1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Купување патики онлајн

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од StOrMK, 27 Јули 2019.

  1. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    706
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Здраво дечки,

    Препорачајте некоја автентична и сигурна веб страна која што испорачува низ целиот свет (вклучувајќи и кај нас), која има богата понуда на автентични модели на патики и прилично евтина достава. :)

    Сурфајќи, разгледувам дека понудата по нашиве продавници е сиромашна во споредба со странскиве онлајн продавници.
     
  2. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,048
    1,618
    13 Јануари 2014
    Машко
    Oktar, StOrMK и на toplel им се допаѓа ова.
  3. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    198
    257
    3 Јануари 2019
    Машко
    Asos, JD Sports, The HUT - ти се едни од најдобрите продавници. Сега проблемот со патики купени од нормални продавачи е што стигаат со кутија и поради габаритот на пакетот, има голема шанса да те царинат.

    Лично имам купувано само од Asos и од Zavii (што е афлиејт на The HUT).

    Ако си за fake патики Aliexpress ти е најдобрата опција.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  4. esquimaux

    esquimaux
    On your way to fame

    564
    937
    16 Јануари 2016
    Машко
    За патики ја сум нарачувал од ASOS неколку пати. Првиот пат ме репнаа 25% царина плус 18% данок на целата сума (која не беше и така мала у сам старт). После тоа искуство нарачувам во земји во ЕУ па ми ги носат до тука. Професионални се, шипинг брз (околу 10 дена), прифаќаат рекламации без никаков проблем дури и еднаш ми каснеше пратка 2 дена и ми пратија нова по брза постапка без да ја побараат старата. Сега гледам го зголемиле прагот за фри шипинг, порано беше се над 20тина фунти сеа 40тина негде.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  5. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    706
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    А дали има опција да ги пратат без кутија (да ги известам преку мејл; без кутија е практика и кај продавачиве од Алиекспрес)?

    Сите овие продавници што ми ги препорачавте (ASOS, JD Sports и The HUT) преку која пошта доставуваат и дали се плаќа дополнително поштарината?
     
  6. krema

    krema
    Professor

    9,525
    9,208
    24 Јуни 2009
    Машко
    Фејк патика може и да ти ја запленат овде на царина заради заштита на бренд.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  7. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    706
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Не планирам фејк да зимам.
    Ова значи дека сме на добар пат. :D
     
  8. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    198
    257
    3 Јануари 2019
    Машко
    Без кутија само на Али, плус како што пиша крема, можно е да ги запленат.

    Факт е дека треба да се крене лимитот за ослободување од царина.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NiceNaumoski

    NiceNaumoski
    Intern

    70
    25
    16 oктомври 2014
    Машко
    Има една апликација на тел, GOAT се вика,имаш нови и користени,користените пишува во која состојба се,ако се одлучиш да порачаш користени ,се носат во некоја централа на преглед и после ти ги носат.За новите,има голем избор и може неколку пати годишно да дадат поголем попуст (од 50% до 70%).За шипингот мислам дека е 9.99 USD,и до околу 50 долари не се плаќа мислам данок или царина.Мене ми се некаде 8/10
     
    На Melisandre и StOrMK им се допаѓа ова.
  10. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    706
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Не ми одговоривте на прашањето погоре:
    "Сите овие продавници што ми ги препорачавте (ASOS, JD Sports и The HUT) преку која пошта доставуваат и дали се плаќа дополнително поштарината?"
     
  11. Matt1312

    Matt1312
    Intern

    1
    1
    20 Јули 2019
    Машко
    ASOS дефинитивно повеќе пати сум нарачувал без проблем стигнаа
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Melisandre

    Melisandre
    Gaining Experience

    89
    137
    6 Мај 2019
    Женско
    Имам нарачано од Е-bay Louboutins и Prada чевли од приватни лица. Никаков проблем, ни застој, ни царина. Ми ги донесоа како пратка од Македонски пошти до дома.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    198
    257
    3 Јануари 2019
    Машко
    Преку македонски пошти. Од асос стига брзо и ги праќаат преку "Royal Mail", за JD Sports везе неам, а од The HUT стигаат поспоро. Волгавно, се ти стига преку Македонски Пошти.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  14. krema

    krema
    Professor

    9,525
    9,208
    24 Јуни 2009
    Машко
    Што знаат нашиве на царина што е тоа Louboutins и Prada, btw членот прашува за патики а не за чевли.
     
