1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Креирање на квалитетно гејмерско списание во Македонија?

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од Volkswagen, 12 Мај 2010.

Дали би купувале квалитетно гејмерско списание ~100 ден

  1. Да!

    15 глас/а
    41.7%
  2. Не!

    21 глас/а
    58.3%
  1. Volkswagen

    Volkswagen
    Gaining Experience

    221
    68
    12 Септември 2008
    Добив една идеа дечки инспириран од многу гејмерски списанија низ цел свет и заклучив дека во Македонија такво списание нема. Има полно гејмери (од што нема работа :p :D) а нема списание.

    Мислите дека е добра идејата за креирање на такво списание?

    Еве вие како гејмери (верувам 90% сте) би го купувале тоа списание ако е квалитетно?
    Ама дали навистина би го купувале не само да се залагате...
    Цена ~100 денари, можда да има во него и DVD со демо игрици (јбг, не се смее торенти да се продаваат :) )

    Какви идеи имате за такво списание?

    Ако мислите дека може да успее да се фатиме за работа :) сакам да инвестирам во такво нешто.
     
  2. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,332
    5,245
    24 Март 2009
    Машко
    Па ако е стварно добро би купил, но ако е некое дежаву сра*е не.
    И би можело да се намали цената малку, а да се тргне ДВД-то бидејки демо игри, не благодарам.
     
  3. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,717
    218
    27 oктомври 2007
    Машко
    Доколку случајно бидне работа ја се нафаќам еве во делод за дизајн и изглед.
    Инаку да, нема гејмерско списание во Mакедонија и супер би било да излезе едно ама тоа да биде направено од гејмери односно луѓе кој играат игри а не некои кој еднаш заиграле некоја игра и мислат дека знаат се за истата.
     
  4. architect

    architect
    Unstoppable

    1,961
    2,342
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    Едно време имаше едно слично квалитетно списание. Не беше 100% за игри, имаше и софтвер и хардвер и игри, но сепак беше квалитетно. Мислам дека се викаше PLUGIN.
     
  5. Volkswagen

    Volkswagen
    Gaining Experience

    221
    68
    12 Септември 2008
    Да имаше списание Plugin и тоа баги време постоеше.
    Сепак тоа беше ИТ списание не беше гејмерско!

    Ова би било списание САМО за игри. Оценки на игри и сл.
    Еве јас викам 90 денари, без DVD, гејмери луѓе да се соберат и се разбира цел тим. Да има маркетинг, печатење, дистрибуција и сл.

    Ама ко што гледам од анкетава гледам нема да се купува.
    5/6 сеа за сеа. Повеќе НЕ отколку да. :spienje:
    :ua::ua::ua::ua::ua::ua:
     
  6. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    872
    854
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Зборење на памет е лесно, пишување ривјуа, и дизајн се најлесниот дел. Финансии се најголемиот дел од било кое списание.

    Најубаво прво распрашај се колку чини печатењето, и дали ке имаш некој кар од тоа(барем да ги платиш луѓето што ке работат) а после ке формираш цена.
     
  7. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,827
    26,022
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Не.
    Пре бу купил калитетно списание за хардвер него за игри
     
  8. kimi makedonski

    kimi makedonski
    Intern

    440
    14
    19 Август 2009
    Се сеќавам на тоа време. PlUGIN купувавме јас и брат ми. Уште ги чувам тие цд -иња(еа) Како е правилно? :)
    Но тоа беше време кога интернет имаа 60 луѓе во Македонија. Еден мој роднина стави тогаш и знам тој беше 68 физичко лице во Македонија со интернет.
    Па затоа на тие програми и игрици им се радувавме како мали деца. Уствари тогаш јас и бев мало дете. Денес тоа списание не би го имало тој ефект. Сега се што сакаш ти е достапно многу полесно.
     
  9. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,601
    3,536
    11 Декември 2008
    Машко
    Не е лошо да се поврзе освен за гејминг да биде и за хардвер списанието, пример рецензии на најнови и најмоќни графичи картички бидејќи тоа е поврзано со гејмингот а и верувам гејмерите ќе ги интересираат најновите хардверски достигнувања...
     
  10. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,717
    218
    27 oктомври 2007
    Машко
    @olikomerc
    Одлична идеја, може да се поврзе и со хардвер како што кажа баш поради таа причина за да се види најновото што го има пазарот за да се овозможи што подобар гејминг. Може некое review за некое од попрофесионалните глувчиња за играње и такви ствари.
     
  11. Новица

    Новица
    Intern

    223
    19
    7 Јануари 2009
    има еден гејмерски сајт:
    http://se.zaigri.com/
    не знам колку е активен.. ваљда ако има таму публика би имало и за списание
     
  12. DaciSS

    DaciSS
    Gaining Experience

    949
    288
    3 Јануари 2008
    Машко
    Systems and Network Administrator
    @Volkswagen
    мислам дека не треба да те разочарува резултатот од анкетата, мислам дека повеќето тука попрво би купиле некое tech списани него ли гејмерско, затоа и не го добиваш очекуваниот резултат од анкетата. Кога истава би ја поставил на кајгана, сите би рекле јас би купил гејмерско списание а не некои tech.
    Сигурно форумов е полн со гејмери, али не е тоа таргет групата на форумт.

    Иначе plugin беше закон, баш го сакав дека не го тупеа со игрици и мобилни телефони и имаше и напредни теми.
    Ентер ич не го сакав, повеќе го тупеа со игрици и мобилни и почетнички ствари. Значи ги пишуваат за секој да е задоволен од одредена облас, али никој скроз.

    Така да кога би имало списание само за гејминг, каде нема да мешаат и мобилни и хардвер и други области, мислам дека ќе има добра таргeт група. И сите луѓе кои купуваат ентер само ради неколку страници за игри, а не ги интересира останатото би се префрлиле на ова.

    Конкретно кога не разбирав ништо од пц и само го користев за играње, редовно купував Hacker и гледаш сликички од игрици што знаеш дека ќе сецкаат кај тебе на пц, ако и воопшто се пуштат lol
     
  13. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,332
    5,245
    24 Март 2009
    Машко
    Исто.

    И 100 е многу, 60-70 без цд.
     
  14. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,601
    3,536
    11 Декември 2008
    Машко
    Да, Ентер на пример со двослојно двд и доста големо списание е 77 денари.
     
  15. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,717
    218
    27 oктомври 2007
    Машко
    Enter стана ужас списание. Click од друга страна чини исто така 100 денари а нема цд во него (барем додека го купував), клик е многу подобар содржајно за разлика од ентер.
     
  16. DynamicMK

    DynamicMK
    GFX

    1,624
    161
    11 Април 2007
    Машко
    printing is so 90's

    почнете со сајт па видете како ќе се одвиваат работите. Не дека е гејмерско па затоа е таков исходот од анкетата. На интернет има многу квалитетни гејмерски сајтови кои се поврзани со цела гејмерска индустрија и се бесплатни :) За списание треба да чекам цел месец за да ги прочитам истите тие вести преведени на македонски со по некоја демо игрица на цд-то...
     

Сподели

Вчитување...