1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Конфигурација за 3D modelling

Дискусија во форумот 'Конфигурации' започната од bobipp, 23 Февруари 2020.

  1. bobipp

    bobipp
    Gaining Experience

    282
    142
    13 ноември 2009
    Здраво дечки. Ми требаат ваши предлози за компјутер до 35-40000 ден. :)
    Сакам да научам 3Д моделирање и се што следува со тоа: shading, lighting, texturing, rendering, animation, etc...

    Тотален почетник сум во 3Д и само што почнав да учам (Blender). Мислев да одам на курс ама тоа некако се одложи, изгледа не можат да соберат луѓе и се мислам дека подобра опција ќе ми биде да си ги вложам парите во нов компјутер и сам да учам, отколку да ги фрлам 400 еур за курс. Материјалот за учење на интернет е практично бесконечен. Имам лаптоп кој е стар 6 години и досега си брка работа за 2Д графика (адобе програми), ама за 3Д мислам ќе ми треба нешто ново и појако, а лаптопот не ми се продава. ;) Е сега буџетот е тој, и од она што разгледував може да се склопи солидна конфигурација за работа со 3Д. Само не сум одамна во тек со ит техникава до каде се стигнати и сл. Монитор имам AOC IPS 21.5" и сум презадоволен од него, засега не планирам поголем. Исто и маус+тастатура не мора засега да влезат во буџетот за нов pc.

    Овој го читав за инфо.
     
  2. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,603
    13,850
    23 Јануари 2008
    диско денсер
  3. bobipp

    bobipp
    Gaining Experience

    282
    142
    13 ноември 2009
    Слабо предлози :) Па зедов се расчитав сам по нетов да видам до каде стигнала техникава. @gOJDO благодарам за предлогот (no hard feelings :) ), но повеќе би сакал да ги вложам парите во строго нов пц затоа што не сум тип што често менувам технологија, сакам да скоцкам нешто прикладно на буџетот и согласно потребите. Гејмер не сум, можам само нешто да пробам од љубопитност поради нов компјутер и толку. А кога ќе играм тоа ќе биде 90% од времето ПЕС :) Значи акцентот пред се е на работа односно професионална искористеност на машината. Од тоа што читав последнава недела овој е заклучокот во 3 варијанти групирани по цена/достапност на делови...

    upload_2020-3-2_20-32-47.png

    Вкупната цена е пресметана со избор на AORUS матичната од предложените. Оваа конфигурација би ја зел веднаш да имам толку пари на располагање, no questions asked... Ама пошто за жал не е така одиме со кратење до Конфигурација 2:

    upload_2020-3-2_20-36-36.png

    Овде се префрлив од Ryzen 5 3600 на 7 2700X. 7-кава има 2 јадра повеќе а со клок-от се тука некаде, па мислам дека и вториов повеќе би ми бркал работа, пошто за рендер се потребни што повеќе јадра ;) А разликата е 2000 денари. Скратено е и на HDD иако реално и 1 TB мислам дека би бил доволен. Во првата имав ставено 2 ТВ само поради сугестија на другар дека наводно 2 ТВ работел побрзо од 1 ТВ (вистина ова?). Нешто повтино напојување, а и прочитав за BEQUIET! дека биле доста квалитетни па може да дојде во потесен избор. Во врска со РАМ, за почеток може и со 8 GB, па по неколку месеци да докупам уште 8 GB...што не води до Конфигурација 3 која со тек на време може да премине во 2-ката само со одложено купување на некои делови:

    upload_2020-3-2_20-46-20.png

    CPU Останува исто, затоа што прво тука мислев на 5-ка 2600Х ама има 2 јадра помалце па не сакав веќе да се спуштам подолу од 7-ка 2700Х. Тука ја зедов матичната што ми ја понуди @gOJDO пошто прочитав доста добри препораки за оваа плоча а и генерално за AsRock плочите. Само тоа што има 2 слота за РАМ се плашам дека е полоша варијанта затоа што од 16 ќе можам да скокам само на 32, но не и на 24 ;) Можам да стартувам само со ХДД па по неколку месеци да докупам ССД и РАМ. Куќиште сегде ставив по 2500 ден, како некоја замислена сума, ама морам да признаам дека неколку што ги бендисав од CoolerMaster беа по 3000 ден.

