xenon
אֶהְיֶה אֲשֶׁר אֶהְיֶה
xenon's setup
- Processor & Cooler
- AMD Ryzen 9950X3D, Arctic LF III 420mm
- Motherboard
- Asux X670E-E
- Storage
- 8TB (1 x 980 PRO 2TB + 3Х KC3000) SSD / 2 x 8tb HDD
- PSU
- Antec 1300W Pro Platinum
- RAM
- 128GB DDR5 G.skill
- Video card
- Geforce 4080 Super
- Case
- Enthoo Primo - Phanteks
- Mouse
- Logitech MX Master 3s
- Keyboard
- Logitech Craft
- Audio
- Asus Xonar STX, Adam A7x, Adam A3x, TC Electronic BMC-2 (DAC)
- Monitor
- 42" OLED Asus PG42UQ 4K
- OS
- Windows 11 Pro
Развојот на настаните последно време (во повеќе сфери: социо-економски, гео-политички итн.) ми потврдуваат одредени предвидувања (лични како и на одредени групи глобално) во однос на насоката во која ќе се развива целата т.н. крипто-валутна економија. Имено,- пилот проектот зачнат од фамозниот анонимен ентитет Сатоши Шешбешвили веќе е во зрела фаза, метаморфозата привршува и ларвите (постоечките крипто-т.н.-валути) ќе одат во пензија за да можат пеперутките да полетаат (дигитален долар, евро, рубља итн.).
Моментално, стапката на инфлација декларирана од разно-разни ентитети (официјални) е некои 9-11%. Во реалноста, ако се земе предвид колку се поскапени основните продукти и трошоците за живот (струјата е поскапена 700%, житни производи 100%, млечни сега одат нагоре драстично) итн. - слободно може да се каже дека инфлацијата е НАЈМАЛКУ 50%. Ова беше одлична можност/тест постоечките криптовци да полетаат, но се случи спротивното, балонот издиша - никој не се затрча како сигурност да се потпре на криптото, наместо тоа луѓе инвестираа во недвижнини или возила (целата на половни возила во Америка периодов дуплираше, некои отидоа и многу повисоко).
Дигитален долар (извори: 1, 2, 3...) ; Дигитално евро ( извори: 1, 2, 3, ... ); Дигитална рубља (извори: 1, 2, 3...), дигитален јен, денар, ... означуваат почеток на транзитивен период кон т.н. cashless societies а тоа е ништо друго освен стегање на јамот (лимитирање на граѓанските права и слободи) врз обичниот човек и можност за креирање нови механизми за контрола (директна или индиректна). Процесот најверојатно ќе се актуелизира 2024-5 и ќе заврши некаде 2030. Елиминација на готовината е увертира потоа кон елиминација на приватна сопственост, воведување на т.н социјален кредит систем и ред други повраќаници сервирани под некоја алтруистичка премиса (имаше некои небулози како елиминација на кеш било еко-френдли! за средината). Како и во секоја форма на тоталитаризам, ова се сервира со фанфари, одобрено од "експертите", "факт-чекерите", комисиите за ова-она, советниците за тоа, партиите на зелените/воскреснатите/освестените и сл. гас(з)овидни творевини.
Нејсе, постоечките т.н. криптовци, за разлика од било кој досегашен "феномен", и покрај 10+ години постоење на сцена не доживеаа адаптација помеѓу популусот. Единствени актери во фарсата беа опортунисти кои преку нив или заработија (или загубија), но едно е сигурно - никој не ги користи/користеше во секојдневието според нивната намена односно како медиум на размена (валута). Секој Јајо и Пајо може/ше да "креира" валута за 15тина минути, да ја офарба со whitepaper-и, мајнери, јутјуб / тикток / микток / подршка, т.н. peer ривјуа, сајтови-мајтови, роуд-мапи, и остали дрнкања, но во суштина главна цел е/беше само профит - и тоа најкласичен фиат профит, на понзи принцип од излажи - грабни - бегај.
Новите криптовци, гореспоменатите дигитални еквиваленти на постоечкиот фиат (дигитален долар,евро,јен,рубља,денар итн) - сакале ние или не, ќе бидат натурени откако ќе се смири оваа фарса што го дрма светот последниве години, без разлика дали е тоа кромид19, војни, кризи и сл. Не само што ќе влезат многу брзо во употреба - но рајата и ќе се тепа за истите, како обезглавени кокошки ќе трчаат за да ги разменат своите еко-несвесни хартии со нови дигитални кои ќе си ги носат во смарт-телефон/на смарт-саат/прстен/имплант и сл. Нема да ме чуди и да има иницијативи од типот: Само денес - разменете ги вашите хартиени пари и добијте дигитални со 3% попуст!
Откако ќе заврши овој период на неприродно наметната оскудација во сите сфери (недостаток на струја, храна, утре и за вода ќе почнат филмови) - ќе се јави Големиот Брат (или Сестра, или Чуз-Јор-Оун-Проноун Персона, пошто еднаквост нели) кој ќе понуди субвенциониран излез од "кризата". Еден период на помирување сервиран врз нов, галантен систем на дигитален идентитет, дигитална валута, дигитална мета-реалност.. Кој има проблем со тоа, може да клика дислајкови, намрштени емотикони и сл. тракаташки (новата форма на општествен ангажман/критика, пошто е тотално демоде да се излегува и да се протестира ако некој не дава сендвич нели.)
Крипто из дед, Лонг лив крипто.