Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
На слична мака бев пред само месец дена. Не сакав да влечам видлив оптички кабел до дневна и барав решение за над влезна врата да сместам модеми/рутери, ама на крај заигра хилтата
Вакво нешто со специјална намена не најдов кај нас. На памет бев да земам таква кутија како за осигурачи, Legrand мислам имаа попристојни (најслично на првата слика), па да адаптирам.
Знам дека има се на алиекспрес ама ниту ми се чека со моменталнава ситуација, ниту ми се ризикува со волкаво големо парче пластика. Има добра шанса да дојде скршено /пукнато.
Знам дека на крај сепак ќе нарачам ама ај викам да прашам да не некаде има низ Скопје или па и другите градови па да си нарачам.
Јас рутерот го скрив во гипсот над вратата и го направив со ваква вратичка на тач што не се ни приметува дека е на гипс картонот, само ме плаши да не прегрева ама во иднина можам да му ставам едно мало кулерче или мал отвор за вентилација ќе отворам на самиот гипс. Секако за ова предвидов лан кабелот и кабел за струја да оди внатре во кутијата.