• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Конкурс за нови кирилични фонтови

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Ги повикуваме сите студенти на ликовната академија, дизајнерите, графичарите, академските сликари, хералдичарите и сите други кои веруваат дека кирилицата е убава и инспиративна, отмена и читка, дека може да биде и модерна – таква и да ја направат.
Распишуваме конкурс за изработка на нов кириличен фонт со знаците од македонската азбука. Фонтот треба да биде применлив со македонска кодна поддршка. Форматот на фонтот може да биде TTF или ОTF.
Наградниот конкурс за модернизација на постоечките и за креирање на нови оригинални фонтови трае до 20 мај 2008 година. Резултатите ќе бидат објавени на ова место на веб-страницава на 24 мај, а доделувањето на наградите ќе биде на вечерната манифестација на 24 мај што се организира во чест на кирилицата на улица „Македонија“ во Скопје.
Пристигнатите предлози ќе ги разгледува стручна жири-комисија во состав: Ласко Џуровски (претседател), Љупчо Јакимоски и Марко Стојановиќ (членови)
Жири-комисијата на првопласираните три ќе им додели награди:

1. награда – 1.000,00 евра
2. награда – 750,00 евра
3. награда – 500,00 евра


Исплатата на наградите се врши во денарска противвредност, според средниот курс на НБМ на денот на исплатата.
Наградените фонтови ќе бидат поставени на веб страната на кампањата од каде ќe бидат достапни за слободно користење.

Превземено од http://mojatakirilica.com.mk/novfont.html каде штo може да најдете повеќе информации за што се работи :)

Ајде ИТ дизајнери, засукајте ракави :))


 

''TcM>>

Intern
6 јануари 2008
961
39
1 nagrada 1.000 evra, WOW. Interesno sto im teknalo nesto vakvo. Pa so sreka na tie sto ke ucestvuvaat :D:bye1:
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
ИТцОМмК Font Pack

Напред на сите напреварувачи! Со среќа
 
M

Mr.Alien

Гостин
Фаќајте се за Фонтографер!!!
До 20-ти мај верувам дека ќе најдам време за ова...:ermm:
 

Vavo

Intern
20 октомври 2007
270
15
Skopje
Јас имам еден фонт напраено..се вика Морбид :)) Ај нешто понормално можда ќе направам
 

sonic

Intern
13 ноември 2007
529
5
Јас би се нафатил но немам искуство со креација на фонтови :D Со среќа на учесниците :bravo:
 

^Predator

Intern
12 март 2008
293
18
Не ми е јасно што се бара? Дали се бара некој оргинален(блесав) фонт, некој чист фонт или не е битно тоа?
 

dani_janev

Intern
19 април 2007
280
7
ова е одлично.... супер што им текнало...а и наградите не се мали...сигурно ако имам време барем еден ќе пратам
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
btw. spored vas so koe programche najdobro se kreira font?
Edinstveni shto gi znam se:
Fontographer i
ScanFont od Pyrus
i
FontCreator od High-Logic.
No zatoa shto nemam lichno iskustvo, spored vas Koja od ovie 2 e podobra ( verojatno Fontographer zatoa shto FontCreator mislam deka e mnogu amaterska) i dali znaete nekoi drugi za kreiranje font? Kakvi dodatoci nudat ect ect..?
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,580
Мислења
823,874
Членови
28,079
Најнов член
ivannalex
На врв Дно