• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Корегирање на бојата во приказот преку HDMI конекција кај AMD и Nvidia видео картички

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,189
4,436
SK
Актуелните AMD и Nvidia GPU-а кога мониторите на нив се прикачени преку HDMI конекција, мониторите ги третираат како телевизори и им испраќаат сигнал соодветен за телевизори. HDMI одамна не е само телевизиски конектор, и нејасно е зошто и AMD и Nvidia исистираат на гореопишаното.
До сознанието за проблемот дојдов затоа што од неодамна имам нов монитор (благодарност до Псај и Викса за помошта во набавката) кој го користам приклучен преку HDMI конекција, па истражував малку за особеностите и евентуалните проблеми кога се користи HDMI.
Така го најдов следиов текст од Adam Simmons (pcmonitors.info), од кој добив подоста корисни информации:
https://pcmonitors.info/articles/correcting-hdmi-colour-on-nvidia-and-amd-gpus

Со оглед на тоа дека за некои работи не бев свесен пред да ја истражам тематикава, и со оглед на тоа дека се повеќе корисници употребуваат HDMI конекција на мониторите (и најверојатно не се свесни за можните проблеми), сметав дека овие информации би им биле корисни и на другите форумџии.



Накратко ќе ги опишам проблемите кои се случуваат со конекција на мониторите преку HDMI, а за подетални информации ви сугерирам да го прочитате целиот текст од pcmonitors.info


Кај Nvidia со конекција на мониторите преку HDMI по дифолт се иде на ‘Limited Range RGB (16-235)’ сигнал, кој го ограничува контрастот, „живоста“ на боите, деталноста на нијансите, и генерално му наштетува на квалитетот на видео приказот. Ова истото наводно се случува и кај помал број монитори кога се поврзани преку DisplayPort.
Добра индикација за ‘Limited Range RGB (16-235)’ и лош приказ би бил Лагом тестот, делот за „нивото на црното“:
http://www.lagom.nl/lcd-test/black.php

Од драјверите 347.09, Nvidia нуди drop down box опција ‘Output dynamic range’. Ова треба да иде на ‘Full’ за да се форсира ‘Full Range RGB 0-255’ сигнал.

Треба да се пази да не е вклучено ‘HDMI Black Level’, ако постои таква опција.
Ако од некои причини ова не ви реши проблемите, во спомнатиот текст од pcmonitors.info се нудат уште неколку решенија, како правење кастом резолуции или употреба на мала апликација ‘Nvidia Full/Limited Range Toggler’ која директно го третира проблемот.



Кај АМD проблемите се два, прво може да се деси проблем со скалирањето и да се добие слика само на дел од екранот, со црна рамка наокулу. Ова се решава преку подесување сетинг во Radeon Setings, во ‘My Digital Flat Panels’ – ‘Scaling Options’ слајдерот треба да се помести скроз на десно со што ќе се подеси ‘Overscan (0%)’



Другиот проблем со АМD е ставање пиксел формат ‘YCbCr 4:4:4’ по дифолт. Ова не толку лошо како кај Nvidia која форсира ‘Limited Range RGB (16-235)’, но ‘YCbCr 4:4:4’ сепак прави разлики во контрастот и приказот на боите па секако тоа што е пожелно е ‘Full Range RGB’.

Решение за ова може да се постигне со употреба на DVI to HDMI кабел, во кој случај АМD коректно испраќа RGB 4:4:4 Pixel Format (Full RGB). Или друго поелегантно решение е преку подесување на сетинг во ‘My Digital Flat-Panels’ – ‘Pixel Format’ и промена од ‘YCbCr 4:4:4 Pixel Format’ во ‘RGB 4:4:4 Pixel Format PC Standard (Full RGB)’.
Скриншотот подолу е од ‘Catalyst Control Centre’, но истите опции се и во Radeon Settings во поновите драјвери.

Треба да се пази да не е вклучено ‘HDMI Black Level’, ако постои таква опција.


