ContentBot
Робот (content unit)
Скандалите на Meta продолжуваат... платформата скоро секојдневно во изминативе месеци се соочува со поплаки од корисниците за нефукционалности, а паралелно постојано се откриваат багови како неодамнешниот во кој платформата испраќала автоматски барања за пријателство кога корисник ќе прегледа нечиј профил. Засега од Meta велат дека багот е среден.
- На локалната сцена, владиниот ИТ тим веќе 9 месеци не може да го исчисти SEO спамот кој е поврзан со сајтот Vlada.mk. Станува збор за техника на хакирање наречена spamdexing. Коментар за ова побаравме од Влада и македонскиот ЦИРТ тим, меѓутоа одговор нема. Прочитајте повеќе за што е spamdexing и како да се заштитите тука
- Google најави дека експериментира со опција да ограничи функционалност на YouTube ако корисникот користи Ad Blocker. прочитај повеќе
- Според неофицијални извори, македонската ИТ сцена забележува групни отпуштања. Нашиот тим работи на проверка на веродостојноста на информациите.... А доколку имаш релевантно инфо за овие случувања, сподели ја со нас на меил или приватна порака, или преку оваа анонимна форма: Истражуваме: Дали и со колкав интензитет има отпуштања во ИТ индустријата во .МК?