1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Конечно ТВ на мобилен и во Македонија

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од Македонија' започната од Commie, 18 Август 2009.

  1. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,717
    218
    27 oктомври 2007
    Машко
    Гледање на телевизиски програми во живо преку мобилен телефон е најновата услуга која мобилниот оператор Космофон ја воведе на македонскиот телекомуникациски пазар. Сашко Србаков, менаџер за продукти и решенија во Космофон појаснува дека во почеток корисниците на Ливе ТВ услугата ќе можат во реално време на дисплејот на својот мобилен телефон кој ја поддржува 3-Г технологијата да ги следат програмите на телевизиите Сител, А1, Канал 5 и ЕРА, а листата ќе се проширува во наредниот период.
    -За да ја користат оваа услуга, корисниците треба да го посетат нашиот новоотворен мобилен портал wap.planet.com.mk и да ја изберат опцијата Ливе ТВ и телевизискиот канал кој сакаат да го гледаат - вели Србаков.
    Преку порталот, корисниците можат да пристапат со други корисни линкови: Гоогле пребарувач, Гмаил, Фацебоок, Ѕахоо маил и Ливе сцорес.
    -Со 3-Г сигнал се покриени речиси сите градови во земјава или околу 90 проценти од населението. И на останатите места каде е покриеноста е со сигнал на ЕДГЕ и ГПРС корисниците можат да ги гледаат ТВ каналите - истанува Србаков.
    Од Космофон велат дека оваа услуга е достапна за тарифни модели Го нет со месечна претплата од 342,2 денари со вклучен 1 гигабајт бесплатен интернет и 0,71 денар за секој искористен мегабајт. За месечна претплата од 578,2 денари може бесплатно да се користат 4 гигабајти и 0,47 денари за секој мегабајт, додека за претплата од 1.050,2 денари се добиваат бесплатни 8 гигабајти интернет и 0,24 денари за секој искористен мегабајт.

    Извор: вечер
     
  2. daci92

    daci92
    Gaining Experience

    2,120
    162
    4 Февруари 2009
    Машко
    Студент
    ajde napreduvame:bravo: ,ajde uste nekoj mobilen operator da vleze kaj nas i ke gi imame istite uslugi so site evropski drzavi :p
     
  3. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,388
    3,101
    4 Септември 2008
    Кинезите оддамна ја измислиле топлата вода.
    Купуваш за 7.000 денари телефон, ја влечеш антената од него и имаш телевизија за без пари. Ем поддршка за 3 сим картички, ем телевизија, ем радио, ем touch screen, 4 во 1.
     
  4. /BRAINIAC\

    /BRAINIAC\
    Баниран/a

    447
    7
    12 Август 2009
    Се изнасмеав баба ми кога рече како ќе се гледало телевизија на зелен екран.

    Како што разбрав од што кажаја на телевизија едно 100 пати, 30 денари за половина час гледање телевизија, а и не е скапо, ама мене нема да ми треба во блиска иднина.
     
  5. Vavo

    Vavo
    Intern

    270
    15
    20 oктомври 2007
    Машко
    Абе кој ќе си вади очи да гледа телевизија на мобилен...па ТВ па ќе гледа. Ама ај
     
  6. Ste

    Ste
    Intern

    63
    3
    3 Август 2009
    Крајно непрактична услуга, јас и така не гледам ТВ па уште на мобилен :ermm:
     
  7. angel485mk

    angel485mk
    Gaining Experience

    267
    60
    26 Март 2008
    Машко
    Нема никогаш да ја користам оваа услуа,барем за мене си кажувам.
     
  8. Fico

    Fico
    Intern

    251
    14
    9 Март 2008
    Ај да има нешто интересно по програмиве па да кажеш да се гледа ТВ...Кај не гледам ТВ воопшто, па уште да глеам на мобилен.
    Непотребна опција според мене, но ајде, нека се случува нешто, да не биде ептен тапкање у место.
     
  9. Ste

    Ste
    Intern

    63
    3
    3 Август 2009
    Според маркетингот викаат он нет и космофон совршен пар, но јас би рекол чуден пар, бидејќи се чудни(некорисни) пакети и понуди излегуваат, да се надеваме дека од вај максот ќе направат нешто корисно
     
  10. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,717
    218
    27 oктомври 2007
    Машко
    Дечки за нас и за некој друг можеби нема потреба... Но да речеме некој има потреба секој ден да гледа вести а не е дома ова му е одлична можност да може да си гледа нешто што го следи редовно кога не е дома.
     
  11. Ste

    Ste
    Intern

    63
    3
    3 Август 2009
    Мислам дека тој што има потреба од такви информации веќе има нет на мобилниот и знае како да ги искористи можностите за да стигне до потребните информации + кои се термините за вести, а кои се термините за интернет вести.
     
  12. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,717
    218
    27 oктомври 2007
    Машко
    Оф топик ама ајде...
    Еве јас на пример неќам да читам и да буљам у тие мали букви... сакам да слушнам со звук и слика.
     
  13. Master4e

    Master4e
    Intern

    242
    9
    11 Мај 2007
    Супер и браво за космофон. Ова ке им биде од корист на многу луге иако некои тука го проценуваат како непотребна работа најверојатно бидејки во моментот сеуште немаат потреба или сеуште користат мобилен со 2/3 инчен екран.
     

Сподели

Вчитување...