• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Предлог Конфигурација или сам да изградам нов PC?

  • Ја почнал/а темата
  • #1

hemicharot

Intern
29 ноември 2017
71
27
Skopje, Macedonia
хелоу, пак јас :) дојдов да прашам дали е подобро да купам конфигурација и да го додадам сегашниот рам и да го ставам сегашниот хард драјв или пак да пробам да изградам сам компјутер што мене искрено ми личи (дека немам никакво искуство со градење компјутери, и после гледање многу видеа од што се може да се случи ако не се внимава додека се гради компјутер) страшно. и сеа ова за нешто две години ќе го купам/изградам компјутеров,како апгрејд на веќе 7-годишен компјутер но сакам однапред да знам што би било подобро да направам.
 

Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,593
11,924
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Во конфигурација секогаш бутаат еден или неколку делови што не им се продаваат инаку (а не се продаваат затоа што се слаби).

Не е страшно да градиш сам, само треба:

1. Убаво да ги спариш деловите (се разбира, можеш и да прашаш овде).
2. Да го следиш упатството за матичната (по мое мислење, тоа е најважно) и полека да работиш (трипати мери, еднаш сечи), со мерки за претпазливост против статички електрицитет.
3. Нема ништо страшно ако внимаваш при (2).
4. Ако додаваш стари делови, тоа и онака е како третина работа од градење нов компјутер.
5. Можеш и да побараш помош од некој од форумот да ти го склопи, секако за одреден надомест, верувам дека ќе најдеш некој.
 

NanoCell

Gaining Experience
10 октомври 2011
355
408
Јас би те советувал да склопиш компјутер. Поставувај прашања, на темава, но исто така истражи ги другите теми. Имаше прирачник за склопување на конфигурации, кои иако мислам дека не е освежен релативно долго време, ќе ти помогне да ги разбереш основите.

5. Можеш и да побараш помош од некој од форумот да ти го склопи, секако за одреден надомест, верувам дека ќе најдеш некој.
Ако склопува со делови кои одредени ентузијасти ги немаат чепкано, може да помине и со пиво и грицки :D
 

G4M3R

On your way to fame
26 јуни 2012
662
688
Сам. Невиден мерак е, и плус доста добро искуство и знаење. Најди некој што веќе има искуство чисто да те надгледува... да не ставиш термо паста под процесор :p:D.
 

RoninMK

Gaining Experience
20 април 2016
146
133
Moже да си одбереш делови и од Нексио и таму ќе ти го склопат гратис ако го оставаш само стариот хард диск кое е најлогично решение (но нема да ти инсталираат ОС).
Што се однесува до РАМ-от нема логика да склопуваш нов компјутер а да не ставиш нов DDR4 РАМ.
 

NanoCell

Gaining Experience
10 октомври 2011
355
408
Битен фактор исто така е буџетот кој го имаш, како и намената. Ако ги дефинираш, можеме некои генерални насоки да ти дадеме. Во суштина треба да имаш буџет за добра основа :
1. напојување
2. матична
3. Процесор - во зависност од буџетот, потребите ќе дефинираш кој процесор сакаш/требаш да го земеш, а тоа исто така ќе ти даде насока за тоа која матична плоча да ја избереш
4. RAM - ќе земеш во зависност од буџетот доволно за нормално да ти вози компјутерот, а подоцна можеш да додадеш и повеќе
5. Хард диск (можеш да го искористиш стариот, ако нема лоши сектори), но исто така сите на форумот ќе ти кажат дека треба да додадеш или да планираш да додадеш ССД хард диск кој драстично ќе ги подобри перформансите (повторно во зависност од буџетот)
6. Графичка карта - во зависност од потребите за кои ќе се користи компјутерот ќе дефинираш која графичка да ја земеш. Секако тука пак се враќаме на буџетот, па доколку во моментот нема средства за графичка, можеш да имаш функционален компјутер и со интегрираната графичка (чиј модел и јачина зависи од процесорот кој ќе го земеш), а подоцна да планираш и додавање на посебна графичка.

Секако ќе ти треба и куќиште со соодветна големина и добар проток на воздух, каде што ќе ги сместиш деловите.

Во глобала тоа е тоа од основните делови, сите други работи се ситни и ценовно незначајни во однос на погоре набројаните, а дел од нив можеш и да ги искористиш од стариот компјутер (тастатура, маус, монитор, некои кабли, DVD читач - ако имаш потреба од него во денешно време, итн итн)

При планирањето гледај да склопиш конфигурација која можеби на старт ќе ти биде поскапа, но ќе ти овозможи лесно да ја надградиш во иднина. Како на пример, RAM-от да биде DDR4, солидно напојување кое е основа на компјутерот.
 

JensenInterceptor

Gaining Experience
28 ноември 2015
577
217
Скопје
tunephp.blogspot.com
JensenInterceptor's setup  
Processor & Cooler
i5-7500 Kabylake
Motherboard
Asus Prime b250m plus
Storage
1TB HDD Western Digital
PSU
Cooler Master 500 Watt
RAM
16 GB, DDR 4, 2133 MHz, Non-ECC, DIMM, CL15
Video card
GeForce GTX 1050 2B
Case
Cooler Master Elite 343
OS
Dual boot: Ubuntu 16.04, Windows 10
Јас пред година дена купив нов ПЦ од Сетек. Имаше предложени конфигурации, меѓутоа вработениот таму ми спомна и дека можам сам да си бирам делови. Така си избрав сам процесор, плоча, куќиште. Доста и вработениот таму ме водеше за некои делови. Пример, пошто зедов гејмерски компјутер, вработениот ми предложи појако напојување.
Графичка не купив на почеток. Ама затоа од после си избрав која сакам.

Куќиштето што беше во предложените конфигурации беше со големина mini ATX. Јас си избрав Cooler Master micro ATX, уште помало, дека сакам удобност и простор.

Му кажав листа на делови, и вработениот го склопи за мене, со се плоча, процесор, РАМ, маската на куќиштето со копчињата итн. Фала богу стокмив и пари за се во наведеното. Дури добив и попуст на вкупната цена, 5 посто ли беше ?

И секако одпосле си докупив уште 8 гига РАМ. Сега имам 16 гига рам ;)

Мислам дека Сетек го затворија делот каде склопуваа цели комјутери во ГТЦ. Сега изгледа го прават тоа во Сетек сервисот на Рузвелтова.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,572
Мислења
820,885
Членови
28,235
Најнов член
NikolaJovcevski
На врв Дно