D
Администратор
Грчката полиција мобилизира “електронски Поаро“ за да ја разбие криминалната мрежа на островот Крит, пишува денеска “Елевтерос типос“, пренесе “Фокус“.
Од 5-ти ноември на Крит тече масовна полициска операција, во која беа откриени големи количества наркотици и оружје, како и докази за перење пари, претежно со зделки за имоти.
За да се најдат вршителите на низата престапи, меѓу кои нападот на полициски конвој, кражбата на банкомати, трговијата со оружје и наркотици, изнудувањата, перењето пари, полицијата, како што пишува “Елевтерос типос“, користи тајно оружје. Станува збор за софтверска програма што има огромни можности за анализа и собирање на информации.
Извор: НетПрес