    Ако забележавте, сегде е истата GPU, Geforce GTX 1650 4 GB пошто како што реков не сум гејмер, па гледав да е некоја средина помеѓу “скапите за мене“ од 200 еур па нагоре и оние ефтините од 150 еур па надолу. Може да дојде во игра тука и Radeon RX 580 пошто има за 11000 ден. со 8 GB а и општо на тестови скоро во се е подобра од GTX 1650, но е постара, од 2017та. Сакам да слушнам збор-два за предложените матични, пример ако некој има користено од нив да сподели искуство. Дали да ги гледам и MSI или не?
     
    На 1s3ct0wN му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,541
    12,798
    2 Август 2012
    Машко
    Немаш монитор.
    Мал е
     
    На Вајкинг, Daniel86, Rikimaru и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. cgfreak

    cgfreak
    Gaining Experience

    267
    270
    1 oктомври 2010
    CG Artist
    3-4 мислења:
    1. GPU: пре би одел со стара 1070ка наместо 1650 (CUDA Cores, меморија, брзина, ако дојде ред за GPU Rendering);
    2. SSD: обавезно!
    3. RAM: 8GB многу брзо ќе ти станат малце, ако не и одма;
    4. Размисли уште еднаш за понудата на @gOJDO (DDR4 е рамот, има грешка во описот каде стои DDR3).
     
    GGTT1, gOJDO и на Molec им се допаѓа ова.
  6. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,356
    2,177
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Не му нудете половни а6ки, нова киа си сака чоекот. (trololo)
     
    На Speedster, Вајкинг, Daniel86 и уште 4 други им се допаѓа ова.
  7. smole

    smole
    Unstoppable

    3,108
    3,586
    18 Април 2007
    1. На гојдо понудата е сосема коректна.
    2. Ако идеш на ново пазари само во Анхоч и Нексио, они се увозници на сите делови кои си ги постирал од препродавачите ДД стор.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  8. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    348
    263
    13 Март 2017
    Машко
    За рендер, ако ги споредуваме парите, гојдо добра опција ти дал.

    Ако сакаш ново,
    ЦПУ: Ја би идел со Р7 2700x
    ГПУ: подобро купи половна 1070ка или 580ка 8ГБ, него ли нова 1650 која е над 10к и која е каде-каде послаба од овие
    РАМ: Минимум 16ГБ. Со 8 ништо не правиш.. Веќе Фотошоп почнува да бара 8ГБ минимум а не па други рендери..
     
    На GGTT1 и gOJDO им се допаѓа ова.
  9. bobipp

    bobipp
    Gaining Experience

    282
    142
    13 ноември 2009
    SSD и RAM 16 GB се секако во план, само тие се работи што можам да ги купам и по некој месец откако ќе ми легне компјутерот на биро ;)

    За второво, не сум баш сигурен. Ако е така зошто за голем дел од производите, цените се поскапи во Анхоч и Нексио? Btw кажете збор-два за Нексио. Често ги среќавам во муабети на форумов а некако слабо се медиумски присутни, па скоро и да не постојат, освен фб страната. Им побарав ценовник. Ем што се поскапи со цени, туку и доста ограничен избор имаат.

    Да, за CPU и јас веќе сум одлучен за R7 2700X. A за GPU изгледа ќе се свртам на RX 580ка нова, има за добра цена со 8 GB што е каде каде подобар избор од GTX 1650. Половно не ;)

    Него се запнавте сите за графичката, а никој не кажа ништо за матична? Некој предлог и искуства?
     
    Изменето од модератор: 5 Март 2020
    На coNNectMKD и cgfreak им се допаѓа ова.
  10. smole

    smole
    Unstoppable

    3,108
    3,586
    18 Април 2007
    За 50-100 денари поскапи се, бидејќи ДД стор имаат од нив дилерски и играат пацерски.

    Пола компјутер ми е од Нексио а другата половина од Анхоч, склопен пред 2 месеци така да не зборам на памет, а ти како сакаш.
     
    На Arabian и bobipp им се допаѓа ова.
  11. cgfreak

    cgfreak
    Gaining Experience

    267
    270
    1 oктомври 2010
    CG Artist
    CUDA Cores ти се битни за GPU Rendering, со AMD ќе бидеш многу ограничен во избор на render engine. Octane Render, Redshift, Arnold GPU, сите работат само со NVIDIA. Така да, за тоа за што сакаш да го користиш компјутерот, според мене попаметно е да одиш со NVIDIA.
    Знам дека не сакаш на старо, ама во име на муабетов пак да спомнам дека стара 1070ка е подобра опција од горенаведените нови карти.
     
