1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Квалитетни Бироа за ПЦ

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од ARMac, 25 Февруари 2019.

  1. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,826
    6,399
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Шпартам денес да најдам нешто по мерка за ново биро за во дневна, ама неможам да најдам. Ај препорачајте нешто, продавница или салон каде да барам.

    Треба да е со следниве карактеристики.

    Од 100 до 120 цм ширина, 50-60 цм должина, висина стандард 72 +/- некој цм
    Да има лизгачка полица за тастатура и маус
    Да има место за куќиште доле лево или десно
    Да има барем една фиока.

    Се што најдов со овие карактеристики се 140 до 160 цм што е огромно.

    Бои венге менге сонор незнам штозначат, треба да е светло кафена.
     
    Banjifiko, ТАТА_МАТА и на JensenInterceptor им се допаѓа ова.
  2. smole

    smole
    Unstoppable

    2,920
    3,265
    18 Април 2007
    А да идеш у Солопром они да ти направат по мерка?

    Јас од кај нив имам зимано материјал па сам си склапав плакари, ваљда и можат по мерка да ти исечат материјал па ти да си го штрафиш (ако си вичен).
     
    На Pane-G, Speedster, mviktors и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,175
    3,468
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Обрати се кај @Tajson, мислам дека ќе може да ти излезе во пресрет бидејќи тоа работи човекот ако не се лажам.
     
    StalkeR, Astro и на spiritBreaker им се допаѓа ова.
  4. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,647
    2,948
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    +1 и од мене за споменатиот член
     
  5. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,826
    6,399
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Пишав на @Tajson фала ви ќе пишам што биде
     
  6. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,826
    6,399
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    @smole вичен сум ама немам кола моментално проблем ми е тоа.
     
  7. Astro

    Astro
    Guru

    6,024
    8,157
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    @ARMac значи те изедоа децава а? кај компјутер па уше и биро сеа :)
     
    На dangthe му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,826
    6,399
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ааа за мене е ова. За во дневна, затоа сакам детали.
     
    На toshex и Astro им се допаѓа ова.
  9. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,919
    4,029
    28 oктомври 2008
    Ова со фиоката го разбирам, но тоа со лизгачката полица за тастатура и маус баш и не... Јас се токмам да си составам едно со слични на твоиве димензии, ќе нарачам 25mm кантирана плоча и ќе и ставам 4 ногарки. Тастаурата ако ми треба простор можам да ја бутнам под стендот за монитор.

    IMG_20190225_155746.jpg
     
    На Глупав, incontempt, StevoB26 и уште 3 други им се допаѓа ова.
  10. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,826
    6,399
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Епа горната табла ако е 50цм - 24" монитор, хбокс, контролери и слично тесно ми е. Затоа полица извлекуваш седиш и буткаш после.

    А просторот толку ми е да може 100 до 120 на 50 или 60 цм
     
  11. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,919
    4,029
    28 oктомври 2008
    Стендот на сликата е 600x200x80mm со custom делови од Бриколаж и чинеше под 400 денари. Но, може да се напрви и по цела должина на масата.
    Со наменска фиока не сум сигурен дека ќе можеш било каква тастатура да користиш, како на пример механичка:)
     
    На ТАТА_МАТА му/ѝ се допаѓа ова.
  12. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,395
    1,994
    12 Август 2009
    Машко
    во тој случај мониторот на ѕид... па имаш и полица.
     
  13. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,826
    6,399
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Мерев, џабе мора тастатура та и маусот на слајдер да идат. Освен монитор и хбокс, на горната табла имам и хдми 4х сплитер и 4х свич, долументи папки итн.

    Дополнително има и прозор позади мониторот што планирам да го отварам. Монитор лесно ќе го помрднам, а со стендот таман ќе го блокира.
     
    На Banjifiko му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Fredy

    Fredy
    Unstoppable

    867
    2,202
    12 oктомври 2014
    Машко
    Со 4 ногарки ќе биде нестабилно.
    Би ти препорачал да си земеш комплет 2 ногарки со врзници по мерка од тука Blažič export 2013 - Kovina orodje .Се наоѓаат во визбегово и имаат стварно огромен избор.
     
    На Speedster и Banjifiko им се допаѓа ова.
  15. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,826
    6,399
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Верувам дека го најдов тоа што ми треба. Сепак ќе го почекам тајсон да одговори. Ако има некој број од него нека ми пише.

    [​IMG]

    Edit - Е ништо 145цм било, не го собираТ
     
    На bLaCk AnArChY му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    533
    426
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Колку буџет имаш?

    Ова поевтинило многу од што беше порано, а беше околу 100 еура.
    MICKE Pisaći sto - crnosmeđa - IKEA

    Можеш да монтираш и на лево и на десно.

    На место на големата фиока - идеш у Солопром да ти направат само кантирана даска и ете ти лизгачка полица :)

    Висината пак добро ќе одговара ако си на фотеља или понизок стол + одлично пасува со погледот кон монитор.

    Ако имаш стол што е повисок од 40цм од земја рачунај дека може да ти треба подигање на мониторот доколку е со дијагонала помала од 24"
     
  17. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,826
    6,399
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Еве на крај се одлучив за биро од Forma Nova. 4500 ден. И пошто не вршат испорака за под 6000, нарачав и „ципелар“ пошто и онака ми требаше. Доволно време потрошив на ова на крају краева не зимам мечка од 500к еура.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Ципеларот хехе

    [​IMG]
     
    toshex, smole, VerGer и на уште 1 им се допаѓа ова.
  18. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    566
    719
    25 Февруари 2016
    Машко
    Со здравје да го користиш, не бев активен овие денови на форумот, ме замори ;) темана со клими па паузирав.
     
