1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Крадење импулси од мобилен

Дискусија во форумот 'Сигурност кај мобилни телефони' започната од staki, 2 Февруари 2009.

  1. staki

    staki
    Intern

    147
    3
    26 Јуни 2007
    Мистериозниот телефонски број од Италија кој успеа да ограби и до 2000 евра од еден претплатник на мобилен телефон во Хрватска, почна да ѕвони и во Македонија. По веќе добро разработената шема, на мобилниот телефон се добива повик од бројот 393 19 32 600 45 на кој не може да се одговори, а доколку се заврти на истиот потоа веќе не може да се прекине линијата. Резултатот е телефонска сметка од неколку стотоци евра, или како во случајот со хрватскиот државјанин и неколку илјади.

    Двете најголеми мобилни мрежи во земјава Космофон и Т- Мобајл се запознаени со случајот и велат дека работат на заштита на нивните корисници иако досега немаат добиена ниту една пријава за гореспомената измама. Од Т- Мобајл велат дека: “Знаат за случајот и ги разгледуваат добиените информации дали и во нивната мрежа имало повици од вакви броеви“.

    Од Космофон со сличен став објаснуваат дека: “Ги следат светските случувања на ова поле и соодветно и превентивно реагираат во вакви случаи, односно ги превземаат сите неопходни мерки за заштита на корисниците“.

    Иако, е жртва на измама оштетениот хрватски претплатник по се изгледа ќе мора сам да си ја плати сметката. Затоа корисниците на мобилни телефони во Европа веќе испраќаат стотици илјади интернет пораки како знак за претпазливост до потрошувачите.

    Освен гореспоменатитиот број, на интернет мрежата има и корисници на мобилни телефони кои тврдат дека добиле повици од слични броеви но со различен префикс на земјата. Познавачите повикуваат на претпазливост бидејќи нема никаква пречка измамата да се изврши со било кој меѓународен префикс пред спорниот број.


    Дали некој е запознаен на кој начин се извршува оваа кражба?
    Дaли можеби со копија на IMEI?
     
    На kumanovec му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JunkieMKD

    JunkieMKD
    Retro King

    2,342
    1,068
    3 Декември 2008
    Машко
    Лол прв пат слушам за ова :zbunet3: навистина е зезната работа.Хмм и мене баш ме интересира како е можно ова.
     
  3. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    297
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
    Неможе да се прекине линијата?
    Никој не чул за баретија :D
     
  4. Aleks

    Aleks
    Gaining Experience

    5,748
    286
    18 Мај 2007
    Не.
     
  5. JunkieMKD

    JunkieMKD
    Retro King

    2,342
    1,068
    3 Декември 2008
    Машко
    Не :zbunet3:
     
  6. James

    James
    Intern

    336
    13
    8 Јули 2008
    И јас не сум чул за баретија :LOL::LOL::LOL:
     
  7. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,824
    26,013
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Или за вадење на сим од телефон
     
  8. vlatko175

    vlatko175
    Gaining Experience

    271
    105
    15 Јули 2008
    ili mavanje na telefonot od zemja(2000 evra be)smeTka
     
  9. Flash

    Flash
    Intern

    140
    1
    22 Декември 2008
    Мене ми звонеше еден мистериозен број точно во 17 00 и не знам ни од каде е ни ништо ми звонеше 2-3 пати и после вртам ама исклучува и малце прочепкав по интернет и видов дека на доста луге во светот им има звонето бројот е +37866321071
     
  10. Blagojce

    Blagojce
    Gaining Experience

    888
    67
    26 Декември 2007
    Машко
    Програмер
    Јас додека бев на fax пред неколку денови ми испратија мноооогу пораки (последниот пат кога проверив непорчитани беа 25, а пред тоа што ги гледав...). Во пораката немаше ништо само некој број и тоа што беше најчудно немаше 00 или +.
     
  11. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,344
    1,010
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Ова ми изгледа дека не помага ни вадење на симот од телефонот.
    Ми личи дека конекцијата продолжува и после тоа, директно со операторот.
    Само многу е чудно.

