Конференциска врска

Дискусија во форумот 'VoIP' започната од Ivicakmk, 20 Јануари 2017.

  1. Ivicakmk

    Ivicakmk
    Intern

    38
    4
    20 Јуни 2008
    Машко
    Здраво.
    Моментално сум во ваква ситуација: Сестра ми не живее повеќе во МК, а мајка ми не се разбира во телефони и нема интернет.
    Дали има некаква можност да направам конференциска врска помеѓу сестра ми (која има пристап до интернет и преку мобилен и компјутер) и мајка ми. Барав по нетов ама не најдов такво нешто. Малку ми е чудно да нема таква апликација со оглед на тоа што сепак се се одвива на телефон (и Viper повици, а и обичните).
    Моментално сум на One (уште се немам префрлено на Vip поради бенефициите од пакетот) и имам неограничени минути кон сите. Во Vip ми рекоа дека комуникаторот неможе да се вклучи за нови корисници, иако сум спремен да направам upgrade на пакетот само за таа опција.

    Мислења?

    P.S. Ако постов е во несоодветна тема слободно преместете го.
     
  2. stefan_mkd

    stefan_mkd
    Gaining Experience

    310
    159
    18 Март 2015
    Машко
    А да и купиш на мајка ти најобичен смартфон и бројче со нет? За 10е макс завршуваш работа за стално. Башка сигурно веќе има мобилен.

    П.С. Стара е, знае да користи не е изговор. Еве ја баба ми на 70 ги владее сите стикери на вибер подобро од мене
     
  3. bxxxn

    bxxxn
    On your way to fame

    630
    731
    11 Март 2011
    Податокот пренесен преку телефон е многу скап, за разлика од податок преку интернет, ќе образложам.

    Вистинските сервиси за телеконференција обично се (за)купуваат од фирми за корпорациски потреби, пример Cisco WebEx, IBM teleconferencing ... можно е да имаат и некакви trial или light опции, но не сум запознаен. На истите платформи, откако ќе се закупат сервиси, се доделуваат администраторски акаунти. Администратотите креираат телеконференциска сесија на која можат да се вклучат одреден број на корисници, било со вртење на одреден број па внесување код или со аудио од компјутер. Броевите на кои се врти не се во Македонија, т.е. има и toll free и toll броеви но не локални. Поентата е дека ќе чини многу.

    Друга солуција е да обезбедиш некаков интернет за мајка ти и да направиш телеконференција преку скајп за без пари.
     
    Последна промена: 20 Јануари 2017
    На Psycore и dimsa им се допаѓа ова.
  4. dimsa

    dimsa
    Gaining Experience

    230
    257
    9 Јануари 2015
    +1 за муабетот на @bxxxn
    Јас слично сценарио решив со играње со Asterisk + SPA400 адаптер ама тоа е комплицирање во ситуацијава. Наједноставно е телефонче со скајп, вибер и 2-3 саати нерви за демонстрација. Ваљда може и од комшија некој интернет да земе колку да врти телефончето.
     
    Psycore, Oktar и на bxxxn им се допаѓа ова.
  5. Ivicakmk

    Ivicakmk
    Intern

    38
    4
    20 Јуни 2008
    Машко
    Ја размислував и таа опција (за купување smartphone + пакет со интернет), меѓутоа ми е тешко изводлива, што заради „корисникот“, што заради drawbacks (цена, побрзо трошење на батерија итн итн).
    Јасно ми е дека има секакви сервиси за Voip, меѓутоа сеуште не ми е јасно зошто е толку комплицирано да ги споиш VOIP со PSTN. Правиш повик на Viber, правиш регуларен повик до друг телефон и зошто неможат двајцатa меѓу себе да си зборуваат? Верувам дека не сум единствениот кој се запрашал ова.
     
    Последна промена: 20 Јануари 2017
  6. bxxxn

    bxxxn
    On your way to fame

    630
    731
    11 Март 2011
    Затоа што технологијата се развива во следниот правец

    фиксна телефонија > мобилна телефонија > интернет телефонија

    и со секоја нова технологија, старата станува помалку интересна за развој се додека не се напушти. Од друга страна бараш нешто поефтино за мала таргет група, а компаниите го бараат обратното, т.е. поскапо за повеќе.

    Дури и скајп што го спомнавме, најмногу опции нуди со skype for business, кој се плаќа.

    Искрено не гледам каде е леснотијата и уштедата која ја замислуваш иницијално, т.е. со твојот предлог или мајка ти или сестра ти би вртеле на некој број за телеконференција кој ќе е во странство и некоја или двете ќе плаќаат за меѓународен повик. Најефтина комуникација која ми паѓа на ум е сестра ти да купи Skype Out или Viber Out кредит и да врти по некоја попристојна цена на фиксен телефон во МК. Квалитетот на ваквиот сигнал е многу добар/одличен.
     
  7. Ivicakmk

    Ivicakmk
    Intern

    38
    4
    20 Јуни 2008
    Машко
    Заштедата е во тоа што јас би ги барал (едната на регуларна линија затоа што имам неограничени разговори во МК, а другата на Viber/Skype преку Wi-Fi). Така практично има 0 трошок. Засега така и комуницираат со некој Voip ама сепак цените не се ефтини (8 денари кон фиксен и 13 денари кон мобилен).
     
  8. Krkac

    Krkac
    Gaining Experience

    105
    79
    29 Февруари 2008
    Незнам во која земја живее сестра ти, ама најдобро е да провериш на сајтот на lycamobile колку ќе чини минута разговор преку нивната мрежа.
    Еве на пример колку плаќаат моите кога зборат со роднини во Австралија:
    [​IMG]
     
  9. Ivicakmk

    Ivicakmk
    Intern

    38
    4
    20 Јуни 2008
    Машко
    Ја нема Кипар во листата.
     

Сподели