1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Лаптоп серии: Lenovo 100-15IDB / HP 250 G4 / Dell 3542, 5558

Дискусија во форумот 'Преносни компјутери и таблети' започната од olikomerc, 25 Септември 2016.

  1. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,553
    3,468
    11 Декември 2008
    Машко
    Ќе се земаат неколку лаптопи за Интернет+Офис, не се битни толку перформансите, сите претежно ќе бидат i3/i5, 4GB RAM, 500GB HDD/240GB SSD, Intel-HD...

    Ме интересира ваше лично искуство со некој од овие серии, кој од наведениве би бил со подобра изработка, да не крцка, да пропаѓа тастатурата и слично? :)

    1. Lenovo 100-15IDB
    2. HP 250 G4
    3. Dell Inspiron 3542
    4. Dell Inspiron 5558
     
  2. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,760
    5,731
    7 oктомври 2011
    kalfa
    Леновото се ѓубре, другите се ОК за парите
     
    На olikomerc и Daniel86 им се допаѓа ова.
  3. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,603
    4,517
    23 Јуни 2015
    Машко
    За издржливост од овие модели само Dell.
    Lenovo-то и HP-то се во исти кош, ефтина пластика, лоши звучници, лош микрофон и тач.
     
    HoLfElDeR, olikomerc и на Daniel86 им се допаѓа ова.
  4. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,678
    6,920
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Буквално се што има во еден леново лаптоп, поголеми ѓубриња од овие немам видено, пре би земал хп DV серија отколку овие.

    [​IMG][​IMG]
     
    Metuzalem, olikomerc и на DrMTR им се допаѓа ова.
  5. cakii

    cakii
    On your way to fame

    401
    736
    23 Февруари 2011
    Истите Lenovo што се мислиш да ги земеш ги земаа клиенти мои и испаднаа катастрофа. Нон стоп проблеми со нив, така да бегај од нив. HP 250 G4 исто земаа клиенти, со нив немаме никаков проблем и си работат океј :)
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nightingale

    Nightingale
    On your way to fame

    618
    525
    28 Јануари 2014
    Се извинувам вака што се нафрлам во дискусија но какви проблеми имаа клиентите твои со леново?

    Набрзо зедов Lenovo 100-15IDB па мислењава ваши ме погодија :D Немам никаков проблем со него, пластиката од друга страна е катастрофа за тоа ќе потврдам а со останато барем сега за сега е океј.
     
    Последна промена: 25 Септември 2016
  7. cakii

    cakii
    On your way to fame

    401
    736
    23 Февруари 2011
    Да појаснам дека истите клиенти земаа 2 HP и 2 Lenovo лаптопи од ист ранг и истите операции ги правевме и кај 2-те Lenovo и кај HP лаптопите, па така директно можевме и да споредиме како се однесуваат

    -Прв проблем беше што после врзување на domain 2-та компјутери драстично се успорија (во истиот момент врзувавме и 2 HP лаптопи со кои што немаше никаков проблем)
    -Времето на логирање на компјутер беше премногу споро (3-4 минути), додека кај 2-та HP компјутери немавме никаков проблем
    -Имавме голем проблем со поврзување на принтер со истите (истиот проблем го немавме кај HP со исти оперативни системи и драјвери, ниту кај ниеден друг компјутер во канцеларијата)
    -WiFi сигналот е многу слаб и сите компјутери имаат подобар сигнал од рутерот од Lenovo лаптопите
    -Проблем имавме 2-та Lenovo лаптопи со уклучување на WiFi при Startup односно не се вклучува WiFi-то, па мора да се рестартира компјутерот. Советувавме да ги однесат на сервис, меѓутоа не се нафатија за тој проблем (проблемот се јавува кај 2-та компјутери)
    -Едниот од лаптопите веќе јави проблеми со HDD
    -Изработката нема да ја коментирам, срамота е таков лаптоп да се направи

    За некои од проблемите компјутерите беа реформатирани (неколку пати), меѓутоа проблемите не се решија.

    Само да ви кажам дека имате само 2 USB порти на левата страна (една 2.0 порта и една 3.0 порта)
    Јас користам Lenovo лаптоп, меѓутоа ни ние ни клиентите не сме задоволни од 100 серијата.
     
