1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Купување компјутерски делови од aliexpress

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од zak1711, 28 Декември 2018.

  1. zak1711

    zak1711
    Intern

    14
    6
    19 Март 2011
    Машко
    Безбедност и здравје при работа
    Здраво,
    Ме интересира дали има некој од форумов искуство со набавка за делови за компјутер од aliexpress. Јас сум заинтересиран да купам процесор lga 1150, на страната пишува дека се користени и за нив има гаранција од 3 месеци до година дена во зависност од која продавница. Јас пример имав едно лошо искуство со набавка на firewire card texas instruments chipset. Работеше 3 дена и откажа, се изнамачив да ја пратам назад до продавницата, истрошив 10тина евра за пратката. Ме рекоа дека ќе им стигне за 30 дена но не стигна па пратив жалба за изгубена пратка, па чекав уште месец дена за на крај да добијам писмо дека пратката е изгубена и ќе ми биде вратен платениот износ за поштарина + вредноста на картицата. Значи изгубив скоро 3-4 месеци сосе чекањето да ми стигне. На крај се откажав и си купив USB музичка картица. Затоа ме интересира дали има некој друг искуство со пазарење од aliexpress-ов или да си купам процесор од тука за поскапо :)
     
  2. SmartGuru

    SmartGuru
    Gaining Experience

    342
    321
    27 Јануари 2013
    Машко
    Junior Ruby on Rails Developer
    До сега сум немал проблем со ниту еден процесор што ми стигнал од Aliexpress но, сите нарачки беа за процесори на LGA775.
     
    На zak1711 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    898
    1,539
    20 Јануари 2015
    Машко
    Имаш посебна тема за купување од Aliexpress од 122 страни, со најразлични искуства за компјутерски делови или било што...
    Моите искуства се претежно позитивни, немам многу купувано од Али, меѓутоа речиси сите нарачки биле без проблем, само во еден случај ми доставија скршен контролер за кулери,ама со оглед на цената 2 $, не се замарав со враќање на производот, рефунд.
     
    На zak1711 и igor_igor им се допаѓа ова.
  4. zak1711

    zak1711
    Intern

    14
    6
    19 Март 2011
    Машко
    Безбедност и здравје при работа
    Незнаев дека има ваква тема, ќе читнам да видам, фала

    Испратено од ASUS_Z00ED преку IT.mk форум апликација
     
    На goce03 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. incontempt

    incontempt
    Gaining Experience

    209
    198
    24 Февруари 2016
    Машко
    И на форумов има често делови од тој период, ако не видиш пишан оглас можеш да си отвориш со назнака купувам. Освен ако нема кај нас или разликата во цена е голема не би се нафатил да зимам од али, и јас имав купено 771-775 xeon ама тоа е зошто немаше кај нас, башка и беа џабе.
     
  6. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    742
    527
    11 ноември 2015
    Машко
    Јас имам порачано два процесори еден ЛГА 775 а другиот не се секавам каков беше за лаптоп, до нега не сум имал проблеми со процесорите еве ги ден денес работат без проблем.
     
  7. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    706
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Јас се мислев SSD Samsung да зимам од официјалната продавница, ама уште не се решив. Порачувал некој?
     

Сподели

Вчитување...