1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Креирaње нa сaјт

Дискусија во форумот 'Останато' започната од Enigma, 12 Мај 2017.

  1. Enigma

    Enigma
    On your way to fame

    1,089
    507
    1 Септември 2012
    Машко
    IT филозоф
    Мoжеби не е нa сooдветнo местo темaвa, мoжеби ќе биде мaлку пooпширнa, нo мнoгу би бил блaгoдaрен дoкoлку некoј мoже дa ми oбјaсни вo крaтки црти се штo требa дa знaм зa сoздaвaње нa сaјт и вaдење некoј прoфит преку негo. Кoлку чини регистрaцијa нa дoмејн? Дaли требa дa се плaќa сервер дoпoлнителнo зa сaјтoт? Штo требa дa знaм зa Google adsense и земaње нa прoфит преку негo? Oвa гo прaшувaм декa тaткo нa мoј другaр преку стрaнa кoјa тoј јa имa сoздaденo, месечнo вaди oкoлу 5-10.000 еврa, штo е неверoјaтнa сумa зa oвие прoстoри. Знaчи спремен сум дa нaучaм се штo требa дa се знaе и дa влoжaм дoвoлнo труд, aкo ништo другo дa мoжaм дa вaдaм некoи си 500 еврa месечнo, секaкo, нa пoчетoкoт немa дa вaдaм ни 1 еврo, нo сепaк сaкaм дa знaм се штo требa дa се знaе вo крaтки црти. Зa пoспецифични детaли сaм ќе бaрaм. Блaгoдaрaм oднaпред нa секoј штo ќе oдвoи време дa ме нaсoчи нa прaвиoт пaт. Пoздрaв
     
  2. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    1. Купи домен - од 10 - 100$ годишно
    2. Хостинг - од 1 до 100$ месечно
    3. Инсталираш и сетираш WordPress - бесплатно
    4. Почнуваш да пишуваш статии на енглески на одредена тема.
    5. Се регистрираш за AdSense
    6. Почнуваат да ти течат пари, капка по капка.

    Toa e во кратки црти :)

    Види на овој форум, има дечки од мк кои се занимаваат и кои дискутираат на овие теми ИБиз - Прв Интернет Маркетинг форум во Македонија!
     
    На Enigma и Oktar им се допаѓа ова.
  3. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,260
    1,310
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Штом таква работа, одвој 2-3 години научи неколку програмски јазици па направи си веб сајт.
    Шала настрана, сите овие работи што ги праша, се веќе дискутирани и дискутирани и нон-стоп се повторуваат. За сите одделно на форумов имаш еден тон одговори. Пролистај малку.
    Како што спомна членот над мене, тоа ти е наједноставниот начин, но за да сетираш wordpress пак ти треба познавање за истиот, од друга страна не е само да пишуваш статии и вести или било што, треба за истиот тој сајт, рекламирање, рекламирање и многу рекламирање за од adsense да ги вадиш замислените 500Е месечно.
     
  4. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    397
    188
    20 Април 2008
    Машко
    никој на светов не добил лесни пари освен ако не ги добил на наследство или му ги подариле... (и тогаш е karma во прашање ама тоа е сосем друга тематика)... секоја заработена пара е со учење, труд и постојаност (перзистентност)... затоа место да мислиш како да дојдиш до 500е месечно со неправење на ништо, мисли како се прават web-страни поточно како се станува full-stack developoer (доколку тоа веќе те интересира); или што е она што те вози, ти дава живот, ти е експертиза и како тоа да го пренесеш сето тоа знаење на другите (те професионално пишување на статии, па и книги)... кога ќе научиш некој занает парите сами ќе си дојдат (или во спротивно ќе одиш до нив и ќе ги земеш)...
     
  5. Enigma

    Enigma
    On your way to fame

    1,089
    507
    1 Септември 2012
    Машко
    IT филозоф
    Јa рaзгледувaм oпцијaвa нa wordpress, мислaм декa имa се (дoмејн, хoстинг, дизaјн) зa 100 еврa гoдишнo. Дaли знaчи декa ми oстaнувa сaмo дa пишувaм нa сaјтoт и дa си јa прoбaм среќaтa?
     
  6. iTechnique

    iTechnique
    Intern

    34
    13
    19 Јануари 2017
    Машко
    Домејнот ти е 10 долари годишно, а имаш и хостинг за 10 долари првата година што е доволно време да видиш дали ќе те биде или не
    Премиум тема за сајтот ти е 40-50 долари исто така, ем да ти биде поубав сајтот ем полесно ќе го средиш со опциите што ги нудат платените теми..