    На olikomerc и Nightingale им се допаѓа ова.
  8. Nightingale

    Nightingale
    On your way to fame

    618
    525
    28 Јануари 2014
    Ти благодарам за опширното мислење :)
     
    На cakii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Astro

    Astro
    Guru

    6,164
    8,494
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Вака сега, од каде да почнам... Вашите клиенти не се задоволни пошто поима немаат што прават. Сите тие проблеми што ги наброја не се проблеми и се решаваат, само треба да седне некој што знае што прави.

    Проблемот со изработката не е проблем, туку производот е таков. За тие пари 15-16.000 колку што коштаат само будала може да очекува квалитет. Луѓе, сфатете дека не постои понизок квалитет од тоа на светов. Епа о чему ви причате?

    Сите овие модели екстензивно сум ги работел. Од сите тие најлоши се Dell моделите, па Леновото па HP-то. Од овие јас ниту еден не би пипнал, освен можеби HP-то (и кај него го има наводниот „проблем“ со слабиот wifi сигнал но ако клиентот има поима од системска администрација за 15 секунди ќе го преши трајно) пошто има најдобар екран од сите тие.

    За 21.000 имаш HP 450 у принцип кој е неуништлив. Ако е цената пресудна побарај Acer E5. Ако мора да се тие тогаш бидете спремни дека купувате најнизок постојечи квалитет и ништо нека не ве изненадува. Се тоа ќе исцрка за 3 години при оптимистичко сценарио.
     
    На dimsa, shooter, cakii и уште 2 други им се допаѓа ова.
  10. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,760
    5,731
    7 oктомври 2011
    kalfa
    Леновото има пластика полоша од корито, да се работи крајно внимателно, погрешно пресметана механика се крши под хинџовите, многу лоши и електроника катастрофа.
     
    На olikomerc и Astro им се допаѓа ова.
  11. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,553
    3,468
    11 Декември 2008
    Машко
    Nemozev nigde da naletam na ovoj model ako najdes vo nekoja prodavnica pusti link.

    Sent from my SM-J500FN using Tapatalk
     
  12. Astro

    Astro
    Guru

    6,164
    8,494
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Па да, гледам нема никаде на залиха за жал, од јасна причина.
     
  13. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,323
    3,719
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    250 евра лаптоп да се користи у бизнис цели? У Бурунди, ама и они ако нашле нафта, ни таму не се користи. Инаку и ја го приметуам Thinkpad дека е опаднат у квалитет. Ќе повторам, HP ProBook 650 G1 пријатно ме изненади и ми е daily driver. А Latitude 3440 уште јако си брка работа (со 12 гб рам и ССД додуша :). Порано беше просто, Thinkpad & Latitude беше изборот. Денес, хм, Тинкпад изгледа е у аут, а Пробук влегува во најтесен избор. Живот. ;)
     
  14. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,360
    3,052
    4 Септември 2008
    Има разлика од Thinkpad до Thinkpad, намерно направија каша попара со именувањето за да извлечат пари од брендот. Ако одиш со X, T, W серии од Thinkpad ќе добиеш дел од стариот квалитет, но и цената ќе биде квалитетна.

    Инаку ProBook и Elite сериите на HP одсекогаш го држеле квалитетот за бизнис корисниците, не се само сега подобрени. Знаело некогаш да потфрлат со одредена серија/генерација но горе доле добиваш квалитет сите овие години.
     
    На SiPy` и kirev им се допаѓа ова.
  15. Astro

    Astro
    Guru

    6,164
    8,494
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    За кој Thinkpad велиш дека е опаднат со квалитет? Најодговорно тврдам дека не е точно, But there is a catch.
    Постои Thinkpad Edge, односно Е серија. Тоа е буџет бизнис класа која е entry. Сите други освен Edge исполнуваат Military стандард за отпорност од удари, вибрации, лоша струја, прашина, влага, промени во притисок (битно за во авион), избор ка компоненти и слично. Земи на пример L класа или Т, спореди ја со E и одма ќе се запрашаш од каде Е спаѓа во Thinkpad освен што изгледа слично но само од далеку ако го погледнеш. Затоа не е Thinkpad туку е Thinkpad Edge. Има голема разлика, но не е сега тоа тема на разговор.
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  16. shooter