  19. The-spiki

    The-spiki
    Gaining Experience

    62
    63
    26 Април 2008
    Машко
    System Administrator
    Јас мислев ти квалитетно биро сакаш, а не ова Икеа стајл :)
    Така напиша во Тема / Топик. хехе. Без навреда, шала.

    За други членови (и за тебе за друг пат):

    ТЛДР верзија:
    Солопром, Јавор, Акиста за плочи и сечење + кант / абс и оков / ногари
    Мене ногари (и пречка / траверзала) ми беа најдобри од Салон29 (има верзија П, X, [] )

    Целосна верзија:
    1. Плоча од иверка (поради цена не медијапан)
    Не е многу битно кој производител, може Егер, Кроношпан...
    за биро гледај дебелина 25мм (или па 16мм и дуплираш на клучните делови)
    Тие плочи се големи 280цм х 208цм, цена оквирно некаде 50 еур.

    2. Шо ги ебам ќе ги сечам
    Им даваш димензии за сечење, кажуваш од која страна сакаш абс (тоа подебелото) а каде обична кант трака (нпр тие делови што ќе идат на ѕид). Цена малце варира од тоа колку има должина за сечење, за заштита со трака, која трака... И да ли го дизајнираш со кривина, т.е. дупка, за стомак да собере + раце веднаш да бидат на маса

    Се разбира, пази да не се заебеш како јас... 2,7 метра целина и да му ебам за пола сантиметро... Пробуваш на сила, заебуваш фарба, ајд уште малце со сила и го оштетуваш зидот на неколку места... и јебига, 9 вечер е ама свеедно сакаш сега, бараш мајстор за итна интервенција

    3. Столар
    На златна книга наоѓаш кој работи уште, (јас прошла година мислам на пазар3), типов доаѓа за саат време... Со таа рачна пила/тестера/штоидае го сече тоа што е вишок, кант трака има само друга боја од тоа што ти е дезенот ами ако, го лепи со пегла и тоа е ОК.
    Подоцна ти паѓа во око, абе се гледа тоа не е иста нијанса а и жолто тоа иверка на рабови... малце со фломастер го поправаш, викаш абе и не се гледа тоа на ѕид иде свеедно.
    Сите те прашуваат што е ова вака заебано, одговараш со „Ај не сери!“ и го реши проблемот.

    Е да. Сега, цена може да испадне ОК, претпоставувам 100тина еур...
    А може да излезе и над 300/400, зависи од тоа колку се просераваш :)
    И на крај сите тие полици итн што ти ги праеше од остатокот од таа плоча (само пола отиде на работна површина) ги оставаш на другото ќоше... е па тие не ги употребуваш веќе година дена, зашто за на ѕид требало нешто со анкери и тие триаголни профили да издржи тежина на полица + тоа што ќе биде ставено. и и и...
    Ама па, имаш право да се курчиш дека си дизајнирал своја маса :)
     

    Прикачени датотеки:

    • masa-c.jpeg
      masa-c.jpeg
      Големина:
      206.4 KB
      Прегледи:
      142
    Последна промена: 26 Февруари 2019
    На Speedster, Bravo, draganamon и уште 3 други им се допаѓа ова.
  20. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,826
    6,399
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Епа ми пукна филм сите салони пешки ги шетав. Вработени што немаат метро при рака, незнаат кога испорака. Реков погоре немам кола моментално, па солопром по мерка без превоз отпаѓа.

    Кај три столари што се јавив ми викаат за месец-два. Или ај да се пречуеме другата недела, имам нарачки. Ајт у ПМ више. Нема на земја да ми седи компјутерот.

    Да купував стан ќе се замарав повеќе.
     
  21. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    542
    521
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    не ти стигна пола плоча? :) добар краен резултат!
     
  22. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    533
    426
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Со среќа да си ги складираш кондурчинана! :D

    Внимавај на транспорт на ова само, мислам на мрдање низ соба или од една во друга соба, нежни се тие страници 16мметарски.

    А онака саглам изгледа, од кај тие имам купувано неколку работи и ок излегле на долгорочен план.
     
  23. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    533
    426
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Врло веома важно.

    Еве јас го имам тоа погоре од сликата од Икеа, направено како што му предложив со лизгачка полица и сите страници се 32мм.
    Цврсто е ептен со оглед на тоа колку гњаважи има претрпено.

    А планот со даски и делови од Солопром е најдобар, така ќе правам следен пат.

    Уште подобро: наоѓаш скици на мрежа, им ги носиш со целосните детали од дупки отварање, кантирање до точни позиции за штрафови.
    Си земаш делчињата дома, еден штрафцигер и го склопуваш за 1 саат :)
     
    На ARMac му/ѝ се допаѓа ова.
  24. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,826
    6,399
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ќе пазам да, знам дека е иверка обична и тенка (бар не е медијапан). Бев вољен да потрошам до 300 евра на нешто што би ми се свиѓало, не најдов со тие димензии што би ми одговарале.

    Вака и некоја квалитетна столица ќе си купам. со Лумбал сппорт.
     
  25. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    566
    719
    25 Февруари 2016
    Машко
    Благодарам за рекламата :);)
     

Сподели

Вчитување...