1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

ласерски принтер во боја препорака?

Дискусија во форумот 'Скенери и принтери' започната од crcic, 8 Февруари 2019.

  1. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    335
    173
    2 Април 2014
    да ми препорачате ласерски принтер во боја? не ми треба за бог знае што, од време на време на детево да му штампам нешто што му треба за во школо, стикерчиња некој и сл. реално, ке го употребуваме неколку пати годишно. најобичен, не ми треба ни мрежна поддршка ни скенери/копири и сл. ништо од тоа, само да принта.

    фала
     
  2. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,429
    12,585
    2 Август 2012
    Машко
    Ако ти е за така тогаш размисли за некој од моделите на Epson со фабрички ЦИС.
    btw
    Можеби нема да ти треба мрежна подршка но скенер ќе ти треба се повеќе и повеќе како што напредува во школо.

    А искрено да ти кажаж тоа wifi форите и сл. мислам дека се супер пошто не си приморан да го држиш до компјутер. Гломазни се.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    335
    173
    2 Април 2014
    понатаму ке купиме друг ако има потреба, сега и да го купам додека и ако му притреба ке биде сигурно стар модел и секако ке треба пак нов да се купува итн итн итн... дај линк ако имаш некој, на овие гледам амц, нептун и сл. никаде не пишува кој и дали е во боја или не е.
     
  4. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,922
    6,615
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Земи си ефтин црно-бел ласер околу 3000 што ќе ти е за нон-стоп принтање и ќе ти тера со години.

    За слики барај исклучиво инк-џет некој за да штампаш и на фото хартија (и стикерите се глоси). За вакви работи не се препорачува ласерски во боја. Резолуцијата им е лимитирана на 600х600 со интерполација на 1200 и пак не сум сигурен дека најефтиниот модел од 10.000 ден може да штампа на глоси хартија. Графитот не се лепи исто како мастилото. За обична хартија текст и црно-бела графика е измислен ласерот, за фото инк-џет.
     
    На Tomislav96 и Oliver! им се допаѓа ова.
  5. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    335
    173
    2 Април 2014
    имам црно/бел и тоа доста добар, ricoh mp2501 ми треба во боја, пред 2-3 дена трбаше да му принтам некој стикери во боја и еден куп време изгубив додека најдов копир во боја па да ги испринта во боја итн... значи инкџет е подобар за онака од време на време принтање во боја на таква самолеплива хартија? имаш конкрено некој модел да ми препорачаш или да барам? ама шо и да барам кога поима немам што да одберам. :)
     
  6. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,922
    6,615
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Немам појма, јас на работа имам ласер во боја и знам дека лошо принта слики и слично, а глоси хартија за лепенки што се наоѓа кај нас во книжари не работат на него. Треба глоси хартија за ласер која е поскапа.

    И сликите се штознам како ласер само со некоја боичка. CMYK кертриџ користи. Не изгледаат убаво.

    HP LaserJet Color Pro M452
     
  7. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,032
    1,155
    11 Март 2011
    Ласер во боја Canon кога сакав да купам и завршив со црно бел ласер, причината е бидејќи ми кажаа во Canon дека има 4 кертриџи од кои секој чини по 6000 денари. За 400 евра колку што се кертиџите, можеш да купиш 4 инк џет принтери и да ги фрлиш кога ќе снемаат боја (преувеличувам секако) :).

    Поентата е инк џет за боја со евтин принт, секако како мал недостаток ми е потешкото одржување, т.е. потреба да печатиш од време на време и ризик да се затнат главите. Иста препорака како погоре Епсон со ciss по можност, иако разгледај имаше некои Canon модели можеа да печатат и CD/DVD на пример (за тие што користат).
     
  8. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    335
    173
    2 Април 2014
    овој? гледам понаатму и кертриџите не се скапи, некој 1000-1500 до 2000 денари се на ebay.
     
  9. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    962
    565
    3 Јули 2007
    PIXMA iP7250

    Подобар не наоѓаш за парите. Евтини заменски кертриџи
     
  10. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,042
    2,985
    2 Септември 2012
    Машко
    Насловот е препорака за ласерски принтер во боја, а сите ти нудат инџект па ајде и јас исто. :p

    Немој само IP7250 жити бога, неговиот претходник IP4950 беше друга приказна, а ip7250 не не не.... :)
    Три комада ми отидоа, ене го третиот во работилница стои за украс, и тоа на сите до еден главата.
    Секој од нив не траеше повеќе од 11 месеци , а последниот 6 месеци, заменет под гаранција, значи за претходниот кој ми откажа за 11 месеци, ми дадоа нов под гаранција и вториот откажа за 6 месеци. :(

    Моја препорака G3400 серијата со фабрички цис, иако последниот G3411 им го купив од Анхоч трговски го имаш и на други места, но доколку сакаш без wifi и скенер го имаш G1411 истата серија.
    Ако сакаш со скенер но без wifi тогаш од истата серија G2411.