    shooter
    Gaining Experience

    537
    335
    2 Март 2010
    Машко
    Инсталирав 2 HP 250 G4 скоро, немав никаков проблем. Инсталирав Windows 10 Pro, драјвери си има на официјалниот сајт. Добро работеа додека ги тестирав (интернет, офис програми), немам некоја забелешка. Како ќе се покажат за понатака ќе видиме :)
     
    olikomerc, Astro и на cakii им се допаѓа ова.
  17. cakii

    cakii
    On your way to fame

    401
    736
    23 Февруари 2011
    Точно проблемот со изработката не е проблем, но сепак HP за истата цена нуди подобар квалитет.
    Јас сум иначе систем администратор на фирмата, знам точно за што збориш, меѓутоа во овој случај никако не успеавме да ги отклониме проблемите. Дури и официјален сервис за HP не успеа да го среди проблемот со поврзувањето на принтерите (бидејќи принтерот е HP).

    Како и да е, да не идеме оф-топик на темата, јас искрено не би го земал тоа Леново. Пре би идел со HP-то за кое што кажав не сум имал никаков проблем.
    Во врска со систем администрацијата можеме во пп да продискутираме :)
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Astro

    Astro
    Guru

    6,164
    8,494
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Јави ако сакаш јас да се обидам. Во живот не ми се случило да не успеам да сетирам HP опрема.
    Ај пиши ми во ПП за кое принтери станува збор, дали се поврзуваат директно на компјутерите или пак мрежно. Ми излгеда како софтверски проблем или дефектни кабли.
     
    На cakii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. shooter

    shooter
    Gaining Experience

    537
    335
    2 Март 2010
    Машко
    Со драјверот шо си го инсталираше windows 10 даваше слаб сигнал, но доволно колку да се симнат нови драјвери. Со официјалниот драјвер од страната се реши проблемот.
     
  20. Harrabed

    Harrabed
    Practice makes perfect

    1,369
    1,442
    22 Април 2013
    Машко
    Не му се работе
    Имам го леновото со и3 процесор звучник мизерија, пластиката прцка како чипс, тестатурата веќе му е расипана. Од амц преварантите што поима си немат убаво ги прашувам дали има два слота и ми викат им да секако, дома доваѓам и има што да бидам има само еден слот достапен за менување другиот е on board soldered за перформанси вака е добар и за интернет и со адобе програми и со се, а батерија од срање по срање...

    Најдобар ти е хапето со и5 процесор ако го има овде во мкд, исто така ќе му ставеш и едно ссд и има да возе како порше.
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  21. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,553
    3,468
    11 Декември 2008
    Машко
    Еве го хапето со тој процесор и добра цена
    https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=2_24&product_id=217226
     
    На cakii му/ѝ се допаѓа ова.
  22. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,603
    4,517
    23 Јуни 2015
    Машко
    Барај со GT 920M, далеку подобра.
    Мислам дека батеријата беше со 3 келии на тие модели. o_O
     
  23. Harrabed

    Harrabed
    Practice makes perfect

    1,369
    1,442
    22 Април 2013
    Машко
    Не му се работе
    ако се планира за мултитаскинг од и5 па нагоре, никако и3. И ако се има можност за едно ссд.

    Со и3/8гб без ссд(со ссд има огромна разлика али пак душа ваде како во шок соба да е) имам пробано да работам illustrator/photshop/ellipse/brackets/office и плус 5-10-20-30 таба во позадина сецка лаптопо почне да буче како ветер
     
  24. Astro

    Astro
    Guru

    6,164
    8,494
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Не е баш решен проблемот. Кога-тогаш ќе се врати.
    Сум пишал што е проблемот со тие мрежни адаптери. Има комбо адаптер и он ти ја користи антената за bluetooth наместо WIFI антената. Нема врска со драјверот. Во подесувањето за тоа која антена да ја користи се додека ти стои на AUTO он ќе се буни и после 5-10 рестарта пак ќе ја згреши антената. Треба да му наместиш на Main или на Auxillary (треба да се проба со кој аќе има подобар сигнал) и тек тогаш ќе се реши проблемот трајно.
     
    На shooter му/ѝ се допаѓа ова.
  25. worker_x

    worker_x
    Gaining Experience

    361
    361
    17 Март 2010
    Машко
    Сум имал искуство само со Леново-то и ХП-то, со Делл-от не. За работа се окeј и двата модели, но за изработка не очекувај нешто посебно, пластикарија невиденa.
     

Сподели

Вчитување...