• Поради преголемиот интерес за графички карти, и злоупотребата на платформата за личен профит, се забранува проценка на графички карти на неопределено време.
    Секој кој нема да го почитува ова правило ќе му биде одземено правото на огласување перманентно.

    Со почит It.mk
  • Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Подарувам Лаптоп HP Compaq 6710b

  • Ја почнал/а темата
  • #1

DonFrozex

Practice makes perfect
9 јуни 2011
1,094
1,350
Подарувам постар лаптоп HP Compaq 6710b.

Лаптопот е функционален. Физички изглед 4/10.

Инсталирано Lubuntu 32bit, пошо претходната Win 7-ца што ја имаше копаше и не сакаше ништо да отвори. Сега со лубунтуту е доста по респонзивен.
Веројатно ќе се убрза ако се отвори лаптопот да се зачисти и ако има нешто за менување/појачување.
Но немам ни време ни алат за тоа да го направам.

Би било фино ако некој што знае некое семејство или дете кои што имаат потреба од (каков таков) лаптоп за школо/работа да им се подари.
Знам едно време имаше акција на оваа тема но не успеав да ја најдам темата и членот.

Спецификации:
HP Compaq 6710b
Intel Core 2 Duo T7250 @ 2GHz
1GB RAM
HDD 150 GB ?
Без батерија, со полнач.
Лаптопот е прилично голем и тежок.

Слики тука.

Комуникација може и во ПП може и тука, но јавно ќе биде објавено кој и како ќе го земе.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

DonFrozex

Practice makes perfect
9 јуни 2011
1,094
1,350
Не би знаел искрено дали има уште еден слот за рам на матичнава, но добро е да знаеме дека има некој што сака да помогне.

Уште да најдеме заинтересиран (што ќе докаже некако) дека стварно му е потребен лаптопот и да се даде....
 

Goce gl

Gaining Experience
3 март 2019
71
73
Не би знаел искрено дали има уште еден слот за рам на матичнава, но добро е да знаеме дека има некој што сака да помогне.

Уште да најдеме заинтересиран (што ќе докаже некако) дека стварно му е потребен лаптопот и да се даде....
има 2 слота за рам ддр2 на 667 мхз ,1 од долниот дел на лаптопот и 1 под тастатура можи до 4 гб да се надогради
 

Astro

Epic
20 јуни 2012
7,628
10,922
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Знам едно време имаше акција на оваа тема но не успеав да ја најдам темата и членот.
Сеуште трае акцијата, јас ја терам. Мене па ми фалат монитори, компјутери имам повеќе.
Ако не најдеш некој што му треба јави ми, јас ќе го спремам за следниот во списокот, би требало да имам и некој модул RAM да му се додаде.
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4,619
5,197
@Astro ако го земе, мислам дека имам РАМ да му додадеме и може да оди за донација за деца на кои им треба лаптоп за онлајн настава. Штета што нема веб кам.
 

Astro

Epic
20 јуни 2012
7,628
10,922
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
@Astro ако го земе, мислам дека имам РАМ да му додадеме и може да оди за донација за деца на кои им треба лаптоп за онлајн настава. Штета што нема веб кам.
Веб кам нема, и им прават проблем на децата уште одозгора.
Иначе какви работи се изнагледав, луѓе врз картони спијат а ги форсираат децата накомпјутери да следат настава...
Инаку разбрав дека има некои дечки од Телеком што донираат 4G рутерчиња и даваат интернет каков/таков, ако знаете нешто за тоа или кои се пишете ми pls.
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4,619
5,197
Ако има стварно таква опција со донација на 4Г рутер, во комбинација со ова лаптопче, какво такво, и ако @Astro каже дека може да тера онлајн настава, може да го спремиме за донација и превземање од споственик.
Јас дадов мобилен за таа намена, немаат како да следат децата на друг начин. А вака со лаптоп би било многу подобро...Се надевам дека win7 хоум би можел да тера на конфигурацијата со 2 гига рам без проблем...
 

Astro

Epic
20 јуни 2012
7,628
10,922
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Ако има стварно таква опција со донација на 4Г рутер, во комбинација со ова лаптопче, какво такво, и ако @Astro каже дека може да тера онлајн настава, може да го спремиме за донација и превземање од споственик.
Јас дадов мобилен за таа намена, немаат како да следат децата на друг начин. А вака со лаптоп би било многу подобро...Се надевам дека win7 хоум би можел да тера на конфигурацијата со 2 гига рам без проблем...
Таа конфигурација за Teams ке тера, едвај ама ќе биде можно. Ама да не бидам сфатен погрешно, јас само слушнав некој ми кажа дека имало отворени 4G мрежи некаде што ги местеле некои дечки, не знам дали е ова вистина. Ако некој знае би било корисно, барем да дадеме компјутери таму каде има и интернет.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,803
Мислења
850,740
Членови
29,490
Најнов член
cadi1
На врв Дно