Sreenshot-овите во постов се од наведениот текст од Adam Simmons и се сопственост на сајтот http://pcmonitors.info/
Извор: Correcting HDMI Colour on Nvidia and AMD GPUs
Автор: Adam Simmons
https://pcmonitors.info/articles/correcting-hdmi-colour-on-nvidia-and-amd-gpus/
 

architect

Unstoppable
27 ноември 2008
2,094
2,665
Скопје
architect's setup  
Processor & Cooler
i7 9700k Coffe Lake / NZXT Kraken x62
Motherboard
ASRock Z390 Pro4
Storage
SSD Samsung M.2 970 EVO 250 GB / 850 EVO 250 GB / WD EZEX 1TB
PSU
Corsair HX750i 80 Plus Platinum
RAM
G.SKILL TRIDENT Z RGB 2x 8GB ddr4 3000 mhz
Video card
Asus Rog Strix Gaming RТX 3070 O8G 8GB DDR6
Case
NZXT H500i black/red
Mouse
Logitech G502 RGB
Keyboard
Cooler Master
Audio
Logitech x 530 / asus echelon navy
Monitor
LG 27GL850-B
OS
Windows 10 x64
architect, 16 Март 2015
како што раскопав по нетов стандард проблем било т.е. мониторот го детектирал како HDTV со што му намалувал динамик рејнџ 16-235 а требало да биде фулл рејнџ 0-255 ргб
т.е. во мојов случај требало да се направи оваа опција за амд карта.

иначе disable ми е DP 1.2
dell монитори <3
p.s. ако не користиш 10-ка прозорец стави си, кај мене овие проблеми магично исчезнаа со 10-ката
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,189
4,436
SK
p.s. ако не користиш 10-ка прозорец стави си, кај мене овие проблеми магично исчезнаа со 10-ката
Мислиш на проблемите што си ги имал после будењето од sleep, со непрепознаен монитор во VGA резолуција? Или генерално на проблемите со бојата во приказот (за кои пишував)?

Пошто гореопишаните проблеми се во драјверите, а не ми се верува дека драјверите за 10ката поинаку се однесуваат од тие за 7ца.
 

nik0la_

Practice makes perfect
5 јануари 2012
710
1,304
nik0la_'s setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 5 1600 Processor
Motherboard
Gigabyte AB530m-Gaming1
Storage
Force Series™ MP500 120GB M.2 SSD - Corsair & 500GB Western Digital HDD
PSU
EVGA 600 BQ, 80+ BRONZE 600W
RAM
16 GB 2x8 VENGEANCE® LPX DDR4 DRAM 2400MHz C14
Video card
Sapphire RX 580 Nitro+ 8GB
Case
ATX Midi Tower Case SAMA Vision III Gaming
Mouse
Bloody v7m
Keyboard
Sharkoon SKILLER MECH SGK3 mechanical RGB
Monitor
Philips 23" Full HD LED IPS
OS
Windows 10
Јас имам проблем од кога сум на хдми после исклучување на компјутерот, мониторот не оди во стендбај него седи уклучен едно 5 минути со порака дека нема сигнал. Предходно со вга портот го немаше тој проблем.
Инаку од споменатите проблеми погоре, на предходната карта р7 260х го имаше проблемот со скалинг, на рх470 е ок, за РГБ ке проверам утре бидејќи сум на работа.
 

MasteR_#0

Unstoppable
14 декември 2010
2,753
2,429
MasteR_#0's setup  
Processor & Cooler
Core i7 10700K | Hyper 212 Evo
Motherboard
Asus Z490 TUF
Storage
Samsung SM961 256GB | WD 1TB Blue EZEX
PSU
Riotoro Enigma G2 750W
RAM
2x8GB G.Skill SniperX @ 3200Mhz
Video card
Sapphire RX 5700
Case
CM H500
Mouse
Logitech G502 Hero | G.Skill MP780
Keyboard
Logitech K120
Audio
Logitech 2.1 X-240 | Sennheiser HD 559
Monitor
Dell P2720D
OS
Windows 10 x64
Кај Amd проблемот со скалирањето по дифолт го немам одамна, само првите неколку месеци беше присутен откако го купив мониторот (декември 2014), пробано на 7, 8.1 и 10. Најверојатно го средиле со поновите драјвери. Ама сеуште не го подесува на Full RGB 4:4:4 по дифолт, мора мануело да се менува.
 

lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3,503
3,252
Може со инсталација на драјвери за мониторот се решава овој проблем. Така оперативниот ќе знае дека се работи за монитор преку HDMI наместо generic уред.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,038
Мислења
855,003
Членови
29,644
Најнов член
Ogi1990
На врв Дно