  15. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    706
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Значи сите праќаат преку Royal Mail и цената е вкалкулирана во продажната цена на производот што е во понудата?
     
  16. Melisandre

    Melisandre
    Gaining Experience

    89
    137
    6 Мај 2019
    Женско
    Се извинувам ако нешто згрешив. Сепак станува збор за обувки, и никој го немаше спомнато Еbay. А колку се запознаени нашите цариници со брендирана роба не знам. :)
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  17. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    706
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Во ова ASOS на поевтиниве броеви нема. На колку време се пунат со залихи?
     
  18. Melisandre

    Melisandre
    Gaining Experience

    89
    137
    6 Мај 2019
    Женско
    Секоја недела. На неделно ниво добиваат 3000-4000 артикли. Говорам тотал, без разлика дали е облека или обувки. А ефтин новопристигнат артикл нема да најдеш. Одат на принцип: додека има на залиха. Значи, ако начекаш или следиш некое парче кое ти се допаѓа, на цена ќе падне дури кога ќе бидат недостапни извесен број на броеви,т.е. непосредно пред да се потроши, или евентуално при промена на сезона, летно/зимска. А дали ќе има останато баш твој број е среќа.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  19. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    706
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Глупа продажна политика имаат... Ќе пратам па ќе видам што ќе се случува иако имам некои продукти на wish list. :)
     
  20. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,452
    12,629
    2 Август 2012
    Машко
    Добро!
    Чим е @krema на темава јас нема што да барам овдека, така?
     
    На tupacan му/ѝ се допаѓа ова.
  21. krema

    krema
    Professor

    9,525
    9,208
    24 Јуни 2009
    Машко
    ^ Напротив, помагаме на заедницата, слободно вклучи се и ти во дискусијата.
     
    На toplel му/ѝ се допаѓа ова.
  22. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    706
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Не ми ја прљајте темата и патиките со препукувања. Уште ненарачани ќе треба да ги гланцам. :D

    Шала настрана, други сајтови нема освен овие трите погоре наведени (чисто прашувам за да не има на некои други со уште поголем/поразличен асортиман)?
     
    На Маша му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Mister

    Mister
    Intern

    101
    32
    27 Јануари 2012
    Машко
    Не вреди од ASOS или JD, ќе те царинат, ќе ти искочи како тука.
    Само sportsdirect.com, па да ти стигнат најблиску во Србија на некоја адреса, и да си ги земеш. ЕМ поголем избор, ем мнооогу поефтино. Од ASOS вредеше да се нарачува обувки до пред едно 5-6 години. Многу ги поскапеа последниве години. Јас купував Puma, Asics, Gola... за по 25-35 еур. Сега со овие пари, можеш само папучи да купиш.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  24. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    706
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Прашувам за достава до кај нас. Достави преку посредни локации не се во игра. А овие не доставуваат кај нас? Зошто кога до Србија носат?
     
  25. viktorce

    viktorce
    Gaining Experience

    345
    250
    13 Март 2015
    Машко
    Toчно Аsos се скапи доста. Јас патики под 50 евра не видов. Царина и ддв на тоа и ќе испадне ѓавол ипол.
    Најповолно сега, Космос. :D
     
    На StOrMK и Oktar им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. xzappa
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    1,023
  2. DaciSS
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    1,878
  3. Cika
    Одговори:
    16
    Прегледи:
    1,445
  4. Dark HaCkeR
    Одговори:
    30
    Прегледи:
    3,246
  5. D
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    472
Вчитување...

Сподели

Вчитување...