1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Лаптоп!!! Моќен или поиздржлив

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од angjeleski, 16 Декември 2009.

  1. angjeleski

    angjeleski
    Intern

    202
    11
    23 Април 2007
    И јас имам намера да купам лаптоп ама сум на мисла што да земам. Имено во насловот може да се види дека се мислам помеѓу лаптоп со поголеми перформанси или пак лаптоп со послаби перформанси но кој ќе користи ULV интелов процесор кој има многу мала потрошувачка (затоа во насловот го напишав како поиздржлив мислејќи на подолг работен циклус).
    Е сега од друга страна овие ULV процесори пак се прилично со помал работен такт од околу 1.3-1.5 GHz па затоа би сакал само едно ваше мислење околу следните 2 понуди :

    1. ASUS UL50AG - XX003D
    - Core 2 Duo SU7300 со 3 MB кеш меморија и 1,3 GHz работен такт
    - 4GB DDR2
    - 500 GB HDD
    - Intel 4500MHD onboard графичка со HDMI поддршка и излез
    - Wireless N, webcam ....

    Според спецификациите овој лаптоп треба да издржи околу 11 часа работа без дополнување на батеријата.

    2. ASUS K61IC - JX025D
    - Core 2 Duo T6600
    - 4GB DDR2
    - 500 GB HDD
    - дискретна GeForce G220M графичка
    - Wireless N, webcam.....

    Се мислам за првиот лаптоп затоа што кога сум дома имам десктоп кој си го користам и си "вози" сосема солидно а за разлика од лаптопот е дури и послаб (според мене) со Intel-ов 478 пински процесор со 512 kb кеш и 2.8GHz, 1 GB DDR1 400MHz меморија, GeForce FX5200 со 128MB меморија и АТА HDD од 80GB ...

    Да напоменам дека не играм игри воопшто, а единствено нешто што работам а би имало апетит за графички перформанси е Phostoshop, Autocad, SolidWorks и понекогаш знам да си користам CyberLink Power Director за монтажа на видео клипчиња до кај 5-6 минути (што едвај го правам на сегашниов десктоп).

    Дајте ми мислење дали вреди да земам лаптоп кој ќе има долг работен циклус (сепак тоа го прави по-мобилен) или пак перформансите кај другиот лаптоп еден ден ќе ми се исплатат за тоа што сум го инвестирал.

    И уште едно мислење дали перформансите на послабиот лаптоп би биле поголеми за разлика од десктопов кој го користам (види конфигурација погоре).

    поздрав
     
  2. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,329
    982
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Дали имаш реална потреба од 10 часа да си само на батерија, без можност да се приклучиш на струја?
    Или доволно ти е неколку часа без струја?

    Од ова зависи за што да се одлучиш.

    Јас како би играл, без размислување би го зел помоќниот, а ако имам потреба би зел дополнителна батерија.

    П.С. Core 2 Duo SU7300 со 3 MB кеш меморија и 1,3 GHz работен такт - воопшто не е за потценување овој процесор.
     
  3. gokica

    gokica
    Модератор

    8,432
    10,328
    13 Јуни 2009
    Моето мислење е дека лаптопите денес горе доле имаат слични перформанси. SU7300 и Т6600 во реален свет кога станува збор за потреби на еден обичен корисник се разликуваат многу малку односно незабележително. Т6600 е побрз на бенчмарци ама пак ќе речам во секојдневие разлика и нема.

    Од друга страна главната намена на лап-топ е мобилност при работа. Јас без двеумење ќе се одлучам за SU7300 (се сложувам со Taurus дека воопшто не е за потценување) зашто помалку загрева што лично за мене е многу важно, и многу подолго трае батеријата се разбира. Ми се бендисува графичката на другава конфигурација во споредба со Intel-овата варијанта ама пак ќе речам, лично за мене лаптоп е лаптоп. Ако играм саглам 3д игри тогаш идам на декстоп а лаптопот независно од графичката, се знае, може да долови само мал дел од убавините на гејминг индустријата. За наведените потреби и двете картички ќе бркаат одлична работа.

    Значи јас лично би одел со првата варијанта но тоа е сепак став кој го базирам на моите потреби и замисла за тоа зошто служи лаптопот.
     
