Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Предлог Конфигурација за лајт видео/3д до 40 000ден.

robertmk

Intern
23 јануари 2024
6
1
Спремам лајт конфигурација за видео/3Д/анимација и сл, поконкретно за адобе пр и ае/синема4д/ризолв/корел итн.

Да напоменам, не ми треба ништо професионално. Главната намена е за разонода и подучување, a поретко и за некој ситен проект.

Битно ми е да вади 4к 60херци на монитор/тв и да не кочи во монтажа со 4К видео со некое лесно ефектче од ранг на контраст/боја/исправање дисторзија/аудио левел и сл. За позахтевни работи немам никакви очекувања, како шо реков целта не ми е да работам со тешки рендери, комплексни сцени и клипови по 50гб, тука за разонода и подучување.

Плоча 5280ден

Процесор 7980ден
https://www.anhoch.com/product/5998...BGW8beYy9w7vHBkvyw00pLx7qUY0WQvywrHHFFgPcnkTZ
или овој 10 980ден
https://www.anhoch.com/product/5998...400-alder-lake-6-core-25ghz-lga-1700-18mb-box

Графика 10 780ден

РАМ 4580ден

ССД 2990ден

Напојување 2980ден

Куќиште 1890ден

Вкупно 39 480ден

Имам монитор и периферија, мислам дека ми фалат уште каблиња, кулер за процесор, помали кулерчина за проток и за друго не ми текнува :p

Би бил многу благодарен за било какви корисни совети и корекции. Не сум составувал десктоп скоро 10ина години. Од 2016та год за слична намена користев лаптоп асус рог со и7 4ген, 16гб рам и гетеикс 960м и ми беше одличен за дома како дополнителна машина.

Сега се решив за десктоп заради потреба од 4К, 32гб рам, како и можност за надградба. Одам со интел/нвидиа заради далеку подобра компатибилност и минимизирање на и онака неизбежните хардвер-софтвер конфликти. Гледам на форумов се продаваат интересни лајт конфигурации со амд па и тие се во игра ако во меѓувреме се подобрила ситуацијата амд-адобе и сл, ептен не сум во тек.
 
Последна промена:

Sapphire

On your way to fame
11 ноември 2015
1.163
775
Со оваа конфигурација моментално ќе поминеш, но не и за подолго. Незнам до која сума си сподобен да платиш. Како прво би ја променил графичката со друга што има 6 или 8гб рам. Процесор не по слаб од и5. Напојување не под 500W. Знаеме дека ддр4 рамовите моментално се доста ефтини, но ако би правел нова конфигурација би ја правел со ддр5, долкоку играме за на подолго. Доколку заработуваш пари од ова, ти препорачувам да одиш со по добра конфигурација.
 

robertmk

Intern
23 јануари 2024
6
1
Со оваа конфигурација моментално ќе поминеш, но не и за подолго. Незнам до која сума си сподобен да платиш. Како прво би ја променил графичката со друга што има 6 или 8гб рам. Процесор не по слаб од и5. Напојување не под 500W. Знаеме дека ддр4 рамовите моментално се доста ефтини, но ако би правел нова конфигурација би ја правел со ддр5, долкоку играме за на подолго. Доколку заработуваш пари од ова, ти препорачувам да одиш со по добра конфигурација.
Не ми е за сериозен професионален ангажман, туку за домашна употреба (разонода и учење) и понекогаш за некое едноставно и евтино фриленс проектче од 50-100долари. За конкретни технички потреби имам објаснето во првиот пост.

Буџетов ми е околу 40ина илјади и не би сакал да го растегнувам пошто нема крај, а немам ни потреба од посериозна опрема за по дома. Башка не сум некој мераклија за хардвер и негово тестирање, сетирање, оптимизирање итн. Јас сакам едноставни работи - пали вози. Затоа и многу години одев исклучиво на лаптоп, а за работните машини оставав да му ја мислат фирмите кај шо сум работел :cool:

Е сега дојде време за мала промена, но не би сакал уште од старт да се зацапувам во хардверџиство.
 

Sapphire

On your way to fame
11 ноември 2015
1.163
775
Со оваа конфигурација поминуваш без проблем, само оди со и5 и ако можеш промени графичка и напојување. :)
 

Astro

Epic
20 јуни 2012
9.293
14.421
Добра си е конфигурацијата, само јас би одел на посериозна плоча, некоја 4-5000 денари поскапа и на i5 процесорот, од причина што утре може ќе ти тргне работата па веројатно ќе сакаш посилен процесор. Таа плоча е слаба за посилен процесор а рачунај нов компјутер сега кога правиш, најмалце 6-7 години ќе ти трае па тогаш ќе бидат 12/13 генерација ефтини половни па ќе сакаш да ставиш.
 

moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.794
4.595
4K видео со „лесно“ ефектче не е воопшто „лајт“. Особено ако е h265.

