Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Купување изложен телефон (iPhone)

Nebozza

Intern
20 јули 2017
12
10
Здраво друштво,

Не можам премногу инфо да најдам по нетов, а и до пред недела и пол не ни знаев за ова, ама има неколку мобилари кај нас што продаваат телефони кои претходно биле изложувани по салони.
Наводно сигурноста е 100%, даваат некоја гаранција од 6 месеци, ама некако сум скептик.

Па сакав да прочитам и ваше мислење.

Фала однапред.
 
Astro

Illuminator
20 јуни 2012
9.585
15.035
Ако сигурноста е 100% зошто тогаш не даваат целосна гаранција?
Башка, зошто не си купиш нов туку ризикуваш со сумјиви уреди?
 
Nebozza

Intern
20 јули 2017
12
10
Не би знаел, веројатно пошо се отпакувани ("користени").
За другото прашање, цената, сосем нормално, разликата е прилично голема.
 
gloria borger

On your way to fame
10 мај 2018
445
828
херцажа
Тие модели се последните што треба да ги купиш ако сакаш ајфон и не се изложувани по салони. Која е логиката една недела по излегувањето на најновиот модел на ајфон они да имаат непрекината залиха на експонати ? Зошто на пример нептун би им дал 1000 парчиња експонати или било која продавница од странство уште вториот ден откога излегол ајфонот ?
 
Nebozza

Intern
20 јули 2017
12
10
Се работи за 13 pro и 13 pro max, што се година дена стари, па и нешто повеќе. Инаку целава понуда ми е некако шејди, затоа и ја начнав темава, чисто да видам дали има некоја логика или е лутрија.
 
damil

Practice makes perfect
2 јануари 2015
1.062
1.352
Побарај ја кутијата, види дали е стварно DEMO уред.

00239f5b5c20a613609a9e20e98a01ba.jpg
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.541
13.024
Не се изложувани туку користени. Не се бафтај со такви понуди освен ако не сакаш да купиш на старо. Дури и батерија може да ти покаже 100% па по неколку дена да падне на 85%. Прават финти, ги виткаат во целофани и сл.
 
Fidan

Gaining Experience
18 април 2017
142
147
Немаш проблем и да е користен телефонот, ако сакаш се разбира да купиш користен. Мојот критериум за користен е да е во “фабричка состојба” односно неотваран, неменувана батерија екран… фул пакет со кутија кабли итн. Сите половни што сум ги земал до сега во таква состојба еве ги тераат уште без проблем. Немора од мобилара, најди си од човек. Има луѓе што од прв ден го користат телефонот со заштитно стакло и футрола, па обично и немааат ни гребаници. Зависи само состојбата на батеријата ќе треба да ја промениш побрзо него ли на нов.
 
А како знаеш дека не е отворан, поправан и сл.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.541
13.024
Ќе треба да процениш по состојбата и продавачот :)
Батеријата обично не е 100%

Ха ха, добар одговор. Ќе треба значи и психологија да знаеш.

Инаку на ОП на темава, му кажувам од искуство зашто јас се излажав и земав „експонат“ ајфон 10. Со 100% батерија и на изглед фабрика. Без кутија со некој нов запакуван полнач кој отпосле видов дека не беше оригинал. По неколку дена имаше проблеми со сензорот а батеријата падна на 89%. Оди после разбери се со ваквите продавачи.
 
Fidan

Gaining Experience
18 април 2017
142
147
Сум купил до сега 4-5 користени ајфони, обично од луѓе, со целосна курија и зачувани максимално. До сега со никој не сум имал проблем. Попедантните чуваат и документи кога е купен, сметки… треба да побараш малце по огласи да почекаш. Вероватно и малце среќа сум имал
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.541
13.024
Не се сомневам. Супер така што си нашол. Само гаранција дека се е перфектно како на нов производ нема. Тоа сакав да потенцирам. Ако веќе сака да купува на старо ете му добар совет од тебе. Подобро така него од мобилара.
 
Fidan

Gaining Experience
18 април 2017
142
147
Не се сомневам. Супер така што си нашол. Само гаранција дека се е перфектно како на нов производ нема. Тоа сакав да потенцирам. Ако веќе сака да купува на старо ете му добар совет од тебе. Подобро така него од мобилара.
Секогаш кога купуваш половно има ризик, меѓутоа можеш да го намалиш тој ризик ако направиш добар рисрч и си ја напишеш домашната. Мобиларите откупуваат и заменуваат телефони од сите и обично не ја знаат или не ја кажуваат историјата на уредот, кога купуваш од човек можеш донекаде да процениш
 
no_retreat

Practice makes perfect
22 јануари 2011
520
1.100
no_retreat's setup  
Processor & Cooler
intel core i7 14700kf w/ NZXT KRAKEN 280mm AIO Liquid Cooler with LCD Display
Motherboard
Gigabyte Aorus Elite AX Z790 Black
Storage
Samsung 970 Evo 2tb
PSU
Corsair HX 1200i Platinum
RAM
2x16gb DDR G-Skill Trident Z5 ARGB 6000mhz cl30
Video card
RTX 4070 ti Super MSI Ventus 3X
Case
NZXT H9 Flow Black
Mouse
Logitech G Pro X Black
Keyboard
Keychron Q3 modded with Lime Green Switch and Glorious GPBT Black Ash Dye Keycaps
Audio
Logitech G733 wireless
Monitor
Samsung Neo G8 32" 240hz UHD MiniLED + QLED Panel
OS
windows 11 pro
Од искуство ти кажувам дека тоа се стари користени мобилни уреди а не експонати како што ги рекламираат.
Сите мобилари нудат откуп на половни мобилни доколку сакаш да направиш upgrade на мобилниот, барај подобро по огласи ќе добиеш по фер цена и по зачуван уред.
 
batka23

Gaining Experience
16 септември 2022
79
82
Не би ти препорачал да купуваш од мобилара од причина што се 100 пати отварани гарант вадел делови од нив па ставаат друго.Јас нив би ги рекол пазарче во помодерна верзија.Се согласувам со дечките дека ке најдеш половен подобар него ли од мобилара.Ипак доколку имаш можност на ново е најубаво.
 
batka23

Gaining Experience
16 септември 2022
79
82
па да од познаник што има работено во една мобила скопска и ми има пренесено.а и горе наведеното е исто точно да би биле добри би дале целосна гаранција а не само 6 месеци.
 
krema

Epic
24 јуни 2009
15.057
14.897
youtu.be
па да од познаник што има работено во една мобила скопска и ми има пренесено.а и горе наведеното е исто точно да би биле добри би дале целосна гаранција а не само 6 месеци.
Значи никако на сервис телефон во мобилара.
 
Filip11

Intern
29 декември 2022
1
0
Здраво друштво,

Не можам премногу инфо да најдам по нетов, а и до пред недела и пол не ни знаев за ова, ама има неколку мобилари кај нас што продаваат телефони кои претходно биле изложувани по салони.
Наводно сигурноста е 100%, даваат некоја гаранција од 6 месеци, ама некако сум скептик.

Па сакав да прочитам и ваше мислење.

Фала однапред.
Во зависност колку време е изложен батеријата веке е во фаза на потрошување, бидејки е отпакуван и чекпан од мн клиенти затоа е таа 6 месечна гаранција. Во главно се е во ред со ексопнатите.
 
Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
1.156
1.500
Најчесто ова се телефони салата напраени, ќе им сменат задно стакло или екран и ќе го продаваат како експонат демек малце користен.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.940
Мислења
987.761
Членови
36.072
Најнов член
BZ
На врв Дно