    На bobipp му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bobipp

    bobipp
    Gaining Experience

    282
    142
    13 ноември 2009
    Ајде еден update.
    После многу прочитани reviews и видеа на youtube за компоненти, изгледа за CPU ќе одам со 2600Х како best bang for the buck. За нијанса е послаб од 2700Х, но 2600 ден е разлика во цена. За сметка на тоа, за графичка изгледа изборот ќе падне на GTX 1650S, која е за 40-ина % подобра од обичната 1650 (1280 cores наспроти 896). А за тоа дека ќе бидам ограничен во избор на render engine, не би рекол. Blender има и CPU и GPU поддршка за рендер, плус АМД има и свој Prorenderer така да дури и да земам RX 580, добро ќе бидам покриен. Е сега за иста цена, па дури и нешто помала, RX 580 има со 8 GB...:rolleyes:

    Најголема мистерија ми се матичниве. Многу слаба понуда за B450 чипсет во Анхоч и Сетек. Нешто повеќе понуда има во DDStore, ама не знам дали Аsrock, MSI, Asus, Gigabyte...Нексио има само Asrock. Исто не знам дали да одам со 2 слота за РАМ или со 4. Што е најбитно да гледам кај матичниве или скоро сите се исти во тој ценовен ранг (60 - 100 еур)?
     
  13. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    846
    819
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Брат без навреда, ама ти не знаеш што правиш. Си пишал конфигурација за моделирање, а не видов негде во која програма планираш да работиш.
    Вака те читам, и фрлаш пари безвезе на графичка а штедиш на процесор.
    Чисто илустративно, јас работам 3Д професионално а сеуште сум на GTX 760 2GB, па ти види сега.
    Дефинирај си која програма и кој рендер енџин знаеш/сакаш па после совети за конфигурација, вака ништо нема да добиеш овен безвезе компромиси.
     
    На AleksandarCaki, Nikola Sone, Costigan_Jr и уште 2 други им се допаѓа ова.
  14. bobipp

    bobipp
    Gaining Experience

    282
    142
    13 ноември 2009
    @FiC DoGG ај прочитај пак дали немам пишано? ;)
     
  15. Astro

    Astro
    Guru

    6,401
    8,876
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Замени го 2600х со 2700х тоа обавезно.
    РАМ нема врска дали 2 или 4 модули ќе ставиш
    Графичка картица, ти си знаеш ама многу често е overrated.

    Матични плочи навистина сите се исти, нема разлика што ќе земеш. Види само плочата да ти има доволен број USB порти за тоа што ти треба.
     
    На bobipp му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rikimaru

    Rikimaru
    On your way to fame

    786
    701
    26 Март 2016
    Даскал
    Моите два центи бидејќи и јас склопував нова конфигурација за 3д моделирање и рендерирање бидејќи работам професионално како 3д aртист во 3Ds Max примарно, но и други софтвери за моделирање, рендерирање и пост. Следниве точки се проверени и точни генерално за сите 3д моделинг софтвери (има мали разлики се разбира):

    1. Графичка треба јака со што повеќе VRAM. Зошто? Viewport-от ти ги покажува сите објекти во сцената и сите движења во сцената се препуштаат на работата на графичката. Милионско-поли сцени со 10.000+ објекти бараат повеќе VRAM за да можеш да навигираш низ нив. Употребата на модифаери, трансформации, ротации, скелувања исто така користат доста VRAM во комбинација со CPU power. Понатаму: Голем број rendering engines воведуваат GPU-based rendering. Користам VRAY најнов последно и ми вади доста добри резултати со GPU rendering.

    2. Основни моделирачки процедури користат малку јадра и тредови, што значи ти треба процесор со брзи јадра за поголемиот дел од работата, АКО го поминуваш во МОДЕЛИРАЊЕ. Големиот број јадра влегуваат во игра кога рендерираш со CPU-based renderer. Е тука, Ryzen е неспоредлив и затоа лично зедов Ryzen бидејќи често така рендам.

    3. Други операции коишто ги максимизираат јадрата и тредовите се:
    - Particle системи
    - Осветлување
    - Ригинг и анимација
    - Се покомплексно надвор од основни моделирачки акции вклучува поголем број јадра и тредови, МЕЃУТОА, голем дел од овие процедури може да се GPU accelerated во денешно време ШТО ЗНАЧИ сепак МОРА да земeш јака графичка со повеќе VRAM, бидејќи 3д светот се повеќе и повеќе го искористува потенцијалот на графичките за оваа работа. Би те советувал најстрого да земеш графичка со МИНИМУМ 8 GB VRAM пожелно нвидиа бидејќи RTX-от се искористува во rendering енџини. Верувај ќе ти треба. Без разлика луѓето што ти велат, можеби порано не беа толку потребни графичките за оваа работа, денес и те како се.

