• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Проценка Конфигурација со RTX2060 & 9700KF

Feelyo

Gaining Experience
2 април 2017
81
73
Се работи за конфигурација користена за гејминг и работа во непушачка просторија. Веќе некој месец се размислувам за апгрејд, а сеуште не сум 100% сигурен дали би ја продавал, а голем одлучувачки фактор е тоа колку би можел да ја продадам не ги пратам цениве на користени компоненти во последно време.

Користена е нешто повеќе од 2 години, откако беше тогаш купена на делови од gOJDO. Можно е да има преостаната гаранција на некои делови (рамот сум сигурен дека имаат уште доста останато, бидејќи 5 години е гаранцијата на тие - но за проценкава рачунајте како да ништо нема гаранција)

CPU: i7-9700KF
CPU Cooler: CoolerMaster MasterLiquid 240
Motherboard: Asus Prime Z390-A
RAM: HyperX Predator RGB - 4x8gb @ 3200 MHz (но никако не успеав да избегнам BSOD со сите 4 RAM плочки, се уште не знам до што е проблемот, се користи само со 2 од 4те плочки во моментов)
GPU: GeForce RTX™ 2060 WINDFORCE OC 6G (никогаш не била копана, освен за тест што траеше 5-6 саати)
PSU: Cooler Master GM Series G650M
Case: NZXT H510

Хард дисковите/NVMe драјвот/SSD-ињата би си ги задржал, но можам да додадам едно старо SSD кое не го користам - Samsung EVO од 250 GB за да не иде без ниеден драјв :)
 

goce03

Unstoppable
20 јануари 2015
1.303
2.561
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
Zotac GeForce RTX 3050
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Самата конфигурација, не е застарена, освен ако немаш некој специфични потреби (или мерак).
Доколку идеш на интел 12-генерација би имал значително подобрување, сепак дали реално имаш потреба од такво нешто ?
Во однос на графичката, исто така исто така не е застарена, ако сакаш да идеш на 3070 за да имаш осетна разлика или барем 3600TI за да имаш разлика, а тоа ќе те кошта 1.000 евра (за 3060Ti) ако можеш да ја најдеш. По мене не е исплатливо.
Сепак, во однос на тоа дали е време за upgrade, тоа зависи од твоите потреби и можности.
Ако инистираш на upgrade, јас би почекал до есен, да видиме како АМД ќе одговори на Ител со Ruzen 7xxxx, очекувам значително подбрување и во перформаси и во цена, затоа што за прв пат после долг период Интел е сериозно конкурентен. До тогаш треба да се стабилизираат цените и на графичките.
Види подоле споредба на Intel i5 12600K vs i7 9700K.

 

Feelyo

Gaining Experience
2 април 2017
81
73
Самата конфигурација, не е застарена, освен ако немаш некој специфични потреби (или мерак).
Доколку идеш на интел 12-генерација би имал значително подобрување, сепак дали реално имаш потреба од такво нешто ?
Во однос на графичката, исто така исто така не е застарена, ако сакаш да идеш на 3070 за да имаш осетна разлика или барем 3600TI за да имаш разлика, а тоа ќе те кошта 1.000 евра (за 3060Ti) ако можеш да ја најдеш. По мене не е исплатливо ...
Горе-доле се сложувам со ова што го кажуваш и веќе го имав предвид, но сепак, според мене веќе време ми е за апгрејд, а воедно и имам една понуда што не ми е толку лесно да ја одбијам, затоа и гледам колку би можел да ја продадам конфигурацијава што веќе ја имам :)
 

gOJDO

Illuminator
23 јануари 2008
10.505
16.640
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.668
Мислења
889.315
Членови
31.509
Огласи
36
Најнов член
CapeNov
На врв Дно