    Кај мене постои и колку толку заштита од тоа. Во договорот ми стои дека ако направам сметка поголема од 60 евра во рок од 24 часа, за да продолжам да разговарам ќе треба да го побарам тоа од нив.
     
  12. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,717
    218
    27 oктомври 2007
    Машко
    Е тоа е супер заштита... иако кај нас освен бизнисмените и оние кој можат да си приуштат, сите останати се на при пејд така да нема да добие многу.
     
  13. LiquidWorm

    LiquidWorm
    Администратор

    2,667
    183
    26 Март 2007
  14. ''TcM>>

    ''TcM>>
    Intern

    961
    39
    6 Јануари 2008
    Машко
    Некако и чудно ми е како го направиле ова.. алал да им е, до некоја точка..
    Само не сваќам логика, доколку се заразиш со ова и ти дојде огромна сметка да мора да си ја платиш, а притоа ти не си крив ниту ронка за високата сметка...
    П.С. Добро ја немам гаље и онака сум си на при пејд :D
     
  15. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,717
    218
    27 oктомври 2007
    Машко
    Според линкот од LiWo, проблем имаат само оние кој имаат оперативен систем на мобилниот.
     
  16. Fiasco

    Fiasco
    Gaining Experience

    3,036
    203
    2 Март 2008
    А зошто ли би вртел на тој број... и да не знам за каков измамник се работи, нема да завртам бидејќи претпоставката е дека јас него му требам а не он мене.
     
  17. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    998
    409
    17 Јуни 2008
    Јас имам оперативен систем на мобилниов и го иам мобилниов веќе четири години и не сум имал никаков проблем. И нема никаква логика откако ќе ја тргниш батеријата и понатаму да зема пари. И на крајот кој ви е крив што вртите на тие броеви :D
     
  18. RFox

    RFox
    Intern

    380
    31
    13 Септември 2008
    Машко
    Еј а овој да не е истиот ѓавол +393 932 624 87 :ua:??????????
     
  19. AMD_fan

    AMD_fan
    Certified IT Addict

    3,646
    138
    10 ноември 2007
    Машко
  20. angel485mk

    angel485mk
    Gaining Experience

    267
    60
    26 Март 2008
    Машко
    Ја како шо разбрав ова е за телефони со Симбиан ос,така нели.
     
  21. daci92

    daci92
    Gaining Experience

    2,120
    162
    4 Февруари 2009
    Машко
    Студент
    koj rece deka na pre paid ne moze da zeme ,ste cule za vleguvanje vo minus na pre paid ,moe drugarce bese 1500den vo minus ,stavi 4 karticki po 500 den za da ima 500 den kredit,taka da ne se lazete deka nema mn da dobie ,vie ke ojdete vo minus,ali pa pre paid e druga prica izvadi karticata i frli i kupi druga
     
  22. ''TcM>>

    ''TcM>>
    Intern

    961
    39
    6 Јануари 2008
    Машко
    Ова не да ме зачуди... Кај може у минус да се иде, прв пат слушам за такво нешто.. А и да оидеш у минус (што не ми се верува) едноставно фрли ја картицата и ништо... а не 1500 за само 500 кредит..
     
  23. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    297
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
    @daci92
    И жити се, како ќе те најдат да ти наплатат за тие 1500 во минус? :zbunet3:
     
  24. RFox

    RFox
    Intern

    380
    31
    13 Септември 2008
    Машко
    Каков минус у при пејд жити се напраиш ли 2 денара ти викаат дополни си сметка па збори немој вакви работи да не се лажеме.:plachko2:
     
  25. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,993
    503
    14 Април 2007
    Машко
    Да кога купуваш картичка не ти бараат дури ни лична карта
    те прашуваат за име и презиме и толку
    да беше така купи картичка отиди во минус фрли ја, купи си нова и сето тоа во циклус :p

    они дури и на претплата кога си а еден месец задоцниш одма те исклучуваат
     

Сподели

Вчитување...