    4. Последно доаѓаме до РАМОТ. РАМОТ е важен во лимитиран број случаи. Зависно колку големи сцени обработуваш тоа повеќе РАМ ќе ти биде потребен. На пример, јас лесно сатурирав 16 гигабајти РАМ бидејќи работам со 10 милионски сцени во одредени случаи, затоа зедов 32 гига рам. Исто така, додека работиш не ти е само софтверот за 3д отворен нели? На системот му е потребен рам за Chrome, Photoshop, други софтверски апликации (SUBSTANCE SUITE-от на пример трга МНОГУ РАМ), игри додека одмораш од работа, итн. Плус, од 32 гига рам јас користам дел за RAMDISK за побрзо да ми лоадира големи сцени, да не мора да чекам да ми ги отвора.

    Да сумирам, види прво каков ти е workflow-то за да можеш да одредиш каков хардвер ти е потребен. Ако рендаш со CPU, Ryzen обавезно. АМА, и да не рендаш со CPU, би ти препорачал Ryzen бидејќи голем број операции користат повеќе јадра и тредови. GPU минимум 8GB VRAM ОБАВЕЗНО, trust me. RAM 16 гига ти се доволно сметам ако не работиш на огромни сцени и/или не ти се отворени повеќе софтвери за 3д, плус од страна програми.

    Горенаведените информации ми се соберени и проверени со искуство во оваа сфера. Поздрав и среќна работа.

    ЕДИТ: Ова со мониторот од 21 и пол инч гледам не е мајтап иако така звучи. Знам луѓето се на буџет и сето тоа, АМА, потребен ти е повеќе простор за работа, едноставно бидејќи ќе бидеш лимитиран во viewport. Тешко е моделирањето и сето друго на мал монитор. 27ка минимум. Исто така CURVED препорачувам за моделери бидејќи секој дел од екранот ќе ти биде на исто растојание од очите што значи објекти во периферија полесно се модифицираат во моменти каде прецизноста е битна бидејќи илузијата за растојанието од вертекс до вертекс на рамен екран не е исто ако двата вертекси се пред тебе или на периферијата на екранот (ова зборуваме за поголеми ultrawide монитори). Лично планирам да земам 34ка Ultrawide Curved за оваа работа.
     
    Последна промена: 17 Март 2020
    На freeman, gOJDO, mkgunner и уште 6 други им се допаѓа ова.
  17. cgfreak

    cgfreak
    Gaining Experience

    267
    270
    1 oктомври 2010
    CG Artist
    Се согласувам со кажаното за се, освен мониторите :)
    За графика затоа и советував NVIDIA, бидејќи може да ја користи во секој GPU based render engine, вклучувајќи ги и тие неколку што подржуваат AMD.
    За монитор јас би рекол дека два монитори се подобри од било кој еден во професијава, поготово моделери (референци и слично). Пре би две 24ки, него една 27мица. Ultrawide е интересна опција, ама пак, два се подобри :)
    Curved монитор за 16:9/16:10 ми нема логика, за Ultrawide задолжително.
    Како и да е, кажа човекот ограничен буџет, така да мониторите му остануваат на страна засега, за во иднина мој совет: два! :)
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rikimaru

    Rikimaru
    On your way to fame

    786
    701
    26 Март 2016
    Даскал
    Денес барем не мора да правиме компромис со два монитори. Користев и јас два, меѓутоа нешто од видот и големина како новиот Samsung со 32:9 aspect ratio и 49ка е подобро од два монитори (се разбира и поскапо).

    Samsung Odyssey Monitor - Winner Strengh | Samsung Display Solutions

    Овој монитор е VA и за креативна работа не се користи VA туку се оди на IPS, посочував само на големината и форматот на панелот.

