Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
Поради актуелноста на списанието ЕНТЕР, кое засега е (за жал) единствено во МКД, еден од членовите своевремено отвори тема за него. Во самата тема (ако добро си ја прегледал и прочитал) има и пофалби и критики. Едно време член на форумов беше и директорот на ЕНТЕР (direktor.e), кој отвори уште две-три теми врзани за ЕНТЕР.
Со оглед дека на форумов е дозволено стартување на теми кои се IT-related, не гледаме ништо страшно во тоа.
Темата за пофалби и критики на сметка на ЕНТЕР е затворена поради исцрпеност на истата.
Кога веќе си стартувал тема за ЕНТЕР, изјасни се дали сакаш во истата да дадеш свои видувања/критики/пофалби за ова списание?