-DS3H
Storage
SSD Samsung 840 Evo 120 GB + Toshiba DT01ACA300
PSU
CM 700 W Silent Pro
RAM
Kingston HyperX DDR3 1600MHz 24GB
Video card
Asus Strix GTX970
Case
TT Commander Blue LED
Mouse
A4 Bloody V7
Keyboard
Modecom MC-800W Volcano
Audio
Samson SR850 & JVC HAM55X
Monitor
Dell U2414h
OS
Windows 8.1
Поради потребата за поголем диск, одам на опција SSD + HDD, но добив информација дека не е компатибилен овој SSD со 2.5" HDD. После малку читање и информирање, заклучив дека class 40 дискот најверојатно не е компатибилен со HDD-то поради димензиите и со class 35 диск најверојатно би се решил проблемот.
Не разбирам зошто би биле некомпактибилни, и како е тоа поврзано со димензиите? Јас купив пред месец дена Dell ласптоп Vostro серија кој оди во неколку верзии: само со SSD, само со HDD и комбинација SSD+HDD. Внатре има NVMe slot, плус стандарден SATA приклучок за механички диск. Верувам дека е ист случај и кај тој што си го гледал. Плус, рамот му е исто така на слотови, не е директно залемен за плоча, што е голема предност доколку сакаш да надградиш меморија.
 

Kazaam

Gaining Experience
20 септември 2013
136
85
Скопје
Од каде ја доби таа информација дека тој процесор не е компатибилен со 2.5" хдд? Колку што можев да видам ги имаш и двата слота: и m.2 и место за 2.5" диск. Може проблемот да е хардверски, односно, плочата да користи исти PCI-е линии и за двата интерфејса и да не може да се користат истовремено и двата. Што би било ептен идиотско решение. Знам дека и Леново во некои ThinkPad серии имаа слично решение, само што они во истиот физички простор поставуваа различен држач, или за 2.5" или за m.2.

1. Разликата во потрошувачката не ти игра некоја голема улога (барем мене), ако во обзир ја земеш нивната брзина. Просечно NVME, т.е. class 40 е ~2-3 пати побрз во однос на sata ssd. Така да ако имаш големи податоци за снимање/читање, ќе му треба и повеќе време (а со тоа и повеќе време ќе троши струја, па би дошло одприлика исто). Мисалм дека не ти е битен толку моментот кој диск колку троши. Слободно поправете ме ако грешам.

2. Се ти зависи работата со бази, т.е. апликациите дали поддржуваат извршување во повеќе нишки. Но вака без некои посебни информации, би рекол дека не би можел да приметиш никаква разлика при работењето со двата процесори (зборам за наведената употреба).

3. Со Dell лаптопи сум имал мешани искуства. Не би можел да ти кажам нешто повеќе за овие серии конкретно. Од друга страна ThinkPad сериите ги користиме доста на работа и до сега се имаат топ покажано. Плус ако начекаш и со гаранција од Инет, нема за што многу да ја мислиш и ако испадне некој проблем.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

NanoCell

Gaining Experience
10 октомври 2011
355
408
Дисковите се некомпатибилни, барем според Dell (прикажано на прикачената слика).

Мојата претпоставка беше дека е поради димензиите, но затоа и нагласив дека е претпоставка и прашав тука.
 

Атачменти

Kazaam

Gaining Experience
20 септември 2013
136
85
Скопје
Sorry, прв пат гледам за вакви class 35 дискови. Пак би рекол, причината претпоставувам е во матичната. NVME t.e. class 40 користи 4x PCI-e линии, а ова 35-кава најверојатно помалку и тука лежи зајакот. Ако се користат сите 4, потребна е и таа за 2.5" слот.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

NanoCell

Gaining Experience
10 октомври 2011
355
408
Од каде ја доби таа информација дека тој процесор не е компатибилен со 2.5" хдд? Колку што можев да видам ги имаш и двата слота: и m.2 и место за 2.5" диск. Може проблемот да е хардверски, односно, плочата да користи исти PCI-е линии и за двата интерфејса и да не може да се користат истовремено и двата. Што би било ептен идиотско решение. Знам дека и Леново во некои ThinkPad серии имаа слично решение, само што они во истиот физички простор поставуваа различен држач, или за 2.5" или за m.2.

1. Разликата во потрошувачката не ти игра некоја голема улога (барем мене), ако во обзир ја земеш нивната брзина. Просечно NVME, т.е. class 40 е ~2-3 пати побрз во однос на sata ssd. Така да ако имаш големи податоци за снимање/читање, ќе му треба и повеќе време (а со тоа и повеќе време ќе троши струја, па би дошло одприлика исто). Мисалм дека не ти е битен толку моментот кој диск колку троши. Слободно поправете ме ако грешам.

2. Се ти зависи работата со бази, т.е. апликациите дали поддржуваат извршување во повеќе нишки. Но вака без некои посебни информации, би рекол дека не би можел да приметиш никаква разлика при работењето со двата процесори (зборам за наведената употреба).

3. Со Dell лаптопи сум имал мешани искуства. Не би можел да ти кажам нешто повеќе за овие серии конкретно. Од друга страна ThinkPad сериите ги користиме доста на работа и до сега се имаат топ покажано. Плус ако начекаш и со гаранција од Инет, нема за што многу да ја мислиш и ако испадне некој проблем.
1. Двaта диска се NVME, со разликата во класата. Прашањето повеќе беше во насока на некомпатибилноста.

2. Единствената апликација која не подржува нишки е ESRI ArcMap, но брзината на процесирање на податоци на оваа апликација и други поврзани со истата, зависи од брзината на дискот исто така. Во мојов случај, ќе имам значаен скок од моменталниот i7 процесор од 3-та генерација со U ознака и лаптоп без вграден SSD.

3. ThinkPad сериите кои се достапни моментално имаат компоненти кои ми се непотребни, а значително ја креваат цената (дедицирана графичка Geforce GTX 1650, 4K монитор). Уверен сум дека се одлични, иако сум немал лично искуство. Моето субјективно искуство, како и на повеќето колеги е со Dell Latitude и Precision. Досега (пу пу пу, да не ги урочам) над 50 компјутери го изработиле својот планиран работен век (4 години) без никаков проблем.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,550
Мислења
820,329
Членови
28,210
Најнов член
iledimovski
На врв Дно