    Денес се повеќе и повеќе монитори излегуваат со ваков ULTRA ULTRA WIDE aspect што му се наоѓа многу на 3д професионалци и други креативци. Зошто е подобро еден ваков отколку два? Тешко е да се подесат боите на двата да се ТОТАЛНО исти па и да се два ист бренд и модел. Доста е важно да имаш ист color setup на целата работна површина посебно ако работиш манипулација на слики. Еве јас POST сам си правам и сакам да знам дека рендерот ми е во ист color setup како POST-от во фотошоп на вториот монитор. Моментално сум на еден 16:9 монитор и фотошоп отворам откако ќе затворам Макс. Да бев на два монитори, ќе го влечкав максот на истиот монитор каде ми е фотошоп за да имам ист колор сетап. Немаше да можам на два монитори напоредно да ги имам двете сцени отворено бидејќи немаат тотално исти бои. Да не мора да влечкам програми од еден во друг, ваков МИНИМУМ 21:9 монитор сакам да земам. Секако на ваков монитор можеш да правиш се што сакаш како и на два и плус бенефити имаш за креативна работа.

    Втор бенефит на ЕДЕН монитор широк отколку два стандардни? Референцата при рендерирање ми треба напоредно да биде отворена со rendering engine-от за да ги подесувам материјалите. Ми треба ист color setup за да сум што попрецизен со боите, а тоа мене ми е важно.

    Пример: Во Designer генерирам материјал или во Painter нанесувам и подесувам? Референцата ми е лево секогаш, десно програмата отворена. И да имам два монитори секогаш на еден ова ќе го правам поради боите. Што значи 1 ултра широк > 2 стандарден формат за оваа работа.

    ЕДИТ: Во врска со curved муабетот, сакав да кажам АКО имаш 21:9 минимум, треба да е curved, ама ете не се доискажав.
     
    Последна промена: 17 Март 2020
    На gOJDO и Tajson им се допаѓа ова.
  19. cgfreak

    cgfreak
    Gaining Experience

    267
    270
    1 oктомври 2010
    CG Artist
    Секако IPS, за друго не станува збор. Инаку не постојат два монитори со идентични бои out of the box, точно, ама затоа постои калибрација, инаку ќе требаше цели студија на еден монитор да работат и пак џабе, ќе го пратиш таму кај што треба и пак нема да се исти боите (освен ако не го праќаш и мониторот :)). Samsung-от е супер, само што ако ти е приоритет рендер и пост продукција, во тој ценовен ранк ќе најдеш и професионален монитор направен за таа намена (да речеме нешто од Eizo, HP DreamColor, па и Dell за пониска цена со доста добар квалитет).
    Него ова е за друг мубает, да не му ја отупиме темата на човекот :)
     
    На moongose му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rikimaru

    Rikimaru
    On your way to fame

    786
    701
    26 Март 2016
    Даскал
    Ама ко ќе сакаш да гејмаш, мора уба пара да фрлиш за мониторот да го бива и за дизајн и за игри, 144hz, 1-4 ms response time, G-Sync, итн. итн. настрана од IPS, убави бои и висока резолуција и големина. Самсунгот го зедов пример само за форма и аспект ratio ништо друго. Самсунг VA не планирам да земам. Не ми се допаѓаат нивните панели воопшто. Инаку во синџирот продукциски во студиото, мене ми е важно како алка да си ја завршам мојата работа точно, па тој понатаму што ќе го земи моделот на какви сака бои нека го гледа.
     
  21. bobipp

    bobipp
    Gaining Experience

    282
    142
    13 ноември 2009
    Падна првиот шопинг :)
    Зедов SSD Samsung EVO 860 250GB од Анхоч, а порачав Ryzen 7 2700X, треба утре да стигне :rolleyes:. Напојување ќе земам be quiet! 500W таман
    ќе е според PSU калкулаторот и компонентите. РАМ изгледа ќе земам некој GSkill од Нексио (2х8). Сеуште големи дилеми околу матичната... Дали да се заштеди нешто и да се оди на Аsrock пример од 3800 ден или да за 100 еур пример MSI B450 Gaming MAX или Gigabyte Aorus Elite? Многу слаб изборов кај нас за b450 плочи :silentsry:.
     
  22. GAMEKING

    GAMEKING
    Баниран/a

    45
    31
    11 Јануари 2018
    Машко
    Според мене а и според бенч-от со Интел процесор вадиш подобри перформанси и резултати за 3д моделинг и рендерирање. Јас исто користам рајзен али рајзенов се нешто повеке као за гејминг.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  23. mancevd

    mancevd
    Intern

    4
    2
    3 Февруари 2012
    Машко
    Дефинитвно MSI B450 Gaming MAX. Во иднинана ќе можеш да направиш апгрејд на 3900х или 3950х ако планираш да се ѕанимаваш со 3Д рендерирање
     
    На bobipp и cgfreak им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...