• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Конфигурација/систем за бекап на податоци

  • Ја почнал/а темата
  • #1

JasSum

Practice makes perfect
8 мај 2007
1,816
1,927
Треба да се состави конфигурација која ќе биде за бекапирање на податоци.
Податоците ќе се снимаат мрежно од некои компјутери од мрежата што ќе имаат пристап.
Тие треба да бидат во раид1 и треба да биде енкрипитрано.
Тие податоци на 2 недели ќе се вадат на надворешен медиум (усб / хдд / двд) што ќе поддржува енкрипција.
Старите податоци ќе треба да се бришат со secure delete.

Дајте предлог а може и понуда за конфигурацијата.
Плаќањето ќе биде на фактура.
Ќе биде потребно и: windows 10 pro, antivirus + firewall, ви-фи картичка, двд, монитор, маус и тастатура.

Доколку сте запознаени со правилата за заштита на лични податоци, предложете некоја сугестија на темата.
 

gOJDO

Illuminator
23 јануари 2008
10,217
16,740
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Да дадеше малку повеќе информации како дали хдд или ссд, колкав капацитет. Каква енкрипција ќе се користи, т.е. дали драјвовите треба да потдржуваат хардерска енкрипција и слично. Или подобро ако знаеш каква конфигурација ти треба да специфицираш па да ти понудиме :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

JasSum

Practice makes perfect
8 мај 2007
1,816
1,927
Да дадеше малку повеќе информации како дали хдд или ссд, колкав капацитет. Каква енкрипција ќе се користи, т.е. дали драјвовите треба да потдржуваат хардерска енкрипција и слично. Или подобро ако знаеш каква конфигурација ти треба да специфицираш па да ти понудиме :)
Ќе те пингав ама се јави :)
Не знам како предвидува законот за заштита на податоци.
Ако некој знае, нека посочи.

Нема да се големи фајлови, така да 500гб дискови би биле ок за ссд. Ако се хдд, може да бидат 2тб.
Која би била разлика ако поддржуваат хардверска енкрипција?
Што ќе значи ако е софтверска и што ќе биде потребно.

Конфигурација што ќе се користи само за тоа. Мислам дека и3 или соодветен АМД ќе биде сосем доволно.
8гб рам?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

JasSum

Practice makes perfect
8 мај 2007
1,816
1,927
@gOJDO не тики лајкај, туку дај предлог (цена)
 

gOJDO

Illuminator
23 јануари 2008
10,217
16,740
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Ne stignav da se informiram shto treba da ispolnuva konfiguracijata za da gi zadovoli kriteriumite, zatoa ne sum odgovoril. Da se priberam doma od ponedelnik ke se angaziram.
 

MadBuldog

Gaining Experience
22 јуни 2008
173
418
Скопје
MadBuldog's setup  
Processor & Cooler
DT R7 3700X / LT 6700HQ
Motherboard
DT Gigabyte AORUS X570 Elite / LT Alienware 17 R3 Laptop Motherboard with i7 2.6GHz Quad Core CPU - DVV6W
Storage
DT Samsung 970 EVO 500 GB, Samsung 860 QVO 1 TB / LT Kingston A100 480 GB
PSU
DT Gigabyte AORUS 850W / LT Alienware 280W
RAM
DT 32 GB G-Skill DDR4 CL16 3200 Mhz / LT 16 GB G-Skill DDR4 SO-DIMM 2400 Mhz
Video card
DT AORUS GeForce® GTX 1070Ti 8G / LT GeForce® GTX 970 3G
Case
DT NZXT H510 Elite / LT Alienware 17 R3 + Alienware Graphics Amplifier
Mouse
DT Alienware Elite Gaming Mouse AW959 / LT ROCCAT Nyth
Keyboard
DT Alienware Pro Gaming Keyboard AW768 / LT ROCCAT ISKU FX+
Audio
DT Alienware Wireless Gaming Headset AW988 / LT ASUS STRIX PRO 2.0
Monitor
DT / LT Alienware 25 Gaming Monitor AW2518HF + LG 29UM67-P 29" Ultra Wide
OS
DT/ LT Windows 10 Pro
Ако сакаш да постигнеш делумно безбеден систем за правење beck-up од други мрежни локации, тогаш мораш да одиш најмалку со AMD Ryzen 3000 (Ryzen Pro посебно али тие се наменети за OEM систем интегратори) или Intel 9000 серија на процесори. Само тие две серии во моментов ги имаат хардверските закрпи за најновите безбедносни слабости. Со AMD R3 3200G или R5 3400G би завршил работа. Доколку можеш да го најдеш HP's EliteDesk 705 G5 кај нас би завршил работа со таа конфигурација, можеш да прашаш во HP store promedia ако го немаат дали можеш да го нарачаш кај нив.

