- Ја почнал/а темата
- #1
AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3,646
- 139

Проценките се дека Космофон вреди околу 300 милиони евра и дека продажбата би завршила за девет до 12 месеци
Мобилниот оператор Космофон ќе се продава откако ќе се официјализира влезот на Дојче Телеком во грчки ОТЕ. Тоа значи дека германската компанија ќе учествува во управувањето во ОТЕ и на тој начин настанува и директно учество, односно контрола и врз Космофон, кој поседува 33 проценти од мобилниот пазар во Македонија. Ваков можен развој на настаните најави Панагис Вурлумис, претседателот на Управниот одбор на ОТЕ. Според него, продажбата на Космофон мора да се случи бидејќи фирма-ќерка на Дојче Телеком во земјава (Т-Мобиле Македонија) контролира околу 55 проценти од пазарот и поради регулативата еден од двата оператора ќе мора да се продаде.
Сепак, Вурлумис најави дека ОТЕ нема да брза со продажбата на Космофон. Прво, влезот на Дојче Телеком во ОТЕ треба да се официјализира откако ќе биде одобрен од ЕК со што германската компанија ќе има управувачко мнозинство во ОТЕ. Тој момент ќе предизвика нов монопол во мобилната телефонија во Македонија што е предмет на анализа на Комисијата за заштита на конкуренцијата која има рок од 90 дена да се произнесе во врска со концентрацијата што ќе настане.
Космофон вреди 300 милиони евра
Извори на ВЕЧЕР велат дека во Космофон веќе се подготвуваат да бидат продадени. Проценките се дека за тоа ќе бидат потребни од девет до 12 месеци. Како потенцијални купувачи се спомнуваат австриски Мобилком кој е газда на операторот ВИП, како и Телеком Словенија. На Мобилком би му одговарало да го купи Космофон кој се проценува дека вреди меѓу 250 и 300 милиони евра бидејќи ќе наследи приближно 650.000 активни телефонски линии, плус фиксна телефонија, вајмакс и 3-Г лиценца со чии услуги од компанијата најавуваат дека ќе стартуваат деновиве. Одличен залак Космофон би бил и за Телеком Словенија. Кога различните телекомуникациски услуги на оваа компанија би се споиле со интернет услугата што ја нуди неговиот Он.нет, би можел да стане вистинска конкуренција на Дојче Телеком на македонскиот пазар.
Дојче рашири чадор на Балканот
Договорот овозможува Дојче телеком да ја купи целата компанија ОТЕ, но со согласност од следните грчки влади. Зделката треба да биде одобрена од парламентот и од Европската комисија за конкуренција. До 2011 година Германците можат да докупат уште 15 отсто. За Дојче Телеком, преземањето на ОТЕ значи пристап до пазари како Бугарија, Романија, Србија и Албанија, проширувајќи ја дејноста во Централна и Источна Европа - од Балтичко до Средоземно Море.
Извор: Вечер