    Значи накратко ти требаат околу 70 долари за почеток. За адсенс пред да аплицираш обавезно да имаш about me, contact и слични работи и 30+ статии со 300+ збора барем, со тоа што ако пишуваш за политика како многу Македонци што „пишуваа“ големи се шансите да те одбијат од адсенс :)

    Овој техничкиот дел е полесниот дел, потешкиот е да донесеш посети на сајтот за да заработуваш..
     
  7. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,260
    1,310
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    аха, да, техничкиот е полесен :D полесно е да направиш страна од колку да наоѓаш статии на интернет, лабаво да си пиеш кафе и да ги преведуваш?
     
  8. iTechnique

    iTechnique
    Intern

    34
    13
    19 Јануари 2017
    Машко
    Види јас никогаш немав правено страна и немам големи познавања во таа област но со премиум тема 90% од сајтот го средив уште првиот ден а изгледа одлично, останатите 10% со помош односно прашување луѓе за некои малце покомплицирани работи.

    Инаку за преведување е лесно, тешко е да најдеш место од кај ќе ги носиш посетите ;)
     
  9. Enigma

    Enigma
    On your way to fame

    1,089
    507
    1 Септември 2012
    Машко
    IT филозоф
    Ме интересира дали е во ред да платам хостинг од Bluehost (добивам "бесплатен" домејн)? И после да сетирам WordPress и Google AdSense? Имал некој искуство со нив?
     
  10. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,255
    857
    8 Мај 2010
    Машко
    Симни ја архивата која ќе ти ја пратам по ПП, таа истата има вредност од некаде 1.000евра и ќе ти помогне многу во целиот процес, плус е на македонски ;).

    На ibiz.mk можеш да поставуваш прашања што те интересира и ќе ти биде одговорено од другите членови. За да се заработи нормална плата е лесно, само треба да се има мотивација и да не се откажеш.
     
    На Enigma му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,445
    6,560
    27 Март 2014
    Мотиката и на нива момче. Нема лесни 500 евра.
     
  12. Enigma

    Enigma
    On your way to fame

    1,089
    507
    1 Септември 2012
    Машко
    IT филозоф
    Не рекoв декa ќе е леснo, ниту oчекувaм дa прaвaм тoлку пaри вo првaтa гoдинa. Нo дoкoлку тaткo му нa другaрoв успевa дa прaви нaд 5000 еврa месечнo преку сaјтoт, oд кoи нaд 3000 и кусур се чистo негoви, зoштo дa не мoжaм 500 дa извaдaм јaс?
     
  13. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,260
    1,310
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    дај објави ја јавно да лапнеме и ние некое ребро :D :D
    да не има во неа тајни владини документи или програми за хакирање фејсбук :D :D
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Makedonec^

    Makedonec^
    Gaining Experience

    166
    123
    21 ноември 2012
    Машко
    Дете нема врска кој колку прави, додека не ти каже како ги прави ти можеш и 100.000 евра да фрлиш у инвестиција и пак ниедно евро да не заработиш.

    Значи баталете муабети од типот дека некој заработувал од "интернет", па ајде и вие да пробате. Додека ја немате шемата од кај носат луѓе на нивниот сајт, ич не почнувајте.
     
    На Psycore и Oktar им се допаѓа ова.
  15. Enigma

    Enigma
    On your way to fame

    1,089
    507
    1 Септември 2012
    Машко
    IT филозоф
    Другaр aкo сaкaш дa пoмoгнеш тoп, пoвели. Акo си дoшoл сaмo негaтивни рaбoти дa пишувaш и "пoдoбрo дa не пoчнувaм", слoбoднo oдмини јa темaвa и не пишувaј. Пoздрaв.
     
  16. DeeJayZone

    DeeJayZone
    Gaining Experience

    130
    82
    3 ноември 2008
    Еве, инфо како за тебе.

    Креирање на веб сајт - фази...

