1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

„Космофон“ станува фиксен оператор

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од Македонија' започната од AMD_fan, 7 Јуни 2008.

  1. AMD_fan

    AMD_fan
    Certified IT Addict

    3,646
    136
    10 ноември 2007
    Машко
    Целата македонска телефонија може стане еден голем монопол. „Космофон“ станува фиксен оператор.

    За десетина дена ќе почне да нуди разговори на фиксен телефон на територијата на цела Македонија преку сопствената мрежа со која работи и во мобилната телефонија.

    Најавите за ширење на бизнисот доаѓаат во време кога „Дојче телеком“, кој е доминантен сопственик на „Македонски телеком“ и на „Ти Мобајл“, го купува грчки „Оте“ и преку него на домашниот пазар влегува и во „Космофон“.

    Ова групирање ќе значи дека во земјава и во мобилната и во фиксната телефонија „Дојче телеком“ ќе ужива неприкосновен монопол.

    Можноста за доминантна позиција на пазарот на германскиот телекомуникациски гигант веќе ја испитува Антимонополската комисија.

    Влезот на „Космофон“ во фиксната телефонија ќе значи аргумент плус дека „Дојче телеком“ уште повеќе ќе го забетонира монополот во земјава откако ќе стане сопственик на грчки „Оте“.

    Извор: А1
     
  2. Laki Luciano

    Laki Luciano
    Intern

    332
    3
    27 Мај 2008
    Ако на овој начин се "либерализира" пазарот во Македонија, тогаш :predavanje:. Што стана со најавите дека Космофон ќе биде продаден на некоја руска телекомуникациска компанија? :ermm:
     
  3. Banzai

    Banzai
    Intern

    637
    8
    3 Март 2008
    Нели се збореше нешто дека Дојче телеком ќе го продава Космофон?
     
  4. Fiasco

    Fiasco
    Gaining Experience

    3,036
    203
    2 Март 2008
    Ќе има бричење ако настане монополизација. :plachko2:
     
  5. stefan007

    stefan007
    Intern

    395
    2
    27 Јуни 2007
    Od nas drzava ne biva:ua:
     
  6. fuUuUzZzZy

    fuUuUzZzZy
    Mr. Sensei

    4,827
    810
    14 Декември 2007
    Машко
    Wrong Answers!
    Correction: Глуп народ, силна држава!
     
  7. Fiasco

    Fiasco
    Gaining Experience

    3,036
    203
    2 Март 2008
    wrong answer!
    глуп народ, глупа држава (се однесува само за мк)
     
  8. vik

    vik
    Intern

    1,936
    30
    14 Април 2007
    Yup, само кај нас.
     
  9. StenmarC

    StenmarC
    Intern

    716
    12
    16 Април 2007
    И јас знам така. Мислам имаше во игра и една норвешка компанија.
    Ќе мора да го продадат... но... Македонија и се е можно :) :(
     
  10. igorkrst

    igorkrst
    Intern

    400
    1
    13 Јули 2007
    А Он тел?

    АмАн бе! Одма почнавте, држава, народ, глупи, не бива.....доста веќе!
     
  11. Alexandar

    Alexandar
    Gaining Experience

    2,514
    88
    21 Мај 2007
    Та неа: „Космофон“ се затвора

    Затворање на мобилниот оператор на грчката „Космоте“ во Македонија најавува грчкиот весник „Та неа“.

    Операторот „Космофон“ е во сопственост на „Космоте“, која што од своја страна е компанија ќерка на грчкиот национален телеком „ОТЕ“.

    Минатиот месец грчката државна Влада склучи договор со „Дојче Телеком“ за стратегиско партнерство.

    По внимателно проучување на договорот потпишан од грчката Влада и германскиот гигант, „Та неа“ пишува дека Атина ги прифатила условите според кои „Космоте“ ја прекинува дејноста во Македонија и нема да ја користи дозволата за развивање на дејноста во Црна Гора.

    Целта е да не се наштети на интересите на „Дојче Телеком“ во овие држави, каде функционира „Т Мобајл“, пишува весникот.

    Извор: А1
     
  12. Laki Luciano

    Laki Luciano
    Intern

    332
    3
    27 Мај 2008
    Не ми се верува, но ако се оствари ова ќе биде ептен непрофесионално според мене. А досегашните корисници??? :chudenje: Нека го продадат на друга странска телекомуникациска компанија како што беа најавите. Али ај ќе видиме што и како ќе биде...

    edit: А тие што имаат post-paid договори со Космофон, а нашата Влада и администрација што е нивен клиент???
     
  13. AMD_fan

    AMD_fan
    Certified IT Addict

    3,646
    136
    10 ноември 2007
    Машко
    Најверојатно COSMOFON ќе го преземе некоја друга компанија. Не верувам дека така едноставно може да се затвори. :ermm:
     

Сподели

Вчитување...