• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Конференција „Визија“ на „Мајкрософт“ по шести пат

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Новите технологии и нивните успешни имплементации на локално ниво ќе бидат во фокусот на вниманието на шестата конференција на Мајкрософт „Визија“, што почна денеска во Скопје.
На учесниците на конференцијата во име на Владата им се обрати министерот за информатичко општество Иво Ивановски кој укажа на придобивките од користењето на најновите технолошки достигнувања и нивното влијание на развојот на економијата.

- Стануваме економија во себеси, широка мрежа на специјализрани проиводители кои разменуваат услуги за забава, егзистенција и образование. Нова економска демократија е на подем во која сите имаме голема улога, а особено професионалците од полето на информатичките технологии. Таа економија е викиномија, истакна министерот Ивановски.

Тој соопшти дека Владата донела одлука за формирање Национален совет за информатичко општество, што ќе се конституира од претставници од образованието, бизнисот и државните институции. Советот ќе биде на волонтерска основа, а ќе има цел да го следи развојот на информатичкото општество во Македонија и да дава предлози до Владата за побрз развој на економијата.

На Македонија, смета министерот Ивановски, и недостасува стратегија за бројот на студенти што треба да излезат од информатичко комуникациската технологија, со цел да се задоволат потребите на приватниот сектор, без тој да се презасити.

Одговарајќи на новинарско прашање министерот за информатичко општество рече дека Владата се уште разгледува дали да го продолжи договорот со „Мајкрософт“, што го потпиша претходната Влада.

- Договорот меѓу „Мајкрософт“ и Владата завршува на крајот на оваа година, а и двете страни коректно го почитуваат. Имаме направено неколку проекти и во фаза се уште некои за до крајот на оваа година, рече Ивановски.

Според него, тој договор бил направен заради набавка на лиценци бидејќи во изминатиот период за државните институции не се набавуваат доволно лиценци во споредба со потребата што ја имаат тие.

- Засега бројот на лиценците е доволен и сите нови компјутери што ги набавуваме, ги набавуваме со лиценца. Не сакаме во ниту еден момент јавните институции да имаат пиратски софтвери, нагласи Ивановски.

Главниот извршен директор на „Македонски телеком“ Николаи Бекер на конференцијата најави инвестиции во проект за оптички пристап во секој дом, кој е во тест фаза.

- Во наредните неколку години „Македонски телеком“ ќе инвестира значителна сума пари од неколку десетици милиони евра во овој нов проект. Со овој производ Македонија ќе биде заедно со земјите предводници и ќе биде на повисоко ниво од Германија. Ќе има 50 милиони мегабајти пропусен опсег, а ќе значи и создавање нови можности за вработување во земјата, најави Бекер.

Извор: Министерство за информатичко општество
 

ac1d

Intern
24 септември 2008
410
14
Bev na ova i mozam da kazam deka nev prilicno zadovolen odlicno bese napraveno imase nekolku utnati predavaci no poveketo bea ekstra!!! Imase prilicno mn temi za Virtualizacija i .NET toa bese nesto kako glavna tema :) Isto taka SEMOS drzea predavanje za nacinite na dodeluvanje na nivnite sertifikati. Vo glavno mi se svigase i ke odam i slednata godina toa e sigurno :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,646
Мислења
829,596
Членови
28,651
Најнов член
Mr.Fiki
На врв Дно