1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Конвертор од YUSCII кирилица во Unicode/UTF-8 (системска) кирилица

Дискусија во форумот 'Perl // Ruby // Python' започната од gdamjan, 14 Септември 2009.

  1. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,240
    517
    3 Април 2008
    Здраво на сите,
    конечно го заокружив мојов проект Froggin.mk за конвертирање на OpenDocument фајлови напишани со YUSCII кирилица во системска, па решив да го изрекламирам малце, плус може ќе се најде некој заинтересиран да види како работи, па дури и да помогне.

    Домашна страна на проектот е: http://damjan.softver.org.mk/git/froggin.mk/about/ на која има пристап до Git историјата, фајловите итн.

    Доколку не сте користеле Git - тоа е систем за верзионирање на датотеки (текстуални датотеки), слично на CVS, SVN итн. но нешто помоќен. неисе..

    Програмот е напишан во Python, користи lxml библиотека за анализа и синтеза на .xml фајловите од кои се состои еден OpenDocument фајл.

    Демо на програмот може да видите тука http://damjan.softver.org.mk/convertor/ ... тоа е web апликација на која може да upload-увате документ, а таа ви го враќа конвертиран.


    Што е со името??

    Името Froggin.mk е изведено од 3 работи:
    1) friggin, не ми се верува дека сеуште го имаме овој проблем;
    2) но сепак програмот ви дава можност да го прескокнете проблемот (плус логото може ќе биде жапче) ;
    3) .мк доаѓа од таму дека ова е претежно проблем во Македонија.

    Можам да се согласам дека името не е најдоброто, можеби е и глупаво :), но не го менувам без подобар предлог (се надевам дека понатамошната дискусијата нема да биде за името туку за кодот).
     
    1 person likes this.
  2. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,240
    517
    3 Април 2008
    Ах да, ќе заборавев...

    ако некој сака да помогне би можел да ги инсталира сите фонтови од овде http://alati.org/font/ и да ми прати список од типот "име на фонт“ -> варијанта_А или варијанта_Б (ама како што се појавува во windows или word или openoffice)
    ...
    варијантите се однесуваат на како се ставени големите/малите "ш" "ѓ" "ч" "ќ" и "ж" (едната е исто ко mac c swiss, другата е обратна).
     
  3. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,147
    12,678
    23 Јануари 2008
    Манга
    А зошто не готовa offline апликација?
    Јас користам една алатка, која се вика "Kovertor", стара десетина години, која горе-долу, брка работа, ама има многу глуп интерфејс и на почетокот се чека 5 секунди за да се мафне loading формата. Ако сакаш ќе ти го испратам да видиш за што станува збор.

    Порано размислував да го испрограмирам јас истото, ама не одвоив време и не го направив тоа. Значи кога би имало некоја понова верзија од истово, без глупости и со пријателски интерфејс, би ми била многу од корист. И не само мене туку и уште на многу луѓе(претежно професори и асистенти :) ) кои ја користат. Значи ако можеш/можете тоа да го направиш ќе завршиш работа. Ова со online е трипер комбинација. Прво никој нема да ти праќа битни сорсови(текстови во изворна форма) за да ги конвертира. Од каде знае дека ти, или кој и да е, нема да си го искористиш тој текст. Понатаму не секогаш имаме интернет, или брз интернет ако станува збор за голем документ, за да можеме да се зафркаваме со праќање и даунлоуд.
     
  4. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,240
    517
    3 Април 2008
    готова е де.. ако го симнеш source-от имаш CLI скрипта која конвертира.
    јасно да, иако самата web апликација воопшто не снима фајлови, никој не може да го знае тоа освен мене :) ... web апликацијата ја направив како демо за да може луѓе да ја тестираат без да инсталираат Python и lxml (библиотека за Python).
     
  5. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,240
    517
    3 Април 2008
    И?
    сугестии? го ѕирна некој кодот? го проба програмот?
     
  6. SkyDriver

    SkyDriver
    Intern

    61
    10
    18 Јули 2009
    @gdamjan, гледам дека си упатен повеќе во овие работи... па реков да те прашам... пред некое време чепкав низ зајтот на Python (во врска со ова) и заприметив дека има Python USers Group... па ме интересираше дали има Macedonian Users Group за Python или слабо тоа ?
    Ако нема, дали би имало шанси да се формира нешто такво ?
    Ако има, кои се условите да се стане член на таа група ?

    А за твојот птоект немам време сега за експериментирање, ќе легнувам дека утре рано треба да станам, ама утре ќе го пробам и ќе споделам импресии. :)
     
  7. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,240
    517
    3 Април 2008
    јас колку знам нема за сега...
    но баш деновиве сум на размислување дека треба да се почне со нешто вакво.

    Минативе неколку месеца, во четвртоците во хаклаб КИКА се случува ruby.mk meetup - но бидејќи не стигнуваат да се организираат за *секој* четврток, се мислам да го направиме наизменично да биде python и ruby, преу еден четврток.

    Сега овој четврток пак е ruby (со интересна програма) ... така да би се почнало од следната.. ќе пишам дополнително во известувања за ова.

    А за членство во групата... не би требало да има услови... единствено редовност :)
     
  8. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,240
    517
    3 Април 2008

Сподели

Вчитување...