    Мене ако ме праша некој никогаш не би земал принтер без wifi во иднина, затоа што доколку има wifi му треба само струја и можеш да го ставиш каде сакаш, и сите компјутери што ги имаш (доколку имаш повеќе) да ги приклучиш бежично од било кое место во твојот дом, работно место итн.

    Сите принтери во Анхоч од Canon G серијата ти се со гратис бои, значи покрај тоа што во самата кутија од принтерот имаш 5 шишенца со бои (црвена,жолта,плава и две црни), ти ги даваат истите уште еднаш (со исклучок на црните пошо во моментот ги немаат на лагер за поединечна продажба).

    Исто така нај ефтините бои за тие принтери ги имаш во Анхоч 320 ден. шишенце.

    Овие штампачи на Canon се доста квалитетни, штом кај мене G3400 претходникот на G3411 работи еве две и пол години 24/7 и сеуште е во одлична состојба, значи навистина се екстра.:cool:

    Разликата од G3400 со G3411 е во тоа што вториов има дупло поголем резервар за црна боја и доаѓа со две шишенца во самото пакување за разлика од првиот. :)
     
    Глупав, crcic и на bxxxn им се допаѓа ова.
  11. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    335
    173
    2 Април 2014
    Што ке кажете за овој? 6000 илјади страни + гратис сето бои за уште 6000, има скенер, копир, мрежа комплетно се.... така да вреди...?

    ова е од спецификациите што ги причитав по интернет:

    you’ll be able to print up to 8,000 pages colour or 6,000 pages black,2 and produce exceptional quality
     
  12. smole

    smole
    Unstoppable

    2,997
    3,386
    18 Април 2007
    Оригинал да, пиратски тонери (црн и 3 бои) се по 1000 денари, а работат супер.
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  13. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    335
    173
    2 Април 2014
    мене ми е битно колку можеш со тие тонери да иштампаш? и да кошта 100 евра или еве 4000 денари за пиратски, ако може да иштампа 5-10к страни не е скапо воопшто.

     
  14. smole

    smole
    Unstoppable

    2,997
    3,386
    18 Април 2007
    Не штампам толку многу, 5к страни тонер за мојот принтер нема.

    2800 се декларирани мислам тонериве.
     
    На crcic му/ѝ се допаѓа ова.
  15. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    335
    173
    2 Април 2014
    јасно, пример само дадов, безвезе ги тропнав бројките

     
  16. Oliver!

    Oliver!
    Гостин


    Алал да ти е за препоракава.
    Баш се имав влетано да зимам еден HP All-in-One, ама ќе сум го јадел за малку... :))
     
    На Глупав му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Факат, мене лично ептен ми се најде една апликација на HP за принтање од мобилен.
    Редовно ми акаа некој pdf-ови на мејл и само директно ги пуштав за печатење - коска ствар :)
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  18. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,116
    4,188
    18 Септември 2013
    Машко
  19. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    335
    173
    2 Април 2014
    Никој не ми одговори така да ке претпоставам дека е во ред и утре го купувам. А и ко шо разгледав по интернет нема некој поплаки и сл.
     
  20. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    335
    173
    2 Април 2014
    ете така го купив HP-то од анхоч, не стигнав да го сликам али тие се сликите. први впечатоци не е лош, лесно се врзува на wifi бојата е добро изведена така да и лесно се полни со боја без да ти капне капка било каде, малку споро принта некој 20-тина секунди му требаа за 1 страна али за домашна употреба мене ми е ок, пишува на кутијата дека HP гарантира 8000 страни во боја или 15 000 црно бели со еден сет на бои, а бидејки дојдоа 2 сета со него (еден гратис) што се вика да ги потрошиш а да не мораш да плакаш во копирница веке ти се исплати. бојата на принтот не е лоша, и на најекономично боите се доста остри, уште ми останува да испринтам фотографија да видам како ке излезе али тоа кога ке купам таква хартија. исто и за стикери. тоа е тоа, се на се за домашна и школска употреба сум задоволен.
     
    На Oliver! му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Добро е 20-тина секунди, таман пензионерски ко за мене :)
    Само да е квалитетна изведбата на крај.

    А каква цена се сетот бои инаку?
    Не успеав да најдам кои точно се за HP...
     
  22. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    335
    173
    2 Април 2014
    тамам е изведбата, топ е. сега само што земав фотографска хартија ке пробам да испринтам некоја фотографија. а колку е цена на боја немам поима а и не ме интересира имам за 15k да принтам еееххааа.... :D
     
  23. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    335
    173
    2 Април 2014
    фотографиите испаднаа предобри, јес да 2-3 минути му требаше една а4 фотографија да испринта али резултатот е врв.
     
    На Oliver! и FiC DoGG им се допаѓа ова.
  24. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    БамбОна :)
    А што хартија се користи, има некој точен стандард или сам ја бираше?
    Никогаш не ги научив тие тракатанци, грамажи и други странци :)))
     
  25. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    335
    173
    2 Април 2014
    немам поима, оваа ја купив и имаш таму опција кога штампаш да му селектираш глоси хартија дека е и која грамажа е точно и тоа е тоа. абе ко за мали деце е направено.
     
    На Oliver! му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...