1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Лаптопи полначи input output волти ампери

Дискусија во форумот 'Преносни компјутери и таблети' започната од Avid, 1 Мај 2019.

  1. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,465
    5,025
    21 Јануари 2009
    Може ли некој да ми објасни како иде работава со полначи и лаптопи?
    Пример, сакам да знам дали еден полнач што си работел на еден лаптоп, ќе работи и на друг лаптоп.
    Што треба да проверам во input output на полначот, ампери, волти, вати, што треба да проверам во лаптопот, што ако го немам полначот од лаптопот за кај што сакам да проверам, дали може да рикне полначот дали може да рикне лаптопот, при кои ситуации би се случило тоа, колку различни видови на џекчиња има...
    Малку каснам со ова, комшијава веќе дојде, ако ми рикне полначот што му го дадов GG
     
    На G4M3R му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KarajanN

    KarajanN
    Intern

    23
    11
    2 Јуни 2010
    Лаптопите на лепенката со моделот и сериски број пичува ампеража и волтажа, а на некои пишува до џекот за полнач.
    Волтите на заменскиот полнач мора да биде исти, додека пак амперите можат да се повеќе.
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  3. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    167
    118
    21 Мај 2017
    Доколку батеријата е со помала волтажа од излезот на полначот пр. излез 20 а батеријата 12, после некое време ќе се надуе батеријата, полначот нема гајле.
    Амперите играат улога само во брзина на полнење, помалку или повеќе нема штета глеј волтажата да е точна само.
    Вати се volt * amp
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  4. efto

    efto
    Gaining Experience

    268
    206
    19 Април 2007
    Битен е поларитетот, види обично средината на џекот е + (имаш сликичка на самиот полнач). Имам користено 19V полнач на 20V лаптоп и обратно без проблем, разликата е ~5%.
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  5. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    448
    349
    26 Јуни 2012
    Машко
    Најбитен ти е поларитетот> па напон> и на крај струјата на полначот.

    Има полначи на кои средниот пин им е минус, а генерален rule of thumb е дека средината е секогаш плус а од страните металниот оклоп е минус. Тоа ти е најбитно да внимаваш со заменски или универзални полначи.

    Следно е напонот, полнач со мала девијација од оригиналниот не е воопшто страшно. Внатре во самиот лаптоп има додатна контрола за напонот кој регулира и „пегла“ за напонот(и потребите) на батеријата. Пример полнач од асус е со 19,42V, ако ставиш 20V заменски полнач нема ништо да се случи или да експлодира.
    Секако голем удел тука има и квалитетот на заменскиот полнач, дека тоа што е испринтано и залепено на етикетата како вредности може многу да варираат од тоа „што е внатре“.

    Последно е струјата, исто мала девијација +/- не е опасно. Премногу ако е во минус пример од потребен 3А полнач ставиш 2А може да го оштетиш заменскиот полнач бидејќи нема да може да ја испорача потребната струја за да се полни батеријата. Доколку е повеќе не е воопшто страшно, освен ако не ти план да го поврзеш лаптопот на швајц апарат :).

    Доколку е проблем со конектор нешто, најдобро е оригиналниот ако можеш да го поправиш или средиш. А второ нека е заменски наменет за тој тип на лаптопи, и трето универзалните со 50 приклучоци што доаѓаат во пакет.
     
    Arabian, efto и на Avid им се допаѓа ова.
  6. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,778
    1,538
    22 oктомври 2012
    Машко
    Пааа, не баш :)
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  7. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    167
    118
    21 Мај 2017
    Моја грешка, повеќе нема штета, а помалку има.
     
  8. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,869
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ќе го прегори адаптерот ако нема доволно ампери

    Волти Х ампери = вати

    Ако лаптопот бара 90W односно 20 волти со околу 4.5 ампери, а ти му ставиш 19.5 волти со 3,34 ампери (65W) тогаш или ќе изгори адаптерот или лаптопот ќе прави тротлинг ако има механика да примети дека не е тој адаптер што му треба.

    Ако не сте сигурни, не давајте погрешни информации особено кога е струја во прашање.

    Оригиналните делл полначи понови од 4 години имаат заштити за ова така да не мора да значи дека ќе прегорат, ќе се прегреат. Ама пошто се и свашта се врти по огласиве ако ставиш неоригинален, копија или недајбоже хантол универзалец може свашта да се деси.
     
    efto, borcep и на Avid им се допаѓа ова.
  9. almostanangwl

    almostanangwl
    Intern

    10
    1
    13 Август 2012
    Машко
    Ми треба полнач за Asus x54h. Предлог?
     
  10. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    167
    118
    21 Мај 2017
    На almostanangwl му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...