Ти фали хард диск. Тоа ссд-то веднаш ќе се наполни, за видео ти треба многу повеќе простор. А и повеќе рам нема да шкоди.
 

Astro

Epic
20 јуни 2012
9.293
14.421
Нешто во стил на подобра плоча со ддр 5 и пци 4, побрзо ссд и ртх 3060?
Не мора да е со ДДР5, може да е и со ДДР4 ама да има посилна напонска секција, да може да снабдува посилен процесор со струја, да е постабилна и подолговечна. А за граичка и ССД како што викаш нема крај, ама 1650 е прилично очајна. Може подобро да земеш половна некоја ама подобра
 

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
10.953
17.851
H610 чипсет во никој случај
1650 за 4К е слаба
Дискот е мал

Ако буџетот ти е цементиран тогаш ти предлагам да земеш нешто на старо од кај @gOJDO со Nvidia карта
 

gOJDO

Illuminator
23 јануари 2008
10.797
17.370
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
За 5% плус пари ние би го понудиле ова(се ново):

MB: Asus H610M-K D4
CPU: Intel Core i5 12400
RAM: A-Data XPG 32GB (2x16GB) DDR4-3200 CL16
VGA: Asus GTX 1660Super Dual 6GB OC
SSD: Samsung 980 500GB
PSU: nJoy! Synergy 500W 80+ Wh
Case: Chieftec Hunter /w 120mm silent fan

Двојно помоќна графичка картичка, многу поквалитетно куќиште, подобро напојување.
 

robertmk

Intern
23 јануари 2024
6
1
Фала ви на сите за досегашните совети и понуди, ги имам предвид. Ќе напрам уште 1-2 корекции нареднава недела пред да се одлучам.

Ако добро сум разбрал, ќе ми требаат уште 20ина илјади за подобра плоча и напојување, побрзо ссд и 64гб рам.
Тука не ја рачунам графичката, ќе почека 2-3 месеци за да биди нешто со 12гб, а на подобар процесор би одел тек по година-две.

Вака ми изгледа како нешто шо е повеќе "фјучерпруф" и избалансирано, без некое изразено тесно грло заради голема разлика помеѓу деловите.

Или ништо не сум разбрал? :unsure:
 

ivsss

On your way to fame
16 февруари 2012
344
697
Гледај си делови на старо (со или без гаранција) за да добиеш најмногу за вложеното.

Процесор, 8 јадрен, АМД, претходна генерација 5800Х, 5700 итн. (околу 10К денари)
Плоча Б450, само што се продаде на форум за 4К денари
Графичка 3060 / 3070 / 3080 или TI верзии (10 до 20К денари)
РАМ 32GB, (околу 5К денари)
ССД, 1ТБ (3 до 5K денари)
Напојување/куќиште по избор.

Со ваква комбинација имаш можност за надоградба на 12 јадрен процесор, ако ти треба понатаму подобра графичка итн.

Поздрав,
Ивс.
 

gOJDO

Illuminator
23 јануари 2008
10.797
17.370
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Интегрираната од интел има енкодер кој се користи за експорт на видео и може да се користи како примарна, а дедицираната да е само за процесирање. Затоа е корисно да ја има покрај другата за неговата намена. Со AMD Ryzen 5000 тоа ќе го нема.
 

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
10.953
17.851
Premiere ја користи графичката само под услов плагинот кој се користи за дадена намена да поддржува хардверско забрзување (NVENC на пример)

За се останато графичката ќе си седи во лер а рендерот ќе биде превземен од процесорот или цел рендер ќе биде микс само процесор, процесор + гпу или само гпу (под услов да "се десило" најобично исфрлање на несакани делови без менување на резолуцијата)

Да не тупам понатаму, сите имаме Гугл.
Минимум i5 за "вежбање", i9 за професионална употреба (пошто времето е пари) а AMD нема што да бара овдека.

Отсекогаш постоел овој невидлив и мафијашки сојуз на Интел, Нвидиа и Адоб.
 

Глупав

On your way to fame
20 април 2008
1.257
766
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
не би дискутирал за AMD/Intel преференци...

Имаш графички добри 3060 по добра цена кои секако се над 1650 или 1660
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
46.551
Мислења
964.842
Членови
34.923
Огласи
2.635
Најнов член
williamshakespeare30
На врв Дно