  4. angjeleski

    angjeleski
    Intern

    202
    11
    23 Април 2007
    Види. Кога ќе земам во предвид дека многумината со кои сум се сретнал и користат лаптоп повеќе од 1 година се жалат на тоа дека во тој рок од година дена батеријата ја изгубила својата моќност за околу 40-50%, па на горенаведениот лаптоп колку сака нека му ослабне батеријата, малата потрошувачка повторно ќе биде предност и би имал барем 5 часа работа. А за тоа дали ми треба??? Лаптоп се купува заради мобилноста, а доволно е бар еднаш кога најмнгу ќе ти треба батерија тогаш да те заебе и да отераш се од перформанси у п.м. :))


    Е ова ме интересираше. Тhanks :rolleyes:

    Истомисленик :)
     
  5. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,248
    13,179
    23 Јануари 2008
    Манга
    Секако дека ноутбукот е за мобилност. Но не на секому му е потребен не знам колкав век на батеријата. Онаму каде јас го носам нотубукот има штекери со електрична енергија, па така батеријата и не ми е толку пресудна. Но перформансите ми се пресудни. Е сега, некој можда нема да забележи разлика во перформанси, ама јас и те како забележувам.

    Елем, ако некому му е битна батеријата, а не перформансите тогаш би препорачал исклучиво Netbook.

    И BTW, ако тој ноутбук споменат погоре кој би требало да издржи 11 часа без полнење на батеријата:LOL:, издржи само 5.5 часа со под-просечна работа (значи сурфање, слушање музика, глеање филм или работење со офис апликации) јас ќе ти го купам поклон.
     
  6. GyGaX

    GyGaX
    Intern

    14
    0
    20 Јуни 2009
    Да ама лаптопите ти се од АМЦ. Дали воопшто ги има тие лаптопи е големо прашање. И јас бев заинтересиран за вториот но во Битола ми кажаа дека се потрошиле и нема да добијат пред нова година, а јас всушност прашав 2 дена по излегувањето на каталогот.
    Па друже мое да ти кажам кој ке го најдеш тој да го земеш...
    ... ако воопшто најдеш некој.
     
  7. feit

    feit
    Intern

    684
    43
    12 Февруари 2009
    Нема шанси лаптоп да издржи толку многу (11 часа) најверојатно е некоја грешка. Сепак земи го помоќниот ако нема многу разлика во цените.
     
  8. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,588
    5,146
    20 Април 2007
    Машко
    Detchko kazi kaj da se najdeme da testirame...zainteresiran sum za novogodishen podarok...:Dedomraz:
    I racunaj si deka cel den ke izgubish so mene...Od 9 do 21...

    :wohoo:
     
  9. gokica

    gokica
    Модератор

    8,432
    10,328
    13 Јуни 2009
    Баш побарав за горенаведениот модел некои ривјуа ама ништо посебно.

    Можеби и не сум побарал добро но сепак и на странски сајтови е објавена информација за максималниот циклус на батеријата од 11 часа.

    Разгледував и други лаптопи на HP и ACER со слична конфигурација (ист процесор) со 6 келиски батерии па ги промовираат за издржливост од 9+ часа. ASUS-овиот модел има батерија со 8 келии за разлика од нив.

    Дури и да е теоретска максимална издржливост (и јас сум убеден во тоа) сепак мора да се сложиме дека ова е издржливост на завидно ниво која сепак на крај се сведува на тоа да зависи од програмите и употребата на лаптопот.

    Апсолутно ги разбирам луѓето кои бараат перформанси наспроти долготрајна батерија. Но моето сваќање се базира на моите потреби кои горе доле се исти за повеќето корисници. Јас лаптопот го користам за работа (ворд, ексел и адобе веб дизајн), музика при работа и видео во вечерни саати кога не сакам да пречам со упален ТВ. Се разбира луѓе имаат и други потреби ама јас поаѓајќи од моите сметам дека многу подобро би ми било да имам издржлива батерија и да ми се најде кога ќе ми треба отколку поголеми перформанси кои стварно не разбирам како јас ќе ги употребам.

    Не патувам често (2-3 пати годишно од работа) но во транзит зона по аеродроми секогаш имам потреба од дополнително време од батерија (бар во истанбул има кафич со штекери во првиот ред) ама ете до сега не сум нашол за сходно да купам уште една батерија за тие патувања (ех што циција сум) :D.
     
  10. 386ka

    386ka
    Gaining Experience

    2,360
    189
    22 Декември 2007
    Искрено, би одел за перформанси. Разбирам дека сакате подолготрајна батерија, можеби на некое патување, па ако тоа е случајот, ќе земам повеќе-ќелиска батерија, и исто така, сигурно надвор од дома нема да играм, рендерирам или слично, што ќе ми даде простор за underclock, и гасење на екстерни уреди. :)
     
  11. gokica

    gokica
    Модератор

    8,432
    10,328
    13 Јуни 2009
    Потполно те разбирам зашто можеби имаш различни потреби од моите кога станува збор за лаптоп.
     