AMD Ryzen Pro 3000 series desktop CPUs will offer full RAM encryption

AMD vs. Intel: Which Processors Are More Secure? | Digital Trends

Во врска со SSD/HDD најбезболна опција ти е да користиш Samsung EVO SATA III SSD (860 EVO 500 GB / 860 QVO 1 TB), тие имаат TRIM опција со која можеш да ги енкриптираш и да им правиш secure erase секогаш кога ти треба, и сето тоа преку Samsung Magician software-от што доаѓа со нив. Можеш да ги користиш и за системски драјвови и за екстерните драјвови што ќе ротираат до безбедната локација.

How to Securely Delete Files From Your HDD or SSD in Windows

Ако не ти е доволна енкрипцијата преку Samsung софтверот, ја имаш и следната опција подолу наведена со хардверски заклучени драјвови, буквално со внесување на шифра за да се отклуча драјвот или со отисок од прст.
The 8 Best Encrypted Drives of 2019 - FabatHome

За анти вирус + FireWall би препорачал Kaspersky Internet Security, веќе имам заборавено откога плаќам лиценца за 5 компјутери што редовно ги одржавам, никогаш ми се нема случено да морам да преинсталирам Windows ради вирус, секоја конекција на УСБ или читање на Оптички диск автоматски ја проверува а и firewall-от е доста ефикасен во одбивање на малициозни упади.

Не би препорачал употреба на Wi-Fi за уред што треба да биде клучна точка во мрежата, туку само преку LAN и тоа физичко приклучување на мрежата само кога се врши бекапот на податоците.

Доколку бекапот се врши за финансиска институција (банка, штедилница, осигурителна компанија и сл.) или државна институција (јавна администрација, државна агенција), според BASEL III правилата (особено апликативни за финансиски институции) секундарната физичка локација за чување на податоците треба да биде минимум 75 км од примарната локација.
 

mihovkris

Practice makes perfect
1 јуни 2016
1,751
1,307
Неготино
mihovkris's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 3600 @ 4GHz 1.25V
Motherboard
B450M-DS3H
Storage
1TB Hitachi HDD 5400 RPM, Samsung EVO 850 250GB, Kingston A2000 NVMe 250GB
PSU
Chieftec 600W
RAM
Kingston HyperX Fury 16GB DDR4 3200MHz
Video card
Sapphire RX580 4GB GDDR5
Case
ATX Midi Tower Case SAMA Inpower Black Gold 5 v2
Mouse
A4Tech Bloody P93
Keyboard
Fury Hellfire 2
Audio
Realtek HD Audio
Monitor
24" Philips 243V7QDSB/00 IPS
OS
Windows 10 v20H2
Темата е од јули другар .. ваљда е решено до сеа :)
 

architect

Unstoppable
27 ноември 2008
2,094
2,664
Скопје
architect's setup  
Processor & Cooler
i7 9700k Coffe Lake / NZXT Kraken x62
Motherboard
ASRock Z390 Pro4
Storage
SSD Samsung M.2 970 EVO 250 GB / 850 EVO 250 GB / WD EZEX 1TB
PSU
Corsair HX750i 80 Plus Platinum
RAM
G.SKILL TRIDENT Z RGB 2x 8GB ddr4 3000 mhz
Video card
Asus Rog Strix Gaming RТX 3070 O8G 8GB DDR6
Case
NZXT H500i black/red
Mouse
Logitech G502 RGB
Keyboard
Cooler Master
Audio
Logitech x 530 / asus echelon navy
Monitor
LG 27GL850-B
OS
Windows 10 x64
грешка пост (бриши)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,984
Мислења
854,218
Членови
29,623
Најнов член
Vaporizer
На врв Дно