LiquidWorm
Администратор
Финалната верзија би требало да излезе нешто вака:
Па...да почнеме.
За почеток, еве ја работната околина што ја имаме зададено:
Замислуваме дека креацијата на која што сакаме да ставиме рамка е завршена и уште преостанува да додадеме рамка како за крај . Во панелот на слоеви (layers), го селектираме најгорниот слој и ја притискаме стрелката што се наоѓа во горниот десен агол, под X-от, и од таму кликнуваме на Merge Visible, НО НЕ ГО ПУШТАМЕ ДЕСНОТО КОПЧЕ НА ГЛУВЧЕТО, туку така држејќи го левиот тастер на глувчето (додека кликнато на Merge Visible), го задржуваме тастетор ALT, и тогаш го пуштаме копчето на глувчето, со што ќе се креира нов слој со сите елементи што се наоѓаат под него, неодстранувајќи ги другите слоевите. А доколку не го направиме ова со ALT тастерот..ќе се креира нов слој со сите елементи во него, а останатите слоеви ќе се одстранат.
Од тука добиваме нов слој кој е финален производ од се што беше видливо, така да другите елементи не се потребни за гледање и ги исклучуваме за да се гледа само новиот слој. Од тука, го селектираме најновиот слој и кликаме на копчето кое е слично на логото на Adobe Flash кое се наоѓа во долниот десен агол во панелот со слоеви, кое служи за менување на стилот на слојот (Layer style).
Од отворениот прозорец, освен сетинзите кои се под default ги сетираме следниве опции со наведените вредности:
- Structure/Blend Mode: Normal
- Structure/Opacity: 100%
- Elements/Choke: 100%
- Elements/Size: 20 px
Откако притискаме на OK, на додадените ефекти, посебно на Inner Glow притискаме со десен тастер на глувчето и селектираме Create Layer за да добиеме посебен слој од ефектот (рамката). Но новиот направен слој е со закачен Clipping Mask, што не ни е потребно, така да исто така со десен клик на новиот слој кликаме Release Clipping Mask за да бидне самостоен слој.