  12. DrMos

    DrMos
    Gaining Experience

    285
    52
    19 Септември 2009
    Машко
    би одел на перфоманси...камо да имам еден со Core i7 (60000 ден)
     
  13. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,248
    13,179
    23 Јануари 2008
    Манга
    Мене батеријата ми е 8 келии 4400mAh 14.4v. За сурфање ми трае од прилика околу 3 саати со уклучен WiFi. Ако правам и други работи, трае пократко. Тоа е релативно доволно за тие некои ретки моменти кога ќе ми е потребна батерија.

    Меѓутоа кога ќе седнам да работам на ноутбуков имам чувство ко да работам на некој просечен десктоп. Имам целосна тастатура, 17" монитор и многу битно диск со перформанси ко дисковите за десктоп (500GB 2 platter по 250GB, 7200RPM 16MB SATA2).
     
  14. gokica

    gokica
    Модератор

    8,432
    10,328
    13 Јуни 2009
    gOJDO, со здравје да си го служиш лаптопот (претпоставувам дека ти е нов) кој е очигледно многу моќен но и со тоа различен во своите перформанси од горенаведените лаптопи за кои дискутираме. Јас би рекол до некаде по твоја мерка.

    А и нормално е кај тебе батеријата да не може да иде многу долго иако е моќна заради големиот екран, моќната графика, брзиот процесор, не знам дали рамот е на дефаулт или и тој иде на повисока волтажа а и не сум сигурен но најверојатно и хард дискот можеби за нешто ситно арчи повеќе струја од обичните лаптопи.

    Сепак јас одамна тебе те исклучив од широките народни маси и од групата корисници која се задоволува со просечно до добро кога станува збор за компјутери но и за цена која треба да се плати за тоа. Ти сепак мора да го имаш најмоќното. :bravoska:
     
  15. angjeleski

    angjeleski
    Intern

    202
    11
    23 Април 2007
    Точно. Знам дека веќе ги нема ни двата модели но повеќе ми беше што ја отварам темата за тоа каков лаптоп да се земе.
    А замени за нив имам. Лаптоп со помала потрошувачка и исти перформанси можам да земам ACER од TDK компјутери, додека долната варијанта ASUS ја има во SET.
     
  16. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,248
    13,179
    23 Јануари 2008
    Манга
    Лаптопот ми е стар 14 месеци.
    Оригиналната конфигурација беше:
    Pentium DualCore T3400(Merom) 2.17GHz 1MB L2
    2GB Samsung DDR2-800 CL6 + 1GB ProMos DDR2-800 CL6
    Mobility Radeon 3430 256MB
    Toshiba 320GB 5400RPM 8MB


    Се мислев да го продадам и да купам нешо помоќно, ама кај нас прво немаше нешо помоќно, т.е. требаше да нарачам и да чекам. Ќе требаше да платам околу 1500 евра и ќе требаше да изгубам многу ако го продадев ноутбукот (кој ме чинеше околу 800 евра). А ноутбукот ми е коска, има 17" екран, full тастатура, GB Lan, WiFI, Bluetooth, WebCAM, mic, 4 USB и што е многу битно е еден од најленсите 17-ки, т.е. 2.65kg.


    Затоа се одлучив да го надградам, па така прво му сменив мемории пред 7-8 месеци, т.е. му стаив 2x2GB Transcend DDR2-800 CL5. Потоа, му го сменив дискот, т.е. Seagate Momentus 7200.4 500GB 16MB 7200RPM. Со промена на дискот се осеќа огромна разлика во перформанси, дефинитивно спорите дискови се тесно грло на перформанси на ноутбуците. Графичката(Radeon 3650 1GB) и процесорот(T9600) ми се порачани и треба да ми стигнат деновиве. :))

    Ќе отворам тема со детали околу надградбата, т.е. расклопувањето на целиот ноутбук, пошто буквално тоа треба да се напраи за да се сменат процесорот и графичката :)
     
  17. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,238
    514
    3 Април 2008
    од кај го зема дисков и по која цена?
     
  18. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,248
    13,179
    23 Јануари 2008
    Манга
    Ми го донесоа од Србија, 110 евра.
     

Сподели

Вчитување...