• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

КОНЕЧНО! Нексио се онлајн $10 000 за апликација

Ок,Ок насловот е делумно кликбејт, не се 10 000 долари, 20 000 се :)

Барав да си купам тастатура (сеа можда ќе ја добијам гратис hint читај до крај) од нексио и листам низ тоа екселот и се напнав, па решив да направам нешто што ќе ни биде од корист на сите нас.
Изминатиот период имам многу обврски повразни околу лансирањето на ит.мк v6 па решив да се одморам од програмирање, а како на друг начин него со програмирање секако.

Критиките упатени кон нексио поради тоа што во 2021 сеуште цени гледаме у ексел документ, немаат свој сајт и слично се веќе минато, ви ја претставувам нексио апликацијата во која ќе можате на полесен начин да дојдете до пребаруваните прозиводи.

Да напоменам дека апликацијата не е поддржана од нексио и не е комерцијален проект на нексио компјутери.
Сите податоци кои се користат во апликацијата се јавно достапни (читај ексел ценовник) и јас како девелопер не сносувам никаква одговорност нит за печатни грешки нит за веродостојност на истите.

Апликацијата моментално е достапна само за android јебига немам appstore акаунт. Но ако има доброволец што ќе сака да ја причаки може да го стори тоа слободно, кодот е отврен и е целосно прикачен на github исто така можете да бидете контрибутори.

Процес на работа

Апликацијата е пишувана во flutter и е направена да работи на двете платформи (andorid & ios) со што треба мали доработки за ios верзијата.
Кодот е целосно отворен и истиот можете да го најдете тука .

Апликацијата можете да ја превземете
128x128.png
Како база во која се зачувани податоците користена е RealTime Firebase Database, декека пак влезните податоци се зачувуваат локално во вашиот уред користејќи hive package.
UI-то е custom, сликите во позадина (во products страната) се од unsplash.com и се генерираат рандом за подбро корисничко искуство.

Кога ќе се обновува базата ќе добивате нотификација дека најновиот ценовник е додаден. Како ќе добивам новиот ценовик така ќе го ажурирам.

Ако покажете респект и ви биде корисна апликацијата ќе и правам и апдејти со подобрувања.

Пакети кои се користат:
Код:
  google_fonts: ^2.1.0
  hive_flutter: ^1.1.0
  path_provider: ^2.0.8
  cupertino_icons: ^1.0.2
  http: ^0.13.4
  firebase_database: ^8.2.0
  firebase_core: ^1.10.1
  firebase_messaging: ^11.2.0


Се надевам дека ќе дојде до сопственикот на Нексио ова и во знак на захвалност ќе сака да ми поклони една Ducky One 2 Mini RGB (Cherry MX Silent Red) тастатура :)

Ви благодарам за одвоеното време.
Прифаќам само позитивни критики преточени во убави зборови(како мајка за своето чедо) и материјални добра :)
 
Последна промена:

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,933
15,279
Ми фали селектирање на текст односно copy paste односно web search

Секоја чест за трудот!
 

Dead Brain

Gaining Experience
19 февруари 2018
73
80
Сериозно незнам зашо не земат wordpress + electronic store тема и напраат продавница кај што можеш убаво да го видиш продуктот што го продаваат. Прелесно е за било кој да може да ја одржава страната и да апдејтира продукти или чекаат $100к специјална страна за нив...(и wordpress е подобро од само лого) Едноставно немора да имаат наплата онлајн нека ги прават нарачките преку messenger или преку број али страна нека имаат да може секој да види што имаат на залиха во секој момент.
Зар не им стана до сега јасно дека губат корисници со тоа нивниот ексел како да е 2000та а не 2022.

1640949797764.png
 

Nikola100

Домаќин
30 септември 2019
1,162
1,050
Скопје
Сериозно незнам зашо не земат wordpress + electronic store тема и напраат продавница кај што можеш убаво да го видиш продуктот што го продаваат. Прелесно е за било кој да може да ја одржава страната и да апдејтира продукти или чекаат $100к специјална страна за нив...(и wordpress е подобро од само лого) Едноставно немора да имаат наплата онлајн нека ги прават нарачките преку messenger или преку број али страна нека имаат да може секој да види што имаат на залиха во секој момент.
Зар не им стана до сега јасно дека губат корисници со тоа нивниот ексел како да е 2000та а не 2022.

Погледнете го атачментот 108015
Абе ние тука на форумов се чудиме и дробиме 5-6 ГОДИНИ околу сајт за Нексио. Сто пати е спомнато ова ти што предложи. Човекот без пари со сила им направи :ROFLMAO:

Нексио - ценовник

читај овде
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,546
29,603
kalco.ru
Тастатурата е подигната. Заслужуваат да бидат фалени нексио пример да биде како треба да биде односот со корисниците.
Сетек и Анхоч можете да го следите примерот.
20220112_165732-01.jpeg
 

petkotrajko

Gaining Experience
16 јуни 2017
268
228
Тастатурата е подигната. Заслужуваат да бидат фалени нексио пример да биде како треба да биде односот со корисниците.
Сетек и Анхоч можете да го следите примерот.
Погледнете го атачментот 108440
Со зравје да си ја трошиш.
Долго да те служи.

Испратено од телефоно.
 

ekonomist

On your way to fame
17 јуни 2008
1,130
561
Тастатурата е подигната. Заслужуваат да бидат фалени нексио пример да биде како треба да биде односот со корисниците.
Сетек и Анхоч можете да го следите примерот.
Погледнете го атачментот 108440
Кој пример, да ги избришат web страните и да се префрлат на Ексел?

Sent from my Poco X3 using Tapatalk
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,546
29,603
kalco.ru
Кој пример, да ги избришат web страните и да се префрлат на Ексел?
Знаеш не ти е лоша идеата, па ќе им напраам апликација и ќе видиме колку се дарежливи :)
Го подмитија со тастатура и одма ги фали
Инвестираат во добар маркетинг :)
Се шегувај и јас, позитивно мислење имав за нив и претходно, како и повеќето овде
 

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,452
1,576
Честито одлична тастатура. Ако им ја направиш и веб страната како што спомна, треба вака да ти реновираат дома :)

alternative-surfaces-portland-photoluminescent-2+%281%29.jpg
 
6 февруари 2019
1
2
Тастатурата е подигната. Заслужуваат да бидат фалени нексио пример да биде како треба да биде односот со корисниците.
Сетек и Анхоч можете да го следите примерот.
Погледнете го атачментот 108440
Со здравје да си ја користиш!

Само да напоменам дека со Ducky од Нексио имав доста лошо искуство. После 2 месеца, почна да ми кликаат одредени копчиња по 2, 3 или повеќе пати, ја однесов во Нексио за сервис, чекав непотребно долго и добив сосема нова, ист модел Ducky. ТОП!

После неколку месеца, истиот проблем, ја вратив тастатурата, чекав околу 30 дена да ја проверат (откога се јавив повеќе пати) за да земам друга или да си ги земам парите назад. Фер беа Нексио, се согласија да ми ги вратат парите, само не знам зошто мораше да се влечка работата и да останам толку време без асална тастатура.

Дали јас неам среќа па две Ducky по ред да ми се заебат или не знам што, али ете, одлично искуство имав..
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,187
Мислења
879,743
Членови
30,814
Најнов член
SandraNikola
На врв Дно