1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Конфигурација до 30,000 за адобе пакет

Дискусија во форумот 'Конфигурации' започната од Anet88, 19 ноември 2017.

  1. Anet88

    Anet88
    Intern

    9
    2
    14 Март 2016
    Женско
    Ми треба ваша помош при избор на конфигурација највеќе за користење на Photoshop и Illustrator. Со тоа што ќе биде компјутерот скоро цело време уклучен значи ќе треба добро ладење, напојување :) а нормално и се друго да биде добро за да трае подолго време.
     
    Последна промена: 19 ноември 2017
  2. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,759
    1,250
    17 Август 2014
    Машко
    [​IMG]

    За тие пари и според лагерот вака нешто


    Едит: сум забораил хард а и ссд обавезно...


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
    Последна промена: 19 ноември 2017
  3. xenon

    xenon
    Guru

    3,803
    9,511
    15 Јануари 2011
    Машко
    Подобар баланс не наоѓаш. Новиот I3 е 4 јадрен и е еквивалент на постарите 7*** серија I5, графичка би ставил можеби подобра некоја т.е. 1050 наместо оваа за плус 50Е, друго не би менувал. Со повикај пријател оваа цена ќе биде -5 до -10% за плаќање во готово односно точно 30000 ден. Напојувањето што доаѓа со ова куќиште е повеќе од доволно да ти брка работа и не ти треба екстра, ова не троши ни 100W во пакет како конфигурација. Би идел и со 2 х 8гб наместо 2 х 4гб кога се работи за адобе. Односно да би имал идеална конфигурација во однос цена перформанси, пробај буџетот барем до кај 36-38000 ден донеси го за да добиеш 16 наместо 8гб рам и 1050 наместо 1030 графичка.

    [​IMG]
     
    На Necromancer, olikomerc, Трајче Дрварчето и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,603
    4,517
    23 Јуни 2015
    Машко
    Топ предлог од @xenon само почекај за "H" плочите да излезат...нормално ако не ти се брза. Само би сменил 2ТБ Тошиба пошто цената му е 3855 денари, таман да се пребие со матичната.
     
  5. Anet88

    Anet88
    Intern

    9
    2
    14 Март 2016
    Женско
    Некаде прочитав дека и овој процесор е добар i3-8100, што е разликата од i5 искрено не се разбирам како идат и затоа ми треба очајно помош :) јас кажав до 30.000, но не значи дека не може да се прекорачи таа сума ако треба да се земе квалитетно и долготрајно. Работата е што ми рикна лаптопот после 4 и пол години констатно малтретирање и се одлучив да се земам десктоп компјутер што значи сакам да биде издржлив, брз, да можам два програма во исто време да уклучам без сецкање, да не грее многу и бучи.
     
  6. xenon

    xenon
    Guru

    3,803
    9,511
    15 Јануари 2011
    Машко
    Ќе се изначека, тек наредната година мислам ќе добиеме.

    Овој процесор е топ, заради фактот што амд излезе со рајзен платформа, интел мораше да направи рокада во палетата, сега новите 8*** i3 се еднакво моќни како старите i5, новите I5 се како старите i7, новите i7 веќе се со 6 јадра наместо 4...

    Оваа плоча (Z серија) поддржува и оверклокување, но не со овој процесор, што значи во иднина можеш да направиш замена плус доплата до i7-8700 со 6 јадра или да го продадеш и докупиш подобриот процесор. Лесно ќе се продаваат и половни сите процесори од 8-ма генерација затоа што се многујадрени.

    Тоа е тоа, останувам на мојот предлог :)

     
    На SiPy` му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,759
    1,250
    17 Август 2014
    Машко
    Земи тоа што ти вика хенон додај 100 евра плус


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  8. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,603
    4,517
    23 Јуни 2015
    Машко
    @xenon Се слагам, новите генерации на Intel се каде каде подобри од претходните...Меѓутоа мислам дека Ryzen 5 1400 + AX370 е подобар избор за Адобе. Плочата може да ја користи и за наредните генерации на Ryzen.

    ЕДИТ: Ова збориме за моменталната понуда на пазарот. Кога би излегле H плочите и3ката ќе е на прво место.
     
    На Ron0n му/ѝ се допаѓа ова.
  9. xenon

    xenon
    Guru

    3,803
    9,511
    15 Јануари 2011
    Машко
    Не сум склопувал AMD платформа од времето на socket 939 (Opteron, [email protected]) - односно пред Intel да направи бум со CoreDuo, така да не можам да препорачам нешто од хартија. Со интел, посебно и3јкава нема грешка, да бидеме реални девојчево да имаше потреба од нешто повеќе ќе знаеше, i3 е сигурен избор во случајов.


     
  10. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,603
    4,517
    23 Јуни 2015
    Машко
    Ок, отиде на сигурен избор. Па можда и јас претерав...препорачав плоча за клокање. Meh...како и да е нема да згреши.
     
  11. incontempt

    incontempt
    Gaining Experience

    209
    198
    24 Февруари 2016
    Машко
    Подобар процесор може со послаба графичка да се измени, мада и вака мислам дека ќе е топ за работа, понатака уште ссд и уште 8гб рам. 23513366_10154284814137465_1383306764_n.png
     
    На goce03 и Ron0n им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...