    Фаза 1:
    - Научи како да изработиш веб сајт (на пр. во ВордПрес) и како да менаџираш со хостингот

    Фаза 2:
    - Регистрација на домен
    - Регистрација на хостинг

    Фаза 3:
    - Изработи веб сајт / блог / онлајн магазин
    - Препорачливо е да се насочиш на "англиска публика" (САД, Велика Британија, Канада, Австралија...)
    - Креирај 30-50 солидни статии (текст, слики, итн)

    Фаза 4:
    - Аплицирај за Гугл АдСенс или други слични сервиси
    - Контактирај компании кои би можеле да се рекламираат на веб сајтот / да те спонзорираат

    Фаза 5:
    - Профитирај
    - Уживај во плодовите од твојата напорна работа

    Среќно!
     
    На Enigma му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Enigma

    Enigma
    On your way to fame

    1,089
    507
    1 Септември 2012
    Машко
    IT филозоф
    Фaлa друже ;)
     
  18. DeeJayZone

    DeeJayZone
    Gaining Experience

    130
    82
    3 ноември 2008
    Служимо народу. ;)
     
    На Fredy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Makedonec^

    Makedonec^
    Gaining Experience

    166
    123
    21 ноември 2012
    Машко
    Ако реалноста спаѓа во "негативни работи" тогаш ок, баш ми е мило што си живееш у некоја бајка.
    И запамти и запиши си го ова некаде: На форум никогаш нема да ти кажат како да заработуваш(никој нема да ти ги открие неговите методи на успешна заработка)
    Или во превод, ќе ти објаснат како да изградиш нуклеарна централа, ама нема да ти кажат како да почнеш да произведуваш струја. :carefree:
    Бато абе ти му кажа како да заработува на долг рок после година дена макотрпна работа. А детево бара 500 евра почетна у првите 3 месеци. ;)

    Лошо му е направен филмот, а баш сакав да му помогнам да не инвестира ни денар додека не добие точна информација како тие што ги гледа дека се богатат од интернет да ги праша лично нив за совет и насоки. Ама јбг :)
     
    На turbiny му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Enigma

    Enigma
    On your way to fame

    1,089
    507
    1 Септември 2012
    Машко
    IT филозоф
    Можеше да ме искритикуваш на некој поконструктивен начин а не одма со тоа "подобро не почнувај". И на ниедно место не напишав дека очекувам да правам 500 евра во првите 3 месеци, ни во моите најлуди сништа тоа не го сонувам. Многу добро знам колку ќе биде тешко на почетокот и дека тоа воопшто нема да трае кратко време. Како што кажав погоре, спремен сум да вложам колку што е потребен труд за ова да го реализирам без разлика колку време ќе треба за тоа.
     
    На steelseries му/ѝ се допаѓа ова.
  21. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    640
    1,395
    10 Март 2011
    Машко
    Divi Expert
    Каде ли само прочита дека дечкото сака 500 евра во првите 3 месеци??? Или да се хејтало само и негативни коментари да се пишуваат.

    On topic: Фати си со ред како што ти пишаа погоре. Не се летај пред време да почнуваш со SEO или со блогот, а незнаеш сајтот како да си го одржаваш. Зависи колку си упорен, можеш до таа сума и за 6 месеци да стигнеш, али би кажал година дена е најреално.
     
  22. DeeJayZone

    DeeJayZone
    Gaining Experience

    130
    82
    3 ноември 2008
    Кај ваков вид на веб страни (блогови / онлајн магазини) вообичаено првите приходи се бројат во трошки.

    Како одминува времето, приходите се зголемуваат.

    Потребна е упорност, континуирана работа, и секојдневно учење на нови начини за привлекување на посетители (+ следење што се случува во Вашата индустрија / ваквиот начин на заработка).

    Кога веб страната ќе добие одреден статус / авторитет, можете да очекувате и компании сами да Ви пристапуваат за рекламирање.

    Во зависност од сето горенаведено, солидни приходи можат да се остварат после неколку месеци / 1-2 години.

    Секој веб проект е различен, и апетитите на сопствениците се различни, па затоа околу ваквата заработка и брзината со која таа се остварува не постои нешто од типот "one size fits all".
     
  23. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,658
    1,755
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Дај линк до сајтот од другарот на татко ти.
     
  24. iTechnique

    iTechnique
    Intern

    34
    13
    19 Јануари 2017
    Машко
    Дека е баш лесно не е (сепак вреди да се проба) поготово што доста се паднати фејсбук групите а и фејсбук е се построг во однос на “спамирањето“.

    Најголем проблем е носењето на трафик на сајтот
     
  25. Enigma

    Enigma
    On your way to fame

    1,089
    507
    1 Септември 2012
    Машко
    IT филозоф
    Последна промена: 17 Мај 2